Ми рече од 5+ да искористиме максимално мајчино млеко. Мојата цица и сега пред 4ти скок почна мн често да бара на 1.5 до 2 часа
Јас тргнувам од децата на другарки, на братучетки и од мене.Тие што ќе се научат мали да јадат се ќе си јадат и понатака.Сега синчето е 9 кг и 6ипол месеци е се си јаде, а други на 4 години се 13кг и пијат само млеко и ништо друго не јадат.Се гледа бебе што јаде и што не јаде
И моето бебе јаде се. Е сега, скоро 9 кг е ама на 8 месеци и сосема е здрав. Не е убаво да се споредува и ако твоето е потешко демек е подобро од некое што е активно 24/7 и ја нема истата килажа. А ти ако го виде од 3 месеци дека ќе си јаде не знам зашто побрза да му дадеш, требало да почекаш секако ќе си јаде понатака.
Дете што нема да почне најрано на 4 месеци најдоцна на 6 од 7миот до 12 месец ќе слабее и нема да се развива како што треба ова од педијатар специјалист од Америка ми е кажано.Тоа од почетокот на7ми месец треба се да јаде освен алергените храни а не тогаш да почнува
Според мене нема врска ова. Внука ми има скоро 4 години и е страшен нејадач, со молење. Беше најбуцкасто бебе, почна со оброк во 5ти месец, натака нема што не јадеше, салати, овошје, месо итн Сега ја гонат низ собите да јаде
Здраво Да си прашам јас нешто, бидејки сум збунета Близнаците ми се месец и 13 дена пред две недели бевме на редовна контрола ни воведоа да пиеме чај по 100мл на 24 саати, денес не вакцинираа другиот педијатар ни рече колку сакаат толку нека пијат. Колку давате вие на оваа возраст?
Студија да не имаш правено? Децата најчесто јадат се кога се мали. Кога ќе им се отворст видиците за "стрвулии" почнуваат протестите. Ич. Ни вода, ни чај се дава на бебе дур не почне со храна. Празни калории. тоа е некаде околу 2рата година.
Не давам воопшто. Не знам на каква исхрана е ама за тие што се на доење не треба ништо освен млеко мајчино. Е сеа за ад не знам да не се правам паметна. Ама гледам се повеќе даваат чаеви и не ми е јасно кога мајчиното млеко има апсолутно се што треба
Ова не само што не е точно туку и опасно може да е. Ако не, од 2 месеци почнете да им давате за секој случај. Каков специјалист, америчка академија на педијатри сосема друго кажува.
0 мл вода и чаеви до 5 месеци најрано кога почнуваат со храна. 100 мл на 13 дена не би дала ни под разно. Леле луѓе, кој ви ги дава препоракиве?
Аман бе луѓе од кај ова. Па ако сакате отворете стручна литература и види што и како е. За алергени точно се знае колку и како се почнува, не е пазар тоа. Не може се да му бутнеш од 7ми месец, не знам која глупост е тоа. На крај па кој како сака нека праи
Не знам кај е породена ама во ремедика педијатрите за тие на ад им даваат чај за грчеви од анасон да пијат
Пак, премали се. Од 5 месеци натака се воведува вода, кога ќе почнат со вкусови. Може да е опасно пред тоа, а 100 мл особено, тоа е пре препремногу. На 7 месеци не пијат толку.
Јас давав 40мл чај од ким и анасон заради грчеви кога прекинаа грчевите прекинав со чајот. Пред некое време му дадов чај од анасон и камилица од бекутсн се исфрли целиот и си реков крај за чаевите . Сега почнуваме со вкусови и ќе пие водичка не давсм чај никаков одреден период. Ако немаст грчеви или тврда столицА не ти треба чај
Бекутан од анасон пишав погоре и ремедика педијатрите го даваат мене не пошто беше на доење ама на цимерката и беше на ад и дадоа таква препорака Иначе ти го гледам прашањето немој колку сакаш да даваш јас 50мл давав на ден ќе се искака и грчевите се намалија сега веќе на 3м ништо не му давам ама моето и немаше грчеви баш јаки за вакцина кога прими рота му беа ептен јаки На чајот пишува за деца е над 100мл веќе ќе ги подуештие педијатрите во диспанзерите се чудо стварно