Мене и ортопед и педијатар ми ја дадоа истата препорака за Д витамин (Антоније и Марина од Ремедика) 200ие на кило уште пред да му омекнат ребрата. Значи не беше поради проблем туку редовна доза. Веројатно летно време ќе се намали малку дозата, плус Д витаминот се троши на дневно ниво и мора секој ден да се прима потребната доза. Нормално, секој ќе си го слуша докторот на кој му верува. @Alishan30 Преку која храна се внесува Д витамин? Јас мислев само од сонцето се прима.
Исто е и моето скоро секогаш после млекце ика, ми кажаа дека е нормално и да се остави само да му помине
Не знам дали е скок 4 дека претхпдните немаше некои драстични промени. И спремам млеко, го гледа шишето и отвара уста, и давам да јаде и почнува со плачење и тргање од шише. Искуства? Чекам да ми се јави докторката. Само во тек на ноќта јаде без проблем И нонстоп става се во уста
Исто денски се трга само не плаче си пие он ама едно 100 пати ќе се тргне до сега на рамно го ранев сега малце го поткревам му наоѓам позиции па некако успева. Пробај со некоја перница поткрени ја дури пие да видиш дали ќе има разлика Инаку исто ноќе нема промени пие не се трга
Јас цело време на рамно му давав поима немав дека не треба. И сега почнав на перница и кога ќе му најдам положба не се трга. Баш ако се чуеш со педикатар пиши ми што ќе ти каже
Ние сме само на доење и истата доза ја примаме д3 и д3+омега по една капсула по препорака на ортопед Каличанин.
Истово и мене ме советуваа. Како профилакса да добива 400 до 500единици дневно, дека коските им се во постојан раст и не може надворешно да се одреди дали им треба поголема доза. До второто доживеано лето се дава таа количина. Меѓу другото, попрепорачливо е таблета растворена, отколку капка. Имено капките на собна температура се поголеми и поконцентрирани и содржат до 50посто повеќе единици вит. Д (околу 670, наместо 400), а и неретко се случува место една да капнат две Јас од практични причини давам капки, сепак не е голем ризикот од предозирање ако некогаш случајно капнат две наместо една
Четвртиот скок беше плачки при цицање, вртење глава настрана... Доење или шише само во полусон или со шетање низ соба успева Пробај така
Zdravo majki, po preporaka na pedijatar mu staviv na bebeto staro skoro 1 mesec eozin 1% na obravceto kade sto e isfrleno ama gledam deka bojata ne se brise, ima li nekoj iskustvo so upotreba na eozin 1%?
Да ве прашам бебево ми е 3+++ не се врти скроз сам на стомак ми се држи за прст и така се врти. А го вратам на грб е нервозен многу а на стомак ја заринува главата во земја се одбива со нозе и така се движи. Ќе го кренам тргнам вришти. Дури е буден е само на стомак инаку не сака нервозен е. Ај тоа е ок ама лицево си го заринкува за да се движи го посматрам секако го кревам ама нели му е рано за лазење? Мислам да му текне дека главата треба да му е горе ќе пролази. И еве по цел ден сме легнати на земја да може да е на стомак Да не не треба форсирање многу ова на стомак? Нели е мал за така јако да се одбива?
Не е, слободно оставај го. И мојот така почна со главата надоле и само со нозете се туркаше, па му текна да ја крене главата и почна војнички да се влече околу 5+ ама споро и неколку метри. После го усоврши и леташе по паркет, а од 7 мислам лази убаво на четири. Сега на 8+ лета низ цел стан. Не е форсирање се додека сака сам, а и нема штета. Баш убаво ќе се уморува да си спие. И моето е такво цело време брза да порасне, на 2+++ почна да се врти на стомак, а на грб доста покасно. Има бебиња што покасно почнуваат, прво си вежбаат, усовршуваат и за брзо се вртат и на стомак и на грб.
До сега убаво само се креваше и мајка ми ме убедува не го ставај мал е така да прај ама и ја викам зошто да го спречувам он уште се нема свртено ама за некоја недела ќе биде при крај е Фала ти ништо ќе го оставам како сака така
Се што прави сам, не го сопирај. Само биди до него и припомагај му. Наскоро ќе лази. Мојата повеќе од 2 мин не издржува на стомак, јас ја ставам, таа нејќе, а кога лежи главчето и е нагоре исправено и разгледува. Сама не се врти, сеуште. Мислам да не го одвраќаш твоето, како си сака-така
И он беше така сега смени поише на стомак му е интересно и да гледа се смее. Тенкју Максимум 30-40мин? Па ортопедов наш ни кажа стално да е на стомак дури е буден (иако не е дел од денот во креветче и во релаксатор е) он е сигурно повеќе од 40м дневно
3 недели и 2 дена има бебче, никако не сака да седи во релаксатор. Ко ќе се разбуди цица и така сито си седи со очите отворени два часа, ама само во раце кај некого Ко ќе го ставам ви релаксатор писка одма, како во коприви да го ставам Сама сум по дома 12 сати рацете ми паѓаат малку е и тежок. Не знам како да го научам да го засака релаксаторот.
Не, не, не се докажав. Не е страшно ако има и повеќе. Јас те разбрав дека ти сакаш повеќе, а тоа не сака, нема врска, грешно разбрав. Можеш и повеќе слободно. Мислам повеќето бебиња не сакаат, па затоа пишав ако достигнеш 30-40 мин максимум е одлично. Најмаксимално во денот (доколку бебето сака) јас би одела до час и пол - два, за бебе од 3-4 месеци. Повеќе од тоа, не велам дека пречи, ама не знам, не сум сигурна, веројатно не пречи штом рекол ортопед. Вежбаат мускули и спречуваат сплескано главче