Може прета и се одскрива од што му е топло Јас сум секогаш за малку поладно да му е, тоа е подобро одколку да му е потопло од што треба.
Исто откако една ноќ жива вода беше испотен се изнервирав и ништо не ставам. Мењаме чаршав го сушиме со фен или одозгора постелам тетра ако е ептен после јадење па после ја вадам
Да ве прашам дали им ги чистите ушите на бебињата, и со што? Јас приметив кај моево во едното увце има малце жолто ама многу ми е страв да му ставам чепкалка во уво, не знам колку треба да брцнам, да не го повредам.
Јас од прв ден ја имам ставено подлогата и не ја вадам (освен за перење ама одма се суши, пеглам и враќам назад) и не сум го приметила до сега да е испотен. Температурата и кај нас е околу 22 за спиење, облечен е во боди на прерамки или кратки, одозгоре тенки памучни пижами на долги. Често не спие со чорапи или ако му облечам прета и ги соблака. Спиеше со вреќичка на почеток, тенка, ама во неа нема место да ги мрда нозете, па сега додека купам нова поголема го покривам со тенко ќебенце.
Јас на температура од 22-23 степени го облакам моето боди по долги и тенки памучни тренерчиња како пижами што се и ќебенце до пола го покривам никогаш не било испотено јас имам таква навлака ставено и плус уште една памучна врз таа. Деновиве на 24 ја ставив климата и по кратки спие ради вакцините што ги прими
Мене ми кажаа со тетра колку ми фаќа прстот толку да исчистам а школката од надвор со обични чепкалки
Со тие бебешките така малце не пикај навнатре длабоко така површно така не учеа во болница. Обавезно после секое бањање се поминува да не има водичка ќе му се напрај инфекција бар вака ми кажаа сестрите
Јас изгледа најтенко го облакам 22ст е бебето ми е само по долги шпикозни ништо друго под тоа. Јорган одозгоре и сега почнав памучно ќебе дури ми стигне вреќичката таа е малце подебелка Валда нема да го изнастинам
Да, со чепкалки за ушиња за бебиња што се, со нив не можеш да брцнеш длабоко. Кај мене дома е 21 степен од октомври наваму, само во спалната 20. Во болница ми нагласија бебе да биде на темп. 18-20с, тоа било идеална т за нив. 18 мене ми е малку, јас сум зиморлава
Како приметивте кака што има шлајм ? Вчера искака мноогу течно ,а денес како лигаво малку зеленкаста ,настинка ли е ? Вака си е весела,топли раце и нозе ,нема затнато носе само малку поткашлува ама не како настинато туку како не знам како да објаснам ко ние со сила кога се накашламе за да прочистиме грло.
И кај мене се случувало да има така ама не сум обрнала многу внимание педијатар вика дека е супер бебе. Ако е секој ден таква консултирај се со педијатар поубаво ќе ти објасни
Со тетра мала, како марамче ми е. Ја бањам и кога и ја бришам косичката тогаш и ушната школка и ја поминувам надворешно, и позади уши обавезно за да не биде влажно од водата за да не развие габична инфекција. Чепкалки за уши не користам, сеуште.
Ова е грешка. Ако лачат ушите пожелно е да се исчисти него да се залепи и на тој начин да направи проблем.Слободно може да се чистат ушите.
Не длабоко. Ќе земеш од стапчињата што се со пречник. Влага онолку колку што треба стапчето. Но секако треба да се чистат за да не се залепат прљавштиите.
Може и тоа е, треба да проб Антоније ми викаше дете од студ се тресе не плаче, ако си спие мирно и досега е така облечен не го настинуваш, може му е убаво така
12 недела ми е бебево ама по термин 10 знам дека скоковите одат по терминот ама дали е можно и по датата на раѓање да оди некако овие два дена со плачење јадиме а и послабо и немирно спиеме и плачливи сме незнам дали е само период или скок
Променета столица, зеленкаста, лигава , или како пенаста е знак за недостиг на ензим. Млекото ферментира, цревните ресички се" нагризуваат" може да има и киселкаст мирис столицата...може да е и настинка секако, но почесто е проблем на хидролиза на шеќерите во млекото