Колку има бебето? јас во болница кога бев немав млеко, едвај кога би ги стиснала силно безбојна капка би излегувало.. и кога стигнавме дома купив аптамил големо и шприц, мислев готово немам млеко и крај ама бев упорна го ставав на цицка и ако немам уште млеко, 4 шприца дадов и толку ете ја кутијата цела.. а бебето машала цица само сега.. биди упорна за цицање..
Денес 3 дена како се роди. Иначе цицаше цела вечер и спиеше мирно, сепак се плашам да не е гладна па дали да пробам барем со шприц додека не ми надојде убаво млеко.. Патем, овие витамини ми ги кажаа да и ги давам, мислам со син ми само првите му ги давав? Или и вторите треба ? Од 8ми ден на раѓање така? И кој пробиток е најдобар да си земам? Капки за грчеви имам на Nurse Harveys? Сега малце ќе ве замарам, да ме потсетите
Прбите до 3 месеци ако си на доење, а ако не само витамин д. Вторите од 3 месец до годинка. Мој совет немој со шприц, дете ако спие мирно и не плаче не е гладно (освен ако имате жолтица). Дете на града само и ќе се регулура лактација. Рачунај дела на почеток може долго да трае подојот, нема сила а после брзо ќе се заситува.
Пс. Пробиотик јас не давам така да не можам да те советувам, а за грчеви исто ние имавме една недела и тоа ништо страшно и давав колиев колку да не е дека нешто не сум пробала
Ако ти кажале од двете од двете. Јас давав така по препорака од болница. Од 8 ден до 3 месец (односно додека не ги потрошив) а после третите по препорака од педијатар. Пробиотик прво биогаја ми дадоа ама од него ја фаќаа грчеви ,значи давам и по 10 минути се витка цела небитно во кој дел од денот. Па затоа сменив на ваја досега добри се. За грчеви користев колимил ама џабе ,повеќе помагаше топло на меше ,пелена а подоцна баба ми ми кажа со трици да направам како перниче ,го топлев во микробранова одма и поминуваа.
Од 8ми ден се даваат д3+к1, д3+омега јас давам од 1 месец навака. Пробиотик давам рекол бимбо 2 пати на ден по 5 капки и не сум ги сменила, задоволна сум. Во однос на столицата - можеби сѐ уште се чисти организмот, не мора да значи дека е гладна. За грчеви колактазе или колипрев се ензими и мислам дека е најдобро со нив да пробаш. Ама на секое дете различно му одговара.. Инаку пред да дадеш препарат, можеш да пробаш со топла тетра - стоплена со пегла, перниче со трици стоплено во микро или овие перничиња за грчеви што се продаваат - полнети со семки од цреша исто така стоплено во микро. Поентата е да ставиш нешто топло на меше. Можеш и масажи да правиш со нозете како возење точак или со раката кружни движења на мешето.. Сигурно ти се познати работиве дека е второ, ама еве за потсетување
Д3+К1 давав, а омега мислам после 1 месец почнав. Пробиотик давав биогаја ама нешто немаше ефект, па ја сменивме со ваја и уште терам со нејзе задоволна сум.
Од кога почна да сака? Стварно имам добар релаксатор и со музика и со автоматски нишкање од згора играчки се нишкаат ама не сака дете и не сака.
Мало е, не разбира од играчки уште и сака да се гушка изгледа повеќе. Кога ќе почне да ги гледа да сака да ги фати ќе го оставаш по малку.
Здраво девојки. Ќе ве замолам за совет. Бебето ќе полни во понеделник 1 месец. Се молзам и го пие моето млеко а и го ставам на града 2 пати во денот ама се нервира зошто му е полесно со шише . Навечер зошто немам толку многу млеко пие аптамил 1 еднаш или два пати . Кога се молзам му давам 100 мл зошто ако му дадам помалце вршти пишти ... додека од аптамилот пие по 120 мл. Да потенцирам дека е лаком. Секогаш е гладен бара некогаш и на 1 ипол саат да пие па го лажам со чај му давам и тоа го пие. Педијатарот ми кажа дека нормално е да пие по толку но да му давам после 2 саати. Роден е со 3610 кг, испишан од болница 29 декември со 3280 , на 15 јануари мерен 4300 Ме интересира дали е нормално да пие толку многу млеко за негова возраст ? И дали можам да давам 200 мл во текот на цел ден чај зошто се случува да бара и на 1ипол саат да јаде..
А да не има грчеви?даваш капки и пробиотик? многу е на му прајш проблем со мешето зборам за ад па и мајчино бар саат ипол. Убаво ти кажал педијатар ако е само на ад. Ако даваш молзено можеш 30мл дохрана да правиш не повеќе. И чај тоа е многу за бебе 200мл е доза за дете. Можеш анасон 30-50мл ако се сомневаш во грчеви
Ад пие само ноќта во 1 саат и во 4 саат не го мешам со мајчинто млеко бидејќи немам тогаш едвај 30 мл па за да не ги мешам давам само ад а после кога ќе му се пријаде во 7 бидејќи се полни градите си пие од моето млеко. Иначе давам био гаја 5 капки и еспумисан л два пати по 20 капки
Едно кило за 2 недели нели е многу? Знам со цицање нема ограничување, ама на имање млеко да даваш толку ад и чај стварно мислам дека нема потреба. Особено од чајот... не е поентата само да се засити во моментот и да е мирен. Пошто се нервира со цицање, пробај да му дадеш малку измолзено, да се подзасити, па после да цица. Нема да е толку гладен и нема да се нервира, може ќе фати. Ако сакаш да доиш, можеш да даваш со систем за дохрана или си шприц, за да не се учи на шише. Или молзи се и давај измолзено, ама да знаеш дека за да одржиш лактација треба постојано на 2-3 саати да се молзеш. Бебе плаче и од друго, не само од глад... мислам дека сериозно може да се направи проблем со желудник на бебе од 1 месец кога добива толку течности, особено чај..
Јас се молзам на секои 2 или 3 саати АД како што пишав давам вечер само зошто немам веќе млеко тогаш ... ако му дадам помалце пишти вришти.. а чај пие 100 мл но не од еднаш цел туку во текот на целиот ден
Денски само бара . Навечер си спие се буди на 3,4 саати . Преку ден знае да спие ама некогаш се случува да не ми спие цел ден... и бара на 1 пол саат
Чекај го барем месец - двада направи, уште не ги регистрира играчките и музиките, после откако ќе стане свесен за околината и ќе почне само да си игра, ќе го обожава. Моево како магепсано гледа во тоа ламбичките што светат над него.
Изгледа дете има грчеви денес, спие само на стомак кај мене, кога ќе го спуштам во креветче мрда со раце со нозе и одма се буди, кај мене на стомак ок е ама ми е страв да не се искриви. Жива не јадена сум ид синоќа. Немам време.
А да пробаш нешто за грчеви да му дадеш, термофорче да му ставиш. Јас така кога го спуштам со една рака мешето му го држам со другата го нишкам по газето.