Прави им чај од ким околу 40 мл и додај малку од анасонот од бекутсн или хип кој сакаш тој, периодот кога се јавуваат грчевите пола час пред тоа дај чајче, а можеби и имаат тврда столица ако не им одговара млекото. Моето од новалак имаше мака, хип и холе му одговараат. Консултирај се со педијатар дали да пробаш друго
Да и јас и давам Бекутан од анасон. Така ми кажаа така и правам, забележувам дека полесно какаат кога пијат чај. До душа и затоа ми рекоа да давам
Мајки жолто зелена столица што значи? Му се смени бојата и има запек Сменивме ад и пробиотик можно е од нив?
Грчевите не се воопшто опасни како што може да биде опасна водата и чаевите. Ама ако сакаш ти давај им. Ти пишав затоа што праша, не се дава затоа што може да има опасни последици и има доктори кои се против. За тврда столица можеби можеш да смениш млеко, да правиш масажи на стомак, некои топломер им ставаат во газе, значи се' би пробала што може пред да давам вода или чај на толку мало бебе. Чаи/вода може да предизвика електролитен дисбаланс во организмот, паѓање на натриум во крвта, опасни состојби се тие, грчевите се смешка во споредба со нив.
Не ми објаснија... ми рекоа слободно давај чај на Бекутан од анасон. Нареден пат кога ќе одиме ќе прашам што е тоа толку штетно, гледам сите не се согласувате да се дава чај.
Значи Моето почна од 6+ месеци со храна, и пошто прво дете, му се тресев на се, па ако можеше нешто да јаде од 7месеци,на пример, јас давав од 8м. И замисли, не е коски и кожа, него најнормално дете. А инаку, како што гледам денес децава сѐ подебели и подебели се, подобро послабичко, него со прекумерна тежина уште од дете. Чек уште еднаш
Незнам дали е за овде прашањево.Белото јазиче како го исчистите? На доење сме,ќе мора и педијатар да ја види.Денеска е посебно нервозна,и се спие,бара да цице,ја ставам на града а претходно убаво цицаше( и ждригна и блуцна) и кога и доаѓа млекце се тргнува,ја испушта цело време и пак нервозно бара.Не заспива со нишкање. Ако има проблем од јазичето,како да препознаам Бебе е месец и 4 дена
Леле. Ако е машко, од болница кога ќе дојде дома, дајте му да касне од мекиците што ги направила свекрвата. На 3 месечно бебе да му даваш да пробува вкусови е крајно неодоговорно. Кога си одговорен за здравје на друга личност ќе препрочиташ 10 пати како треба. Не може да се применуваат совети од баби кои се докажале дека се штетни.
Na Nas pediatar ni kaza jaziceto da go cistime so soda rastvorena vo prevriena voda cekas da se oladi i na prst ke zamotas gaza i taka ke go cistite nekolku pati vo denot......a ima i nesto sto se kupuva za cistenje na jazice....Jas sum so bliznacinja ednoto imase belo jazice a drugoto ne i so sodata go resivme problemot.
Мислам дека е кандида во прашање ама мора педијатар да го види најдобро Пиши во доење темата побрз одговор ќе добиеш од мајките таму Иначе ништо страшно многу доенчиња и деца на ад имаат. само да ти каже некој плус симтоми за да бидеш сигурна дали е тоа или нешто друго
Ние кога сме биле бебиња мислиш имало интернет вака да прават од овој од оној месец? Па 100 пати поздрави сме.Каши од брашно и зејтин ни давале уште од 3 месеци, шербети сме јаделе и се што сега викаат дека не смееме да им даваме на бебињата на пример мед пред година дена па еве ни фали нешто
Не можеш таква споредба да правиш прво ако гледаме така денес нашата генерација многу се бори со неплодност статистички баш читав за ова, после воздухот и квалитетот на храна не е баш ист затоа само трчаме да порачуваме органско за бебињата. Сега храната е генетски модифицирана а науката открила многу недостатоци во исхрана кај бебиња како медот што го спомна. Научниците денес целиот живот го даваат во науката и медицинските истражувања затоа се развиваат многу вакцини за многу болести. Порано од сипаници умирале денес тоа ни е скоро па "смешно" Јас пред се би верувала на наука, доктори и истражувачи секако не на секоја статија на интернет. Порано немало формула па од крава молзеле и давале ама денес тоа не е препорачливо од x причини. Светот оди напред, техниката и технологијата и мораме и ние со него.
Со муабетиве! Што не отиде на нива да раѓаш ко баба ти? Што одеше на ехо прегледи во бременоста? Да не одела баба ти?? 21 век со муабетиве. Факт е дека се претерува со некои работи, ама споредби со 19 век, боже пази!!
Не си свесна што може да му се случи на бебе ако му дадеш мед пред 1 година. Да се бори за живот ќе те прашав дали вака ќе пишуваше. Изгуглај, дал господ интернет