Педијатарот ми кажа ако многу мириса столицата дека бебето е настинато. Мириса во смисла различно и појако од претходно.
Дали некоја мајка се соочила со уретрална дупликација кај машко бебе? Нешто како да приметив денес на капењето но не сум сигурна, мислам дека ќе треба да го види специјалист.
Уретрста е дел од уринарен тракт кој оди од мочен меур до врвот на главичката. Во ретки случаеви се јавува дупликација има разни типови.
Добро бе луѓе што правите за затнат нос, бебе е 2 и пол недели и со уста дише и по екогаш се буди од носот што му е затнат. Ми дадоа од на болница вода само ама ставам по една капка и ништп не се отвара. Не можам вака да го гледам со уста кај што дише и како се мачи.
Фрфори од царскиот, природно тоа се ифрла кога минува низ канал. Ставај физиолошки и влечи со аспиратор.
Синомарин бејби ампулитевставав по неколку капли куваше и се чистеше тоа сабајле вечер Преку ден марисимо спреј неколку пати и топ си е
Е ајде де да си пукнеш од мака, многу ми е жал кога го гледам дека се мачи, за еден нос што му е затнат можам да си плачам до сабајле, не знам може не ми се средени сеуште хормоните. Ќе пробам со ова водава уште еднаш ама повеќе ќе ставам 5 капки да пробам само многу ми е страв да не напрам беља.
Може да се направи, точно, ама нежно ке влечеш. Се растопуваат со физиолошки и со малку влечење изглегува. Нежно ке влечеш, нема друго решение. По бањање, стави капки, мада моето беше со паф паф, и влечи нежно со аспиратор, јас имам тој со усни што влечеш и можеш да контролираш. Може до 5 6 месеци така да прави.
Еве ова е на пример млекото за тело. Има и крем за лице. Не сум ја користела, ја немаа тогаш кога ја барав и не ја побарав пак.
Јас го користев и задоволна сум. За една недела му се среди кожата, само на нозе му беше изразено сува. Пред неа користев од невен.
Не го бива за дерматит овс пробував јас. Барем ова за тело за лице не сум. Ама затоа обичната од невен е мн добра кја моето не дозволи да се појави на лицето дерматитот.
Ете, различни искуства и доказ дека индивидуално е со козметикиве. За тебе не го бива, за други е супер. Додека не се проба, не може да се знае дали му одговара на твоето и треба да се пробува додека не се најде соодветното.
Мајки за дерматитис што ви има помогнато? На моето му искочи прво не го третиравме сеа наеднаш ептен се зголеми мачкам биодерма крема за лице ама некако како и да врат да се прошири а до сеа само на образите имаше