Дали се случило на вашите бебиња да исфрлат вишок млекце после час и половина од јадење? До сега ова ни се нема случено па се исплашив
И после три часа знае да исфрли зависи кога како. Кога е по мирен не исфрла али тоа е ретко премногу е хиперактивен ќе го кренам ќе ждригне три пати ќе го легнам да си игра од што прет атолку и се врти на стомак само му тече млеко од уста и што се напнува цело време
Мојата моментално има грчеви и ми поврати во раце, од памет ме извади. Уште е мала мојата не се врти и не е многу активна повеќе од времето спие месец и 15 дена сме.
Можеби се прејала па тогаш и дошло тешко ништо страшно ако е почесто консултирај се со педијатар и види дали е бљуцкање или во млазови
Може и после овулација а и не секогаш точно се знае кога ни е овулацијата. Видов позитивен е тестот консултирАј се со гинеколог, не би требало да имаш проблем плус природно си. Јас знам со царски толку блиску па си го роди природно второто без проблем. Смирено само.
Јас знам до година дека се давал, имено од кога ќе се вовело јогурт и слично што се пробиотско се укинувало давање пробиотик.
Мајки, совет за спремање на ад ? Ние сме на измолзено млеко од шише, го ставсм на ладно и пред да пие и го топлам колку да не е ептен ладно. сега веќе немам толку млеко и ке воведуваме ад полека. деновиве сме на лекар во друг град и планирам ад да и земам за по пат. купив стерилни шишенца за мокрача (планирам прашокот во тоа) а водата во шишето. Прашање ми е дали мора да е топла водата или може така на собна температура ( во кола клима реално има и е топло) само да се измеша со прашокот , или морам да барам некој термос за вода? Вода иначе бебешка флаширана користиме ..
Земи си термос, загреј ја водата и стави си во него. Во вода на 40 степени стави го прашокот. За да се раствори, треба во топла вода и убаво да се протресе. Во упатството на млекото сигурно пишува како се припрема, ѕирни таму.
Majki kaze nekoja krema....kako mali plikcinja se ....koristime pavloviceva orginal ne pomoga...a i neznam od stoe...
Истото го имавме потпарено крема на ремедија или судо крема и двете ги има во аптека. Нас ни се направи од памперс премиум.
Сега видов дека и тука си пишала, ќе ја тагнам @Starlič ако може да пише, таа со царски рез беше и забремени брзо по првото. Не се секирај, се ќе биде во ред
Измивај со вода, добро суши го местото и ставај крема со цинк оксид (бекутан, фризидерм, судокрем). Павловичева не користи сега, уште толку ги затнува пликчињата. Ако не се повлекува за неколку дена носи на педијатар, може ќе треба некоја антибиотска маст или антимикотик. Смени пелени, може не му одговараат.
Мајки на малово од вчера му тече носето, не е нешто премногу не му е затнато и ко вода мрсулчиња се но незнам дали е нормално за бебе од 3 месеци или може да е настинка да ја барам матичната бидејќи досега не сме имале ваков проблем?
Исто и кај нас, беше сестра ми, нејзините беа со растечени носеви ноќта почна и на бебево да му тече, не се затнува ама вадам почесто со пумпица. Веројатно е некој вирус закачи од нив, денес не ја носам на педијатар ако продолжи вака ќе ја однесам утре да ја види. Мојава цица па се надевам ќе и помогне побрзо да и помине. Не брзам со лекар зошто го знам нашиов педијатар по големата, за вакви настинки препорачуваше повеќе цицање и колку може на воздух.
@lemon8ejt Да јас останав бремена после 5ипол месеци бремена откако се породив со првото со царски рез. Бев многу уплашена и збунета. Со подршка на докторите и сопругот ги поминав маките. Одредени луѓе беа против таа бременост, ама јас бев одлучна да го задржам бебето. Се плашев поради самата рана да не направам проблем. Фала Богу сега сум 30 недела и се е супер. Немаме никакви проблеми сега за сега. Едвај чекам да се породам. Може мала разлика ќе бидат и може тешко ќе биде ама ни е гајле. Со подршка од сопругот ќе надминеме се. Мислам дека ако абортирав дека голема грешка ќе направев. Не се плаши. Одлучи се што сакаш да правиш и биди јака. Послушај неколку мислења од доктори и размислете си што е најдобро за вас. Со лесно и со среќа. Не се плаши да направиш тест.