Маж ми по цел ден оди низ соби и ја храни не сака. А цицка тешко да фати едвај пред спиење малку. По апликација скокот завршува за 4 дена. Мислиш дека е од скокот? Мн сум загрижена душата ме боли кога одбива да јаде
Што му даваше на 3 и пол да проба за да не плаче? Мислам ти пишуваше на 4 и пол месеци кога му даваш храна дека не сака да јаде и плаче. Покажа интерес на 3 и пол, па му се изгуби?
Бебе што е гладно ќе плаче ќе вришти 100% е до скокот. Некои во скок јдат повеќе некои не или пак ем им се јаде ем вриштат последново е хорор за секој родител и биди среќна што не е во тие ќе поминат и тие 4-5 дена и види како ќе биде. И моево пред скок не ми пиеше колку што треба све повраќаше кога влезе во скок не можам да го навасам фала му на бога здрав прав среќен е
Јас сум во третитеее се испотувам додека се наместиме и на крај за 5 мин пак се трга и вришти а цицала и по 30-40 мин нормално ама тоа е трпение мора да се има
Со доење само трпение блазеси ти што доиш јас нервен слом доживеав од тоа тргање и регресија уште во прв скок крокодил бев
Ааа јас си знам овој скокот душа ми извади колку пати ќе кажам на мм не можам веќе пауза занимавај ја со нешто па ќе излезам на воздух да се смирам ама со еден куп препреки за доењето до 4 месец стигнавме сега не се предавам
Мајки од кој пробиотик сте позадоволни биогаја или ваја? Јас сеа ја сменив боиогајата со ваја Искрено од биогајата негледав некое подобрување И за оние кои користат ваја дали користат без д3? Јас земав без бидејќи даваме нели со бејбитолот па да не е премногу
Де бре од 3 месеци подава раце и баш за храна? Мојата е 9 месеци и овие денови почна да подава раче за нешто што сака. Многу напредни вие, браво
Абе мајка они по се подаваат рачиња од љубопитност и се пикаат во уста. Бебе е на 3 месеци, премало за храна. Полека ќе дојде момент за храна, па и нема да сака да цица, дајте му време на детето.
Да точно по се подаваат ама за храната се тресеше.Еве и сега најаден и после 5 минути ако те види дека јадеш плаче да му дадеш и дур не му дадеш не се смирува.
Другарка ми на 3 месеци му даваше да пробува како што викаат од машко еве го сега се јаде а не како другите деца од 6 месеци што чекаа па сега им се коска и кожа децата по 10 кила на 2 3 години
Од пробување до цел оброк има голема разлика.Плачеше 1 недела максимум дур да се навикне пошто од шишето побрзо му тече или кога му се спиеше, после си се навикна и сега е супер
Види, ти си почнала од 3 месеци и колку и да е погрешно, твое дете е и мене воопшто не ми менува. Но, да кажуваш дека тоа е причината дека детето си јаде се што ќе му дадеш или дека другите деца се 'коска и кожа' зашто не почнале од 3 месеци да јадат е огромна глупост. И моето шлапкаше со уста од помало (не од 3 месеци) и сега шлапка кога јадам чоколадо ама не му давам, му давам овошје. И баба ми знае дека е погрешно да се дава цврста храна на толку мало бебе и покрај тоа што немала друг избор. Нека ти е живо и здраво.