Па ова го топлам во микро и го ставам на стомачето како песок е не знам од болница ми го дадоа за кога ќе го боли стомакот, ама ништо пк плаче само кај мене е мирно.
Ако има до толку дај му против грчеви нешто знам @Leksikon збореше за колипрев можеби ќе му помогне и @Alishan30 мислам дека користеше Нурс Харвеј и дека и помогна доста
Да ми помогна доста сирупот може и тој да проба @BabyD0ll но јас го давав во комбинација со капки колактаза, или колипрев, подоцна давав саб симплекс но тие се по состав симетикон, сепак последен избор би го дала саб симплексот. Најпрво со колактаза, колипрев, колиев капки може да проба, и плус пробиотик.
Срце мало да е жива и здрава види ти со рака стисни ја брадавицата ако има барем и мала точка значи има, и ако нека е на цицка долго ќе ти надојде млеко се повеќе со нејзиното често доење. и гледај ако голта на грлото и стави рака да осетиш дали голта, сега и малку им треба.. ти пак види ако многу плаче пробај со шприц, немој со шише нема да знае после цицката да ја фаќа, јас ти кажувам како јас поминував, прво дете и немав искуство со бебиња.. тие витамини и мене ми ги препишале и двете ги земав, му давам една наутро од д3+к1 и другата навечер дха или обратно, а понекогаш и на секој втор ден.. од дха јас кога бев бремена пиев витамини pregnacare со omega 3 dha и знам дека е добро и за мене