Бев до систина и они така ми кажаа и педијатар потврди дека нема потреба од омега сега на оваа возраст повеќе била маркетинг побитно било д3 на кого да веруваш, во некои ад има и омега мислам дека во хип комбиотик имаше
Мене Антоније ми рече колку кила, толку капки пливит д3 и дека сите имаме зголемена потреба од тој витамин. Како ќе накачува килажа, така да зголемувам. Сега има 5 кг и прима 5 капки, и баш потенцираше Антоније со 12 кг одат 12 капки (буквално ми кажуваше за да знам и да не ми е страв да накачувам). А кога примаше бејби тол, препишани од педијатар имаше 3 кг и примаше д3 како за 4кг, односно поголема доза.
Девојки што правам погрешно, бебе после цицање многу често ика? Ќе ждригне, ќе бљуцне малку млеко, ќе ја легнам и почнува да ика... Прекинува ако ја ставам пак да цица (ова патронажна ми кажа)
Мислам сите икаат моето многу икаше на ад беше и немав што да му давам и ќе поика ќе помине. Ти дај му нека цицне ќе помине
Ништо не е погрешно ,сите икаат. Мене со тоа икање ме изедоа , септември колку беше жежок она ќе почне да ика баба и трчаше да ја мора во ќебе и студело. Икањето се случува кога ќе голтнат од млекото назад и се лепи дијафрагмата,мене така ми кажаа(патронажна) ставај си да цицне ќе помине и готово ,а некогаш и само од себе поминува
Се консултирав, со тројца.и ортопед и педијатар. Профилактична доза е 400и.е за бебиња до годинка, секое бебе е индивидуа кај која прегледана од ортопед е зголемена дозата, ако има потреба. Можно е да се работи за дечиња прематурни, или дечиња кои со дохрана не внесуваат доволно витанмин Д, дечиња со намален тонус, помала активност на раце и нозе. Плус и од самиот преглед е, преглед на фонтанела, ребра, коски и само тие можат да прегледаат, дали се меки коските. Затоа се прегледите за да се следи и корегира дозата. И лабораториски се испитува ако треба до каде сме, да се виде. Конкретно за моето бебе ми кажаа максимална доза да биде дневно до 600и.е. И 400 било сосема доволно, но доколку би оделе плус максимум можам до 600 да одам. Ризикот од хиперкалцемија не е мал и не треба да се претерува.
По тоа што прочитав на форумов, скоро сите што ги носат своите макечки на ортопед кај Антоније пијат пливит д3 и дозата е, како што кажав, 1 капка=1 кг.
Nas ortoped od remedika Ivanka- ni rece za vit D pedijatar ke vi kaze kolku ..♀️i sega sme d&omega i plivit d3-3 kapki (3ipol meseci ima
Освен на нас ништо не ни кажа освен што рече педијатар да ни кажел кои да ги пиеме. Можно е да има врска дека е моето на ад вие што пишувавте претежно на доење сте како што гледам
Не знам за омега и д3 витамините кој е постручен? Ортопед или педијатар? Ортопедов вика една капсула омега на бејби тол и д3 пливит со зголемување на доза напоредно со тежина, а педијатарот една капсула д3+омега и уште една д3, двете на бејби тол до година ипол.
Само на доење си? Искрено не знам кого би слушала ете антоније ми кажа педијатарот ќе ти каже како да даваш штом сте на ад.
И двајцата знаат дека си така претпоставувам те прашале Во ад има дози на д витамин ја претпоставувам педијатарот знае мојот само ме праша дали давам и колку 1 капсула на ден Д3. А претходната докторка што требашњ матична да ни биде па не ме ни праша. Јас само давам д3 со омега 1 капсула дали е како што треба или не бог знае валда е ок ја само прашувам ама ми викаат сите терај
Исто и мене педијатар ми кажа само д3 со омрга бејби тол. Или др. Лео ако ги немало бејби тол само една капсула. А поголемото до 6 месеци пиеше д3+д3 со омега. На доење беше само исто педијатар ми ги дозираше. А баш прашав Иванка во ремедика колку д бидејќи читам тука сите кај Антоније зимаат повејќе рече тоа педијатар одлучува. Да не знае човек кај кого да се сврти...
Мене и ортопед и педијатар исто ми кажаа д3 плус д3 со омега уште од третиот месец. Ама наводно зошто бил многу бел нешто спомна ортопедот ќе му требало поголема доза д3.
Јас уште пред да искочам ми даде испринтано од кога да почнав д3 со д3+ омега т.е. од трети месец најверојатно ова на сите им го даваат ова зборам за ортопед кога бевме на 6 недели кај ортопедот ништо не спомна да напоменам дека бебе мое е како во штекер брзнато ден и ноќ мафта со раце нозе дури и седи само што јас не го оставам долго сакам да кажам дека уште од сам старт дозата била да се прима по 800 д3 од трети месец. Најверојатно секој различно си ги води работите. Али еднонам за да се одредува доза треба да се испита за да нема предозирање или недостиг на истото