Кукла и овде и правеја на мојата скрининг, денеска ми се јавија за резултат да ми кажат дека се е нормално. Покасно сум на лекар и да ги земам резултатите.
Може линк ако не ти е проблем? Мене ми кажа доктор Истанбул. Јас не видов боцкано во болница. Може заборавиле. Извештај ви дадоа?? @macka91 видов на нет дека често се прави. Не знаев дека систина прават.
Само да споделам искуство за муабетот со пробиотици, две деца имам ни едно не пиело пробиотик, ниту во болница ми кажале, ниту педијатарот, ниту во диспанзер за вакцини. Едноставно за првото незнаев а за второто дознав дека даваат читајќи тука на форум, но пак одлучив да терам без пробиотици. Првото дете беше речиси без грчеви, нешто малку до 40 дена, и никогаш немала опстипации. Второто грчеви имаше 3 месеци, и само еднаш опстипација (ако можам така да ја наречам, некакање 10 дена на 3 месечна возраст) па моравме да стимулираме да се испразни. Кога почнаа со тврда храна немаа апсолутно никакви проблеми со столицата. Генерално заклучок ми е дека пробиотикот не прави некаква разлика.
Ама и кај нас има педијатри што ќе ти го кажат истото таму имаат многу други млека кои се даваат on demand А кого би слушала ако не нив? Впрочем, се околу безбедност за бебе потекнува од Америка и сојузот на педијатри. Светлосни години се пред нас... Тоа што се нездрави се посиромашните предели што работат 12ч за опстанок и јадат фаст фуд затоа што е далеку поевтин од тоа да купуваат храна. И истите тие не можат да си дозволат здравствено затоа што е приватно кај нив "добар ден" во болница може до 3000$ да кошта...Ова што го кажуваш не сум го видела во Чикаго на пример...
Можеби се милион светлосни години пред нас, ама па да си оставиш бебе на два месеца во градинка, за да одиш да работиш, за да преживееш - не благодарам.
Епа сега ова нема врска со храната што ја спомна Братучедка ми докторка после 3 нед се врати со царски. Имаат дадилки деј кер центри итн Тоа е така си се научени, а кај нас па на 9м завршува не фала, зошто не сме како Унгарците они 2год имаат породилно? Се си има свое...
Konkretno za Amerika, seuste kako broj eden se koristi rektalen toplomer koj spored pedijatrite dava najtocna temperatura, a za vrakanje na rabota po 2 meseci, tolku e porodilnoto i opciite se tie ili ke se vratis na rabota ili ke dades otkaz a da bideme realni ne sekoj bi se resil na vtorata opcija zosto sepak toa dete nekako treba da se izdrzuva. Se postignuva i so vrakanje na rabota po 2 ili 3 meseci, mozebi ne e sjajno i ne e opcija sto sekoj bi ja izbral no ete takov im e sistemot i ocigledno funkcionira. Inace i tie 2-3 meseci porodilno se neplateni taka da najcesto majkite resavaat da se vratat na rabota namesto da sedat doma podolg period.
Нема извештај. Добиваш меил од МАНУ ако не дај боже нешто има, во спротивно ништо. Провери му ги ноџињата кај моево уште стои белег што го боцкале.
@0ли @Jana06 @Lovebug01 @Izzy_0504 @kukla21 Овој лист ми го дадоа при испис во ремедика и ми рекоа за 15 дена ако не ти се јават де супер лошо е ако се јавеле. Не ме фаќајте за збор мислам беа 15 дена. Нешто збореше испитување на мозочето ми збореше толку тивко Јадранка ништо не ја разбрав. После тоа одев таму на прегледи ништо не кажаа околу тоа А за праќањево не разбрав кај праќале ама беше во странство негде
Нема врска, затоа сме тука да се надополнуваме во знаењата. Тсх скрининг се прави, штом земаат крв од пета на бебушот. И не знам каде го праќаат, извештај ние како родители не добиваме. Но недај Боже ако има нешто се јавуваат после 2 недели.
Ај некоја од вас аконоди уште таму на прегледи баш прашајте не знам дали дури му го даваше листот ми кажуваше нешто такво
го праќаат во МАНУ, резултати за две недели ама ако има нешто ги доставуваат до родителите , баш кога не пуштаа од болница пред да ја облече за искачање ја боцна во петата и на пластика со две бели кругчиња и ја залепи петата , зашто до сега не сум видела ја прашав за што е тоа и ми објасни дека е ново генетско испитување .... ГАК се породив
Јас сакам конструктивни разговори така да не е проблем. Ова за нарушувањето на цревна флора да, ама во корист на намалени "добри бактерии"...така сме учеле во литература. Практично давање пробиотик на новороденче, посебно родено со царски рез, во препорачани дневни дози нема да направи никако "предозирање". Дополнително во педијатријата е познато дека секое новороденче е подложно на понатамошен развој по раѓањето, што значи веројатноста дека концентрацијата на пробиотици во цревата не му е доволна е голема..тоа е исто како што не се развиени цревни ресички, панкреас не лачи доволно ензим итн. Околу инулинот, пребиотик, полисахарид. Ама ако зборуваме за новороденче, не важи истиот стандард како за возрасни. Голема молекула,да се разгради треба ензим,бебињата го немаат доволно, и?... слепа уличка Факт е дека постојат многу контрадикторности. Секогаш било така. Хепатотоксичноста на парацетамол што ја спомна е неспорна, но некогаш сме приморани да правиме избор помеѓу 2 зла, а тоа да биде помалото...ама да не навлагаме во таа тематика сега
http://www.ringeraja.mk/forum/m_70317/printable.htm Мислам дека за ова збориме не можам да го најдам од систина кога ќе го најдам ќе постирам тука
Околу генетското испитување. Се прави во МАНУ. Не мора да е новороденче. Сакам да кажам доколку некој има и поголемко детенце, а сака да го направи, па дури и за себе може. Јас не знам на моето дека му правеле ете. Јас сама сум го правела за мојата фамилија, на бебе ради ковидов сеуште не, здравје понатаму, ама е добра работа, светот оди напред, скрининзите се битни Мислам исто лабараторијата на Жан Митрев дека го работи од пред некоја година...ама јас пак не сум сигурна дека тука за тоа беше првобитното прашање. Членката рече и рекле бебето нема доволно крв нешто...некое такво испитување... ако некој има некакво инфо да истражиме кој може и со заеднички сили да помогнеме некако
Да добро ова е еден од скрининзите. Можеби приватниве го прават сите, ама треба да не известуваат...еве многу не знаат дали им е направено на бебенцата. Ама ова не е тоа испитување јас што го спомнував... инаку врти сучи ензимите што нагласувам се еден од најбитните делови за правилен развој на новороденчињата...па и дечињата