Жени породени во Систина! Ви правеа некаков метаболички скрининг на бебето?? Ми се јавија дека немало доволно крв, па пак треба да земаат на бебе. Прв пат слушам за ова. Се чув со доктор, вика на следна контрола, ова било нешто поново додадено во пакет. Во Истанбул праќале крв. Како изгледа резултатот?? Ви дадоа нешто на хартија.
Очигледно никогаш во животот не си видела алергиска реакција затоа пишуваш вакви глупости... Дај боже никогаш и да не видиш...
Ај ај признајте колку сарма и гравче ги најадите за бадник бебенцата сеа , а не млечна каша на Хипп И рацe и нозе кревам за протестот после 2 Тек после 3 ипол почна да пројадува дeл од работите . А за точна килажа ќе чутам да не ме пријават у социјално за неухрането по меркиве на членката погоре , изглеа сеа 18+кг треба да е , а кутро мое дете ни 15 нема
И јас прв пат слушнав. Отворив на нет не го пишува на страната на Систина. Демек од скоро било во пакетот.
Кандида ,ние имавме ,чистев прво со чепкалка за уши ,па нистатин капки ставав по препорака од педијатар. Пробај со газа или чепкалка за уши ,ако се вадат лесно од млекото е ,ако се како закоравени ,кандида . Сепак за капките консултирајте се со педијатарот.
Многу убаво напиша! Па и немало интернет ама старите не биле глупави. До 5 месец не давале ништо друго,ако мајката немала млеко се снаоѓале кај друга доилка ги носеле итд. Во краен случај давале кравјо млеко разредено пута не знам колку. Ама сигурно на бебе од 3 месеци не давале брашно и вода, бог да чува...
Имало и такви. Ама секогаш во муабетиве "порано давале брашно и вода" забораваат дека порано баба 10 деца раѓала, 2 преживувале.
Добри се, реутери пробиотик. Јас менував искрено пробиотици. Ама ако бараш за грчеви нешто пробиотик не врши работа. Земи си Колипрев, а пробиотик давај си секако
@Krofna* што точно ти кажаа? Јас сум доктор можам да разгледам за што се работи...ама нешто подетално?