Да ве прашам мајки, вие кои имате ставено заштитник на душечето на бебињата. Забележав одкога го ставив дека на грбчето ми е испотена, повлажна и е пижамката наутро кога станува. Нозе и раце не се испотени и главчето и е малку. Спие на 22-23 степени, со боди на долги и памучни пижамчиња и ќебенце кое е нормална дебелина, ни премногу тенко, ниту пак дебело. Не е во плишени работи, врз заштитникот имам ставено обичен нејзин чаршав и така спие. Што мислите? Да го извадам, ако не. Но еднаш ми поврати и нејќев да упива во душекот, да го зачуваме.
Баш се мислев дали е од него или пак можеби таа се испотила, доста е активна, прета и во сон со раце нозе, и ѕенѕа, немирно спие одкако влезе во 4ти скок. Сега е поактивна и го забележав тоа, може да споредиш овие денови баш, па да ми пишиш?
Мислам дека и е премногу топло. 22 23 степени е топло за спиење навечер. Плус и подлогата ствара топлина.. Јас не би ставала сега. Кога ќе се тргнат пелените и кога ќе спие без нив би ставила подлога. Сега немора. Чим се буди испотена извадија подлогата. Мене ова ми е вечна дилема, дали му е топло или пак ладно за спиење навечер. Спие по боди на кратки, тенка пижама и вреќичка. Температурата гледам да е 19 до 20 степени. Зашто и топло, претоплување не чини.
Да и облакаш боди по кратки? Мојата по кратки облечена и со тенки шпикозни се живо фрла, топло и е. И ја покривам со ептен тенко кебенце од Ело, ама мн тенко, како пелена е. Со парно сме и навечер е исто мн топло. Е сега почнав да отворам врата во дневна на кипање, па спие со кебенцето.
Тие степени се нонстоп и низ цел стан од октомври одкога е родена. Баш е пријатно. Немам услови за 19 да ми биде во станот, не се потеше досега.
Да пробај, пак секое бебе е различно, ама мислам дека поладно повеќе им годи. Не може да намалиш температура, и јас не го намалувам парното, ама ете вака правам и искрено не ја форсирам да ја покривам ако и е топло. Тоа вреќички, чуда ништо не користам, и тоа ќебенце што го ставам после го фрла. Бар нема да ти се поти, тоа сепак мислам е полошо него да не ја облакаш премногу.
Штом е поактивна, сега мрда, прета, боди на куси е доволно. Мојов ретко во такво боди го облекувам, повеќе на рамки користам, а со куси кога веќе сум ги потрошила тие на рамки. Инаку, подлогата може да ја поти, мислам да ја извадиш. И јас така на спалната ставив и спиевме на неа едно време, јас утоп се правев, сафра ме фаќаше и ја мавнав, а и нему не му беше пријатно. А као ја ставив за ако поврати или се измочка.
Мене ми беше патронажната денес, бебе е супер напреднато во килажа 4950, ми рече само да го дојам сум имала доста млеко и бебе фаќало супер имал сила, во хитен случај аптамил да давам. Ми објасни дека бебе не плаче само кога е гладно, тоа е ќе пробаме пк без аптамил.
И јас за тоа ја ставив, ама ќе ја извадам вечер и со облекувањето ќе сменам па ќе пишам деновиве дали е подобро. Фала ви на сите
Јас не ставив заштита од таа причина, ни мене не би ми било пријатно да спијам на мушама. Кожата треба да диши. Душечето ке се исуши, ако е лом, заврти го од друга страна и готово.
@Alishan30 Кога те читам со облекувањето, се замислив да не ја облекувам јаc малку мојава за спиење. Боди по кратки, пижамчиња по долги и чорапчиња и облакам. Со ќебенце ја покривам. Околу 22,23 и на нас ни е. A секогаш на главчето се поти. Ама баш секогаш.
Исто облекуваме, освен бодито кај нас што е на долги. Алиштенцата како пижамките ич не се дебели, ниту ќебенцето. Може до степените е. Мене ми студи на 19, ич не се чувствувам пријатно, не ни можам толку да намалам температура. Моментално седам во дневна, пвц се прозорите, и ми иди студено до нив, а нови се прозорите. таа непокриена лежи на кревет до мене.
Кај нас е иста температура и исто облечен со едно кебе покриен не сум забележала да се поти од подлогата иако деновиве имам ставено од еднократните ама баш ќе ја менувам и ќе следам. За по боди на кратки јас не би го облекла не друго туку се открива нон стоп мислам ладно ќе му е
Пробај со оние на Бекутан или Бејби лав подлогите за пресоблекување, горниот дел е памучен. Јас такво ставив во креветчето под чаршафот, не дека многу спие во креветче ама пак. И на 22-23 степени или боди на долги и пижами само надоле или боди на кратки и целосно пижами/шпикозни. Мојот спие на боди на долги, долен дел пижами покриен со подебело ќебе на околу 19-20 степени. Чорапи не и ставај, се поти на главчето зашто тој дел е гол и така си регулира температура на телото. Сигурна сум дека и е топло на нозете од чорапите.
Ама не само по боди на куси, муабетот е боди со куси и озгора шпикозни, боди со долги или блузичка. Моето спие на околу 20 степени со боди на рамки или на куси и озгора шпикозни како пижами, па вреќичка.
И јас ќе ти речев да намалиш на 20 степени навечер, ама ако тоа не може, боди по кратки сигурна сум дека ќе заврши работа.
Знам те сфатив, јас облекам боди на долги и шпикозни тенки за спиење, и вечно се прашувам да не му е топло ама па јас со 2 кебиња се покривам навечер, он е со едно и 80% откриен затоа мислам дека ако е по кратки бодите ќе му е ладно дека откриен од претање. Ама и до бебето си е, некој на 23 степени по кратки спие не ко мене