Афта е, ако прашуваш за белото на горно непце...сепак педијатар консултирај. Препарати со прополис никако не смееш да мачкаш! Можеби да се обидеш со хидроген 3% на стапче за уво капнато, не директно во уста. И само да го пребришеш непцето со стапчето....сепак консултирај го педијатарот.... Или побезбедна варијанта е гингивал бејби, хијалуронска киселина во состав обично кога никнуваат запчиња на бебињата се препорачува, хијалуронот ќе делува на афтата сигурно. Крвна слика провери обавезно кај бебе, може да има недостиг на железо. И битно дали е само 1, или има и др. провери убаво
Дали кога се во скок бебињата секој ден исто се понашат зошто еве мојата вчера беше ОК и расположена си се смееше ааа денес цел ден вришти. Па незнам дали е од скокот??
Физиолошки се дава на деца до 2 год. Ќе и прснеш Септоаква капки по 1,2 и со пумпица ќе го извадеш секретот.
Мајки бебе мое од кога почнавме со пробување вкусови, има мака со столицата последниве денови кака по многу малце суво ептен, а се напнува цел ден има гасови многу давам пробиотик редовно ама не гледам некое подобрување искрено, имаме и друг проблем од целава оваа ситуација многу е и црвено газето, мачкав бекутан со цинк не помогна, па мачкав на фризидерм цинк со камилица и тоа не помогна, вчера ја мачкав со масло од кантарион смирено е малце се мислам денес да земам судокрем искуства имате ли со кремавс?
Јас ја користам но само кога ептен има црвено. Во ова земја кај шо живеам многу ја препорачуваат но не за секојдневна употреба. Можиш да пробаш одма црвенилото ќе го снема барем во мојот случај е така
Од промената на исхраната е таква столицата и од тоа што не пијат вода. Потечни прави ги кашите бидејќи на почеток не ни пијат вода бидејќи не ја сакаат. И комбинациите се важни. Ако даваш нешто што прави запек, утредента дај нешто што не прави. Не знам до каде сте со исхраната и колку јаде, но ако мешаш намирници, прави комбинации за да не дојде до запек.
А да пробаш со јекодерм. Освен што лекува остава липидна бариера, да не се иритира дополнително. Составот на судокрем е на база на цинк оксид исто како фризидерм и бекутан. Носи на педијатар, батали оваа ми кажа ова е онаа ова е. Може да е заб, афта, циста...
Прво педијатарот на пријателката (и приказнава е на другарка, стрина и ама ај) не го претставува целото здравство во Америка. Второ, не можеме да знаеме какво било индивидуалното бебе на пријателката и дали педијатарот имал некаква причина тоа да го предложи. Каква врска имаат нездравите животни навики на американците со американски истражувања? Демек ние јакиот народ, секој втор пуши, во присуство на деца, секој втор умира од срцево заболување поради нездрава храна, пушење, стрес, ние ли најдовме да се мериме со америка. Трето, Америка имаат далеку повеќе пари од нас да спроведат секакви можни студии за разлика од нас и покрај тоа што викаш дека не би следела нивни совети, многу работи што ние ги применуваме на нашите бебиња почнале од Америка. Америка е на прво место во свет по број на студии направени во здравство, кои се распространуваат низ цел свет и многу здравствени работници ги прифаќаат во својата пракса, така да се лажеш ако мислиш дека не применуваш амерички стандарди. И четврто, многу добри доктори кај нас биле на специјализации и усовршувања во Америка. Светлосни години е здравството во америка понапред од здравството овде.
Да да тоа знам мешам намирници, вода неќе одвај некако со лажичка ја прелажувам да проба и таа ја плука повеќе него што ја голта.
Нема врска дали се амерички, европски или африкански, битно е да се релевантни извори на информации. Комерцијални сајтови каде што може да пишува и баба ми не се веродостоен извор. Најрелевантните датабази се плаќаат, и тие се наменети за здравствен работници (micromedex, uptodate) Страници кои завршуваат на .com никако не се веродостоен извор. Гледајте да се повикувате на страни кои завршуваат на edu, org... Американскиот здравствен систем не е совршен, напротив има многу недостатоци. Тие секогаш се водат по алгоритми и протоколи што е ок во некоја мера, но недостасува субјективна процена од лекар. Често се водат по тие начела за да бидат покриени при несреќен случај. Ако се Американски не значи дека се најдобри, аман веќе со тоа величење на странското а плукање по нашето.
