Грчеви,неспиење..уф да можам се ова да преспијам и да се разбудам за два месеци.Шилци ми фати вратот од лулање во раце.Само молам бога здрава да биде др ке помине се.за умор и расфрланост низ дома да не зборувам.Ете и сеа во раце ми заспа плачејки.
Леле како јас да сум го пишувала ова, ама кај нас се случува последниве две недели па и три. Дали и кај вас е така сега само или и од порано? Се некако се тешам дека е период ама ако не е , тешко нас.
не знам колкави ви се бебинјата,ама нема да ве утешам ....син ми преспиваше само ако го држиш во раце до 7 месеци...со саати го држев само да биде одморен....потоа почна да врзува во креветче по 1 цас сон двапати дневно а ноке уште се буди...година прави за некој ден....исцрпеност максимум..
во поголема или помала мера ама изгледа да. и со првото го имав истиот проблем ама пократко траеше. мислам дека им фали сигурност некоја ,топлина па затоа се будат ... блазе на мајките кои имаат спанковци.
Ние сме имале такви 'неспијачки' периоди ама траеле до недела дена и се враќала по старо. Значи до 4.5 месеци беше бебе за пример, лепота, мирно си лежеше, си спиеше по цела ноќ па смени , почесто се будеше ама пак се среди и еве сега ова. Значи не било така откако е родена. Како и да е, затоа сме мајки, да си ги чуваме какви и да се...ќе порастат па ќе спиеме.
Леле морам и јас да ви се придружам. Ние барем навечер спиевме и се будевме само два пати за цицање. Сега спиеме навечер ама се будиме на секој саат и продолжуваме да спиеме само со цицање и ништо друго. Се тресе ако не добие цице. А за преку ден да не зборувам...од 5-25минути максимум спиење (25 минути чиста реткост). За дома, со оглед на тоа дека 24/7 сум сама со синко...можете да замислите како ми е. Сите работи почнати-недовршени Спојлер Си се пожаливме сите
Од старт мислам немавме до толку проблем со спиењето. Или сум заборавила, ама се поднесуваше некако. Ете веќе 3 месеци наназад (а стара е 5 месеци) се измачуаме со спиењето. И цело време е кенкава, нервозна, се не и е погодено. Никој не може со неа да се справи освен јас. Ама и моите нерви попуштаат изгледа па сакам да се испразнам овде. Не е гладна, грчевите ги надминавме, супер напредување...ама спиење?!? ЈОК Мислам никако цврсто да заспие, се е во полусон...ако верувате дури и очите често и се полузатворени и веднаш реагира ако нешто мрдне.
снегулке ке почне да спие издржи уште малку.исто бевме пишав погоре.сега преспива два пати по саатипол -два.ке почне да се заморува кога ке го ставаш во дубаче или џампер и ке спие.плус сега само дремнува,ке му мине криза и толку после 6 месеци ке му ставиш ред на денското спиенје а и самото бебе ке ти покаже -да се знае колку пати се преспива денски.пример ние спиеме еднаш во 11и 30 и во 16 30и навечер во 22 си легнува.додуша нокното спиенје уште не ни е скроз регулирано ама се подобрува. неспиенјето нема врска со доенјето -да не се лажете.моето не цица два месеци па пак се буди.
Леле а јас се жалам оти моево преспива 3 пати во денот ама САМО по 1 саат ретко саат ипол Значи имало и далеку по бетер. Јас неможам куќава да ја одржувам баш како треба од шо немам време, можам да замислам како ви е вас.
ист случај сме и ние исто со спиењето само штокај нас не е само фаза од самиот почеток од првиот ден така ми прави.дневно само два пати спие по 15 минути и тоа цел час да се лулка во раце не и е веќе од првиот месец не му е интерсно со ќебенце и со лулка веќе. и јас сум целата потрошена веќе сама живеам дона ми е катастрофа не можам никако да седим и да пеглам маж ми сам пегла а за чистење да не збориме никогаш вака. се чудам како е можно бебето да не дреме ич да има несоница и тоа само во раце да го држим кога е буден и д. се шетаме во собата. до кога ќе трае не знам ама јас се молам само да имам сила здравје и нерви зашто сите веќе ми се при крај. поздрав
Охх Дај Боже да е така, се надевам дека ќе ставиме некаков ред на спиењето преку ден. Туку среќна сум што навечер да речеме спие , имаше период кога и навечер нејќаше во креветче, само во раце сакаше да ми нанка. Ама јас инат голем ја презаспивав по 100 пати во вечерта и ја ставав во креветчето. И ете ја сега таму спие, се буди 3-4 пати во ноќта, цица и пак ја враќам во креветчето. Не знам како да ги ,,средиме,, дневните спиења. Дали сами по себе ќе се средат или јас треба да преземам нешто (ама штооо? )
За држењето во раце сакав да искоментирам. slimy пробај со песнички да го занимаваш, зборувај му, испуштај некакви крици, било што само да му биде забавно за да полежува по малце. И мојата сака повеќ во раце и кога одиме на гости или ни идат ја држат во раце. Ама јас цел ден сама ја гледам и не можам така па затоа наоѓам начини да ја легнувам по малце. Пеам цел ден , пуштам гласно музика на телевизија, или цртан бидејќи шарени сликички има па се загледува (цртан на 5 месечно бебе ејјјј ), буквално се глупирам цел ден само да не се држиме во раце оти и онака е тешка па грбот ми го кине. Воглавном успеваме, ама кога се заспиваме со саати со нишкаме во раце и пак ненаспиена е. Ете баш сега гледаше некаков цртан на Сител, се смее, си бучи нешто... А јас се кријам позади неа и седам на лаптопот, страв ми е пред очи да и излезам оти веднаш ќе плаче да ја земам во раце. Замислете се кријам, абе лудница сме дома
Пуштете им ги овие две песнички кај нас ова највеќе пали. 3-4 пати пуштете им ги и ете 15-20 мин мирни сме. http://www.youtube.com/watch?v=5mfOX9wcbww и оваа http://www.youtube.com/watch?v=FDBqs7GOY_w Инаку сакам да ве прашам дали на малку поголемите бебушки им ставате ракавици за по дома? Ќерка ми има 4 месеци и сака да фаќа работи ( салфетка, некое плишано мало играче, цуцлата итн..) но рацете пак и се студени. Плус сака да си ги става во уста и цица Не знам што да правам. Некој ваш совет околу ова.
Ракавици не треба да се стават само во слуцај кај многу мали беиња ако се гребат, на бебето се познава по носот и вреатот ако му е ладно а не по рацете, се резбира дека се треба да фаќа, секаков материја, и облик, тоа треба да го запознае светот
И јас пукнав веќе ,незнам што да правам... Ова ми е второ лето со "бубу"како не спие навечер... Јас си легнувам во 1 навечер(со тоа што до 23 ми е раб време и дома сум во 00 дури јадам,се туширам толку е времето) И...бубу настапува во 02-03 часот и до 5:30 не спие потоа некако со маки запиваме и до 7:30 И спиење нема!!! Не знам до кога и како ама јас сум нервно болна и се мислам да барам стручна помош Ова трае една година Не сум наспана,расположена и ретко устепав (еднаш во месецот )да поспијам 1саат - 2 повеќе и одма сум друг човек... Жени мили се тешам кога ќе ги извади сите заби дека ќе спиеме конечно како "бебе"
Мамички пуштајте бели ѕвуци од фен порано ние по цели ноќи спиевме вака 10 часа е. Можеби ќе помогне https://www.youtube.com/watch?v=eJT8xuI_5PY