@honeyboney со судо крем да пробаш ? @..barbie.. јас излегувам надвор ако ме штипе во носот од ладно не ја вадам ,ако не излегуваме на тераса 10-15 минути зависи кога мене ќе ми достуди. Може треба повеќе надвор ама со домашните не можам да се разберам . Околу Д3 матичната ни рече на бабутол да ги давам тие ,ама цело време се мислам да не се малку читајќи ги коментарите тука и на ФБ од други мајки. А на контрола ни рече дури на 6 месеци ,сепак ќе ја однесам побрзо сега на 26 треба на вакцина да одиме и планирам пред вакцина да ја носам кај неа па ќе прашам баш.
Дали колимил или ваја или Бекутан ја имаат во нив ? Не можам денес да излезам да земам ,ова имам дома дали да и дадам ?
Го изнесувам 2-3 пати во неделата обавезно. Го облекувам убаво и си го возам со количката по 1-2 часа. Му треба свеж воздух на секое бебе, полошо е да е само дома затворено.
Не Ваја пробиотик...давај си секако. Бекутан немој молим те. Иначе Дна Анни фарм мислам од Капитол прават достава. Јави се прашај ги
Јас давам рекол бимбо и сум многу задоволна, до сега немал проблеми со столицата, бебе е 3+++. Инаку рекол бимбо не се капки против грчеви туку е пробиотик. За грчеви давав колактазе, но многу кратко, немаше бебе некои страшни грчеви, неколку дена само. Во носето ако има потреба ставам физиолошки малку, па по 2-3 мин оно кивнува и ги вади на површина, па со чепкалка за уши внимателно ги вадам. Пумпица не сум користела и мислам дека не треба да се користи за толку мало бебе поради опасност од оштетување на слузокожата на носето.
Не може да се дава еднаш на ден ако дозата е 2 пати на ден по 5 капки. Така се пие овој пробиотик, не е предмет на доволно и недоволно
Ние бевме во Словенија кога го купив, бидејќи користев биогаја ама ни заврши па таму барав пробиотик реутери и ми понудија рекол. Во упатството пишуваше 5 капки дневно, потоа продолжив тука исто да купувам ама не пречитував. Во македонското упатство пишува 2 пати дневно по 5? Оти обично пробиотици се даваат 1 дневно...
Дали е нормално за бебе од 2 и пол месеци да кака преку 1 ден? На секои 2 дена кака по еднаш. На ад сме. Давам пробиотик,ме интересира само дали е нормално и дали некој има вакво искуство..
Др. Тасиќ на клиника. Специјално го викаа да прегледа новороденче што имаше проблем кога се роди, сите рекоа дека тој доктор бил најдобар.
Тасиќ е нефролог не е уролог. Уролог е Симеонов од Систина. И Кузмановска проф сега е во Ремедика е нефролог.
А како ги даваш Recol bimbo? Мене ми ги препишаа по 5 капки на 12 часа. И од витамини што давате? Мене ми рекоа само д3+к1 сабајле пред оброк по една.
Здраво, дали некој може да ми каже како се користи маслото на фрезидерм за теменица? Ми го даде другарка но го нема упатството.
Др. Чадиковски доколку е комплициран случај и има потреба од оперативен зафат (се надевам дека не). Др. Ристе Симеонов е баш уролог, само не збори многу ама го бива, знам за случај во кој детето се излечи успешно кај него. Двајцата се во Систина. Доколку се одлучиш за државно да знаеш дека е лудница со короната, ако нема термини кај докторите ние успеавме со 24 часовен, па после ни дадоа интерен за да стигнеме до докторката што ја сакавме. Исто ги давам и јас 2х5 капки, гледај да биде на гладно. Д3+К1 до 3 месеци, после продолжуваш само со Д или плус омега.
Јас имам одено со малото кај Симеонов мене па доста комуникативен ми се погоди. Се ни кажа, поставивме прашања дури ни даде и број да го бараме во било кое време. Позитивно искуство ми остави @Snowflake92 да те тагнам чим ти потврдуваат носи го как Симеонов нема да згрешиш ако не ти се чека на клиника некаде
Ако ти е за проблемот што го имате најлогично ми е дека птво треба да се јавите на детска хирургија, незнам дали има детски уролог, ипак уролог е хирург, а Тасиќ и Шахпазова се педијатри супспецијалисти. Каде ке ве насочи најпрво матичниот таму одете.
Па може не му бил денот Јас малиот го носев за водена кила и многу го стискаше, многу ми плачеше, јас за рацете го држев, татко му за нозете Тоа ми беше еден од најтешките моменти досега и само гледав да си идеме побрзо. А може и немаше што конкретно да каже, не знам. Ама дека е добар доктор нема што.