Уфф немав време да ве читам, а многу сте изнапишале па со ред да ве цитирам @Leksikon колешкебаш ми е мило што те читав за советите, затоа и те заследив, се согласувам со твоите и со на @Mantub ставовите, која впрочем не знам дали е мед.лице, ама добри совети дава Сега со ред: Скроз исто ми се случува, финта најдовме кога заспива, чекам да одмори и штом се расонува тогаш и давам да цица, сеуште е поспана и само така успеваме да цица. Кај неа заврши 3от скок покасно а за 2 дена почнува 4от скок, мислам и дека веќе е почнат кај неа Ваја користам, после првиот месец, ја сменивме биогајата. Со неа е добра. Д3+омега давам по препорака од ортопед еднаш дневно на бејбитол твист капсула. Мајка немој бе вака, греота и жално е вие да одлучувате за туѓо здравје, многу е мало за "од машко бе" да се даде. Вакви информации не поткрепени со никакви докази само од "рекла казала" јас не би ги слушала, ниту пак применила. 4м ќе полни за 1 недела ќерка ми, неможам ни да замислам да голта кашичка, сеуште цицето го врти во уста, си игра, не пак каши да ми голта Посебно заради тоа што знаеш што е уртикарија, секоја чест како не ти е страв да пробаш на свое дете. Сум видела, сме се бореле за живот со пациенти и сепак не би брзала со вкусовите, па макар и утре детето да ми е слабо. Слабоста не е критериум за не здраво дете. Кај ќерка ми се во ред овие. По консултација со педијатри и по мои истражувања по литератури и нови испитувања, еднаш пишав, не сте ме прочитале . Постои поврзаност со давање на пробиотик кој не штети вообичаено кај бебе, со атопичен дерматит и кожни промени од непознато потекло. Давањето на пробиотикот го поврзуваат со намалени кожни проблеми кај поголеми дечиња. Таму кај што сум дала, стварно се покажува ова како точно. И на мојата ќе и давам до 6от месец. Нема штета од него. До 6месеци ќе давам
Ама не ме разбираш. Не плукам по наше воопшто, јас за секаков здравствен проблем кај наш лекар одам. Матичната моја е најдобрата докторка што ја имам видено, а е општ лекар без специјализација. Само сакам да кажам дека не може да се црно бели работите, секоја држава да си истражува за себе и толку. Баш затоа реков дека многу работи што ги применуваме на наши бебиња доаѓаат од америка затоа што побогата е, повеќе истражувале и откриле и затоа не може да се каже дека амерички стандарди не применуваме кога уствари многу применуваме. Критиката беше затоа што членката спореди колку биле нездрави и дебели американците, а тоа ниту имаше врска со муабетот ниту па ние сме народ со здрави навики. И другото што реков е дека наши доктори одат на специјализација во америка и тоа воопшто не е за подценување. Не дека е нешто важно, ама совет не пишувам ако не сум 100 проценти сигурна за нештото, безразлика кај сум го прочитала или прашала. Значи никогаш не ми се случува да читам од една страна и толку, без да го проверам на уште 10 места.
@Alishan30 ќути сега најново е да шетаме додека цица И шетам....и што и да е ќе направам само да цица. А во однос на јадењето...не знам еве на 19ти 5 месеци прави ,јас уште се мислам кога како и од каде да се почне... А за коментари си имам од раѓање ,цуцла и шише дека не фаќа ,мајка ми и свекрва ми да сум и ставела крем или мед на цуцето и ќе фатела... Па и за цицањето исто да сум се мачкала,првиот пат им кажав , продолжуваат да напнуваат сега викам добро важи Ама не ми паѓа на памет. А не ни знаев за медот колку е опасно.
Не сум те прочитала кога си пишала Дали подеднакво важи за доени и на ад? Дека млеково што го давам е "комбиотик пробиотик" ? Да не давам дупло така?
Ботулизам може да предизвика медот. Еве баш од фемина. http://www.femina.mk/новости/животн...т-на-мајка-која-преживела-ботулизам-како-бебе
Тоа го напишав искрено затоа што често лабави се работите во државно здравство кај нас. Знаеш колку пати имам прочитано на форумов, патронажни сестри даваат совети за грчеви - вода со шеќер. И тоа е само една од работите. Според мене тоа не смее да се случи, ама нема супервизија, нема обуки нови, отпор има кон учење нови работи, па како научиле пред 20 години, така тераат, особено постарите, затоа треба да се преиспитуваат работите.
За доење знам со сигурност, а за формула кога во самото млеко има комбинација со пробиотик нема што плус да се додава. Ова, по моја логика, бидејќи со педијатрите зборев за доени бебиња. Формулата е така направена да си внесува се што му е потребно на едно бебе, плус вие сте со пробиотик комбиотик, види го составот ама мислам дека сосема му е доволен тој пробиотик од формулата која ја внесува секојдневно.