Не си играј со бебе мало носи го на болница да не има шлајм и да му слезе на плуќа, можеби ке треба и некоја терапија да прима.
Сакам да ве прашам по колку вкупно саати ви спијат бебињата навечер(со или без будење вкупно) и на која возраст Навистина ли се продолжува ноќното спиење по 3тиот месец
Моето спиеше по 12ч по 4 скок и тогаш мислам се поклопи со регресијата спие 10:30-11:30 часа ама најчесто е 10.5 часа и преку ден околу 4.5 часа вкупно сите дремки има 3-4 дремки сега е 4+++
Од почеток спиеше од 18h до 6h наутро, воспоставивме ред со бањање па спиење и така си затера, само што сега не се бањаме секој ден. Сега (на 5++) заспива во 19h, 20h, нема строго определено, но повторно до 6h, со будење за да цица на секои 2h.
Овој за бебиња е?како не го видов јас бекутан му го давав од анасон Како мириса? Обично жолта и како на кисело мирисаат каките така?
Па ми рекоа дека е и за бебиња Дека бекутанот е ептен со шеќери А за каката ептен на кисело му мириса и плус потечна му е малце за разлика до сеа каква му беше па незнам дали е во ред инаку жолта му е
Таква му беше дури давав и јас од чајчето Кисел мирис и жолта боја е ок па и потечна Ако е пролив ќе има одреден број на каки во денот. Се дури е жолта не е загрижувачки
Не постои правило кога се почнува со дохрана за доени деца и деца на ад. Препораките на СЗО се помеѓу 4-6 месец за сите деца. Дали ќе се почне на 4 или 6 ќе каже педијатар зависно од развојот на детето. Може да не напредува добро или да напредува одлично и млекото да не му е доволно. Повеќето бебиња на 6 се спремни. Не брзајте. Јас не знам како би ранеле бебе од 4 месеци? Легнато?? Моево за некој ден ќе биде 4, се исправа, се врти, ама не седи. Сзо вика дека и тоа е предуслов за почеток.
Секако затоа викам треба да дава знаци дека сака и може да јаде Нели не треба да седи туку се става на тој агол од 45Ст и се даваат вкусови а не цел оброк? Ако јас со Ад го оставам до 6м ќе дојде до 2л млеко да треба да пие не го најадува. Со доење е друго
Кој јаде легнат? Прочитај што вика СЗО. Пак ќе повторам, препораките се исти за доени и деца на Ад. Доколку твоето има зголемена потреба од храна заради брз развој, ќе ти препорача педијатар да почнеш порано. Бебе од 4 месеци како покажува интерес за храна? @LadyC мислам сакаше да почнува, а она голем батко има, па мислам и препорсчаа да чека.
Јас не викам оброк да му дадеш на 4ри. Сега не знам како оди прво ми е. Даваш вкус едно лажиче ама не е легнато туку нели се поставува на 45ст? Не ти кажувам, туку те прашувам. Индивидуално е секако и тоа и на крај педијатар и ортопед ќе ни кажат кога ќе има 4 полни месеци. Инаку јас ова го имам читано и е наменето за од 4мес до 7 мес знаци дека е спремно бебето has good head and neck control and can sit upright when supported. shows an interest in food – for example, by looking at what's on your plate. reaches out for your food. opens their mouth when you offer them food on a spoon. Ако не дава знак ќе се оддложи покасно. Секако ќе видиме.
Јас нешто пред 5 месеци почнав со вкусови, бебе ми беше уште од пред тоа и е сѐ уште стрвно, што и да гледа сака да јаде. Го ставав на 45 степени во хранилка, па после полека на 60. Ама не беше млитаво, си седеше и сакаше да јаде од одма. Пред 17 недели не се почнува, натака зависи од бебето. Како што сите на различна возраст седнуваат, лазат, одат, така и со дохраната, покажуваат кога се спремни.
Епа ова истово педијатарот ми го спомна па ќе видиме. А колку време трае тоа пробување вкусови додека да се воведе оброк?
Јас околу 3 недели мислам му давав вкусови пред цел оброк, гледав околу 6 месеци да биде кога му воведов оброк. Инаку 1 ден неколку лажички, а после и повеќе јадеше. Ако сакаше да јаде не го оставав пример како што прават некои мајки на втор ден со 10 точно броено. Си кркаше и по повеќе ако нешто му се бендиса, колку може да изеде тоа бебе и онака. Читни во темана воведување цврста храна. Изгледа како шпанско село дохраната на почеток, ама додека се држиш до некои основни начела, нема потреба да се стегаш толку
@Milkiway Се почнува со 45 степени, но во количка на пример. На 60 се става на кратко додека јаде. Така Антоније рече, не да јаде на 45. Јас се придржував до она првиот ден 2-3 лажички, утредента малку повеќе и третиот ден исто така малку повеќе. Но само пробуваше до 6 месеци, не давав оброк. Од некои намирници може да се појави задоцнета реакција и се препорачува три дена постепено да се зголемува количината бидејќи секоја намирница е потенцијален алерген.
Значи и тебе ти рече на 60 да јаде. На 45 да се вози/потседнува, на 60 да јаде, а на 90 никогаш да не се става, самото да се исправа на 90. Во хранилка му местам на 60, но самиот се исправува на 90. Добро, поголем е и затоа се исправа сам, но тоа е и поентата, сам да седи така без потпора.