Исто ги врзуваше 6 сега почна 7ипол саати и се буди Би ти препорачала ако напредува да не ја будиш да пробаш да се измолзиш да не се навикне после може и да не е гладна а да се буди Секако ова во консултација со педијатарот пошто по нет ми е читано не е баш некој веродостоен извор
Да ова вака почна буквално преку ноќ. Од бебе што се будеше на 2 саати за цицање, сега спие ко топ, па затоа ми е малку чудно
Ние сме 3+++ и сам се исправа кога е во раце како маратон да трча секунда не седи мирен само кога спие тогаш не мафта со нозете пробав и да го седнам на неколку секунди си седеше ни лево ни десно не се навали цврсто дете е кога почнав во скут да го ставам да подседнува сега бара и да стои на нозе цврсто исправен али ептен да не претеруваме сега иако е диво дете мислам и дека доста рано ќе прооди
Мајки среќни празници се најдобро! Да Ве прашам како влеговме во 5ти месеци станавме плачливи, нешто се будиме почесто ноќе претходно не беше така, се става во уста и само кенка. До што може да е да не се зубчиња во прашање
Исто на 3.5 месеци почна така кога седам ако ја навалам на 45 степени на мене ,војна избива ,плаче ,вика се напиња додека не седне. А еве пример кога ја држам во раце пред елката да речеме не пушта раце да фати... Мене тоа ме загрижува малку,ама веројатно по сконцентрирана е на исправањето па затоа
Ние сме скоро 3 месеци, кога не го мачи мешето знае 6 саати да врзе ако се мачи знае да се буди почесто иако не е за цицање повеќе кенка јас ако спие не го будам само гради пукаат
Моето дури сега почна да пружа раце по предмети шо му ги подавам или јас ги држам. Преска седнав на маса да запипам нешто со него во раце ми го грабна пенкалото а на 16 ќе прави 5 месеци.претходно така ско имапе нешто во близина ќе го фаќаше со раце но не подавсше нити пак го интересираше јас што му подавам секое дете различно се развива не грижи се. Исто од многу мал почна да се подига да се врти да не сака да лежи
Моево само по лице фаќа и се чуди маче имаме дома не го ферма 2% како да го немаме ако му ставиш предмет во рака ќе го држи али да пружа раце за нешто не сега почна сам да си го тегне бодито и цел е рашкембан не се грижи ќе почне да фаќа после ќе викаш не кај елката
Вчера дедо мраз и имав пуштено од оние што играат го фати и толку,денес пак нејќе. А кога лежи се што е околу неа си фаќа ,ако и избега нешто врска да и го дадам. Грепка на што ќе најде - количка , гарнитура,нас не гребе ,штипе кога цица. Така да се надевам ова не е проблем. Баш. За мачево чудно ...ама понатаму ќе се бркаат Боди тегне од два месеци ,а чорапи и капче соблекува од раѓање хаха нека ни се здрави и живи сѐ ќе научат. Еве денес прв пат се сврте сама на стомак а некни приметив дека и е скокот на стомачето се кикотеше душа амане знам како научи одма да се стега ,го стиска цел стомак за да не се смее
Јас на 4ипол почнав 1 недела сокчиња, 2 недели оброци 2 имаше па после тоа му воведов 3 оброци и супер е.Мене интерес за јадење ми покажа уште на 3 месеци.Сега е 6ипол месеци и се ми јаде ништо ми нема одбиено
Btw го хранев во релаксаторот на 45с месец ипол дур не го седнав во хранилката сега кога направи 6 месеци
Вчера пишував дека баба не сака да пие млеко. Денес стана стварно загрижувачки. Цел ден има испиено 350мл и цицаше само 5мин. 4ипол месеци е. Се трга од шишето и не сака да пие. Педијатар ме советуваше да и сменам хипот за холе. Еве сега земав холе но и тоа не го сака. На вечер си спие не се буди, преку ден ако не и понудиш не покажува дека е гладна. Кога и дадам со зор пие. Страв ми е да не намали на килажа. Некој совет што да правам?
Ова е најтешкиот скок, и синко не отвараше уста. Не е до млекото. Нуди кога е успиена, оди и дои, вп темна просторија, стави играчка на рамо. Ке помине.
Период е ќе помине моето на два ипол некаде мислм беше така не сакаше воопшто пиеше холе го сменив со хип и тоа не сакаше да го пие и плачеше кога му давам, но не менев повеќе и еве го сега пие 200 мл на 4 часа едвај додржува затоа ќе почнеме со вкусови и да вметнеме оброк полека веќе.