Секое новороденче има " транзитна лактозна интолеранција". Кај најголемиот дел минува околу 4 ти месец, некаде до 6ти...зависи. Најчесто се препознава со појава на грчеви, кисели столици, некаде слаб напредок во килажа. Значи на различен начин се покажува...бидејќи основна храна е млеко, а млекото има сложен шеќер кој треба да се разгради. Затоа е потребна лактаза. Јас лично сум најзадоволна од колипрев( сум ги пробала сите) Ама давај редовно барем месец дена. Веројатно разликата во столица ќе е видлива по неколку давања или денови, но не прекинувај. Ќе треба време да се обноват цревните ресички.
Прима таа на бејбитол Д3+омега по една твист капсула дневно. За Д витамин не сум и испитала досега, ама сепак мислам дека беше од заштитната мушама под чаршавот и од облекувањето. Синоќа ја извадивме мушамата, и спиеше само по боди на долги и долни пижамки и чорапи и ќебенце не многу дебело, и еве денес кога стана, не беше испотена на грбчето. Ако се повтори пак, ќе и испитам и Д витамин
Секако може да му било жешко. Или ете мушамата да предизвикува. Не знам ама околу Д конкретно наоѓам многу различни ставови. Исто така повозрасниве педијатри што се кај нас тврдат дека овие дози д витамин што ги даваме сега се ниски. Спрема тоа што нас ни се давало кога сме растеле. Особено канадска асоцијација на педијатри има поприлично високи дози како препорака. А како најчести симптоми кога се даваат повисоки дози се наведени потење, несоница, вознемиреност итн.
Мајки, имам две прашања. Дали во овие студени денови ги изнесувате вашите малечки надвор? Каде можам да најдам вреќичка за спиење, но не многу дебела, бидејќи ноќната температура ни се движи од 23 до 24 степени? Благодарам.
Изнесувај го бебето, нема врска што е ладно, ќе го облечеш поубаво и ќе правиш пократки прошетки, не е ич здраво да го чуваш само дома додека стопли. Изнесувај го во природа, паркче, сончев ден ако има обавезно. Нема лошо време, само треба да ја прилагодиш облеката.
И јас го изнесувам бебето 2-3 пати во неделата обавезно. Ќе си ги облечам убаво и мала прошетка во паркче или по братот одиме да го земеме од градинка. Моето е 7недели, а го шетам уште од втората недела. Многу и луда ме направија,како така бебе кое немало 40 дена да сум го видела надвор,па после ладно било ќе сум го настинела, абе боже чувај од секакви луѓе и коментари.
Јас и 7 пати неделно сум за да се шета бебе. Се додека е во природа, на воздух, без гужви, без затворени простории и времето на шеткање прилагодено на возраста, нема штета.
Здраво девојки, активна сум на форумов, само не во темава сеуште Се породив на 7ми, значи бебче утре прави 2 недели и имам еден куп прашања Дали некој користи Recol bimbo капки против грчеви? Ми рекоа два пати на ден, на 12 саати по 5 капки, некој друг да ги дава вака? Друго - како го чистите носето (мрсулчињата)? Пумпица смее ли сега? И некои морски капки за омекнување пред пумпицата или физиолошки раствор? Секој различно ми кажува. Ве молам искуства, фала ви
Пробај со пантенол неколку дена. Кога ќе го бањаш убаво избриши го да е суво исто и ако му тече млекце од устичкатаа додека јаде се влажни и тоа пази.
И јас го делам истото мислење со тебе, ама Љубљанава ни е дождлива па не е возможно секој ден во овој период.
Рекол бимбо е пробиотик. 1 на ден давај доволно е.За грчеви земи си лактаза( колипрев) и ништо друго.Морски капки и физиолошки раствор е исто. Само малечко е не ставај спреј, туку ако има потреба капки(синомарин, изомар, аквамарис). Аспиратор најдобро да не користиш, малечко е уште. Ама ако веќе мораш, земи си од оние не со вакум туку со цевче, ти да влечеш( пр.носефрида)
Не се битни мл, туку концентрацијата. На пр. 400 ИЕ во една капсула бејбитол. Таму во дневна доза 0, 5 мл колку ИЕ има тоа е значајното?