Ако ви е многу топло дома и ако имате,клима панелка сув воздух и од тоа може да е.земете навлажнувач на воздух може ќе ви помогне, јас за затнато носе само синомарин ставам
Пробиотик може, а капки од 8ми ден кажуваат. Д3+К1 доколку е на цицање, а ако е на АД само Д3 капки..
Мајки,од пред неколку дена на бебето му се појави црвенило кај слепоочницата. На допир е малку рапаво. Некогаш во денот е поизразено црвено а некогаш побледо. Само овде има црвено нема нигде на друго место. Дали да мачкам нешто или да почекам
Бебе е 3++. Пред два дена почна да го вади јазичето и да го плази, баш како да си игра. Не е постојано, ама е доста често. Ми изгледа како сега да го осознава и да му е интересно, ама се плашам да не му остане како навика. Дали има некоја причина поради која би го правел ова што би требало да ми предизвика загрижување? Има некој искуство со ова?
И мојата правеше така ,и тоа цел јазик се чудев како може да и е толку долг хаха. За отприлика 3-4 недели и помина ,сега имаме ново брчи цело време со устето
На мојата цимерка од ГАК бебулето имаше иста исфрленост. Па ја прашав тетка ми која е кожен специјалист за мислење и совет оти ептен и беше раширено на лицето. Со Аттодерм колекцијата на Биодерма крема интензив и гел за бањање за два дена и се повлече црвенилото а за недела и се измазни. Малу е скапо ама за брзо има подобрување. Ви посакувам брзо да се излечите.
Кај синко обратно. Го бањам и мачкам со колекцијата од невен откако е роден. Комплет купка, лосион, крема за лице. Пред месец дена некаде, нозете му станаа екстремно суви и му се појавија како црвенки делови. Го земав лосионот и го мачкав два три пати дневно и за една недела му се среди кожата. Токму така, еве погоре пишав какво искуство имам јас. Пробај го лосионот од бел слез на веледа. Пишува дека е за екстремно сува и нежна кожа склона на дерматит. Постојано ли го има? Мене вака ми изгледа како осип од брада, ама го снемува по кратко. Би ти препорачала веледа од невен или уште подобро, од бел слез.
Чекај, понатаму ќе го плази и ќе плука, ќе брмчи со јазикот и жива вода ќе се прави и себеси и сè наоколу Зошто те загрижува плазењето?
Да. Сè чувам во тегли со капаци од бамбус, такви најдов. Овесни снегулки, ориз, палента, просо, јачмен, пченица и сл.
Ова се големите, а имам и мали. Но може и во обични тегли, мене за украс ми се во кујна, да не ме нервираат обични.
Веќе доста се лигави, најсмешно ми е што цело време прави балончиња и брмчи, пее пресладок е, ќе го изедам За јазичето не се плашам, ама со мм нешто се замисливме, па ми вика сабајле ‘пиши на феиминките види што ќе кажат’ јас си мислев дека е баш интересно и нормално и фала ви на сите што ми потврдивте
Мајки колку изнесува/ше обемот на главче кај вашите бебчиња на 4 месеци? Кај ќере изнесува 41,9 педијатар ката рече дека малку главата и била поголема Праша само дали можеби заличала на татко и