Мене педијатар ми ја даде судокремата и му помогна многу, само треба упорност и никако влажни марамици. Откако му се појави раничката на газето, му го мијам постојано и влажни не користам воопшто. Кога е какан го мијам со вода, а кога е мочкан, го забришувам само со суво памучно туферче колку да не е мокро. Да потенцирам дека пред да му се појави црвенилото, користев само на pampers pure aqua влажни.
Од било кои влажни може да има реакција со црвенило бидејќи сите бебиња се различни и различно реагираат на хемиски препарати. И јас истото го практикувам.Го мијам со вода еднаш во денот и користам туфери за вадење шминка натопени во млака вода,последниот туфер е сув. Потоа ставам крема и тоа е тоа. Претходно на почетокот кога користев влажни ни се направи црвенило и оттогаш ги отфрлив целосно.
@Jana06 Не знам дечки, нон стоп мислам како и колку ќе бидам способна да му посветам време и на ова бебе, тогаш би бил година, терминот би бил недела или две покасно од прошлиов...ќе си биде захтевен и он...нема да ве давам, ќе одам на преглед па ако сакате ќе пишам @Jana06 фала ти што се сети на некој со слично искуство.
Пиши ни секако. Само не слушај од страна што и како, разговарајте си со маж ти и одлучете. А за посветување време и внимание, секогаш и на двете деца ќе им требаш, порано или покасно. И 5-6 години да се разлика, едното ќе биде бебе другото прваче и пак ќе бидеш растргната.
Како што ти кажува твојот инстинкт така прави. Мајка ми останала бремена додека јас сум била 7 месеци, па живи и здрави сме. Зависи многу дали имаш помош и поддршка од најблиските, која возраст си, дали претходната бременост ти била уредна, финансиска ситуација... што и да одлучиш, со лесно
Одлуката за вакво нешто е твоја и ничија друга, ние може да ти дадеме совет наше мислење само, јас да сум би го задржала за мене бременост е божји благослов, моите деца се точно 3 години разлика захтевност од поголемото има е те како затоа што повеќе разбира, така да дал е година дал се пет лесно не е да се изгледаат и израснат деца, ама со добра организација се се може.
Не давиш воопшто.. Одлуката е ваша. Ние пред една недела направивме годинка. Терминот ми е крај на март. Се надеваме на најдоброто. Замисли на оние што имаат по две,три близначиња како им е Ние со две супер ќе поминеме Не те убедувам. Јас така си се тешев
Мајки нормално е бебето (40дена) да се засркнѕва од плунка? Деновиве нешто почна многу плунка да има дали е нормално за толку мали бебе?
Вакви конкретно во Ремедика во аптеката. Инаку во Мала Пажња има слични, но се со многу копчиња и се подесуваат и на помало и на поголемо дете/карлица. Ти ги препорачувам, ми ги ‘одобрија’ во Ремедика дека се супер (иако јас одлучив да не ставам широк повој).
А што прави пика рачиња во уста? Колку често се заскрнува На моето некогаш млеко недоголтнато во уста го чуваше и од тоа се засркнуваше. Многу пати се засркнувал некогаш го оставам сам малце да се избори некогаш го вртам на страна и го тапкам по грбчето. Ама си имаат инстинкт они тек сега на 3м само се лигави восда е цел душек и вдишува мислиш се гуши ама се изборува
Дали можам од миризбата на каката да одредам од што е зелена? Бебе има 7 дена. Си какаше жолто но последен пат имаше и зелено. Ми мирисаше на млечен продукт а јадев кашкавал...
Мислам дека не би значело.. Јас кога претерував со млечни производи по готово сирење и кашкавал бебе повраќаше обилно и баш педијатар прашав ми рече да намалам со млечни производи, а и овде на форум.. Претежно зелена кака укажува на гладно значи недоволно цица да не има жолтица и ти заспица на града.. Или да му било малку ладничко.. Сепак е многу малечко консултирак се со педијатар ако продолжи да има зелена кака.. Ако било еднаш, два пати не е страшно.. Но ако се повеќе дена во прашање консултирај се обавњзно и давај пробиотик редовно
За пробиотик уште никој ништо не ми кажал. Само за К1, Д3 и омега. Ќе се јавам кај педијатарот ќе прашам. Можно е да беше недоволно цицање пред каката. За ладно, не би требало. У секој случај ќе ги следам следните каки. Ти благодарам!
Да пика и рачиња во уста. И стака е се засркне одма модар станува, некако почна многу плунка да лачи се мислам да не му е од цуцлата?
Да можно е исто од цуцла му се собира плунка Па ја избегавам гледам да не е премногу долго тоа а како даваш храна како напредува на вага?