Гледам во радосницата за брат и на 4м му била 39цм, а знам за неа кога мерев и споредував поголема и беше. Им растат мозочињата Може има и врска колкави се родиле, на мојата главчето и беше 35.5 а на брат и 33
На месец и пол на моето му беше 39 Уште во стомак три недели понапред му беше главчето. Капчиња носи поголем број, од Ваикики тие што се памучните број 6m-12m му се премали, носи 1y-2y Баш го мерев пред Нова година, сакав боди, пантолони и капче комплет да му купам 6-9, но капчето му беше премало. Го тегнев, го тегнев и на крај го пресеков позади за да не се гледа и така му го ставив
Добро е, ме утешивте Си реков женската ќе биде главоња ипол Шала на страна, прочитав разни глупости на нет. Ви благодарам што споделивте искуства.
На два месеци го мереа 38цм му беше , роден со 35цм,сега не сум го мерела ама жива мера ми е што капите од брат му му се точни а он е 21 месец а бебево е 3 што значи и моево мало е со предиспозиции за голема глава да има
Генетика, тоа е, влече од некого Ги гледав сликите од мм кога бил на негова возраст, иста глава имаат, па се надевам дека исто и памет ќе има како него
Мамички ќерка ми денес наполна 2 месеци и на 25и сме на вакцина и бидејќи ми е прво дете сакав да се информирам и за реакциите што може да ги има бебето после. Како сте се справиле во случај на реакција?
Може и да нема никакви реакции. За секој случај земи си од лепенките, залепи и на ножињата каде ќе ја боцкаат. Мене кога ја боцкаат ми препорачуваат такипирин капки во случај на тт. Може да си земеш чепчиња исто да ти се наваѓаат. Се надевам ќе немаш потреба од ништо Мајки колкава ви е влажноста на воздухот дома? Кај мене околу 40 (38-42) Читав дека нормално е од 40 до 60 ама мене носот ми е крш. Кога и да се разбудам преку ноќта и наутро сув ми е, хрчам, како ранички почнаа да ми се прават, ако се допрва одма крв потекува, исто и мм се жали. По радијаторите имаме ставено керамички садови со вода, испарува за брзо. Дали со овој % на влажност ни треба и навлажнувач?
Кај нас гледам да е околу 50-55 за спиење обавезно коридтиме навлажнувач на восчздух зошто приметувам и на мене и на синчето носот ни се суши па има потешкотии при дишење. Зависи и на што се греете ако е на клима или парно пожелно е барем за спиење да користите
Како мерите влажност на воздух? Освен на навлажнувач што пишува нели, ама немам, а сакам да проверам дали ми е потребен
Јад имам едно што покажува температура и влажност електрично е. Како електричен термометар шознам како да го кажам.
Зависи од возраста на бебето и како си бара самото. Моето кога беше помало некогаш бараше на дваипол и давав, кога порасна почна на три сега пие поголемо количество и скоро 4 издржува 5м е.
Барај апаратче по овие продавниците за бела техника, loging во Капиштец исто имаат. Прочистувачите на воздух исто имаат ако си во план да купуваш.
Прашувам зошто мојата ќе биди три месеци скоро, јас стално и давам на три сати не чекам таа да побара па некако по слабо ми јаде, а педијатар рече дека ова формула што ја давам била густа па може со помалку и на повеќе часа да биди задоволна ама незнам колку е вистина ова и дали да ја оставам сама да бара
Па ако нема проблем со качување кг не мораш, кога ќе побара тогаш давај и ќе видиш како ќе напредува ако не напредува тогаш пак ќе си даваш на три часа без разлика дали бара или не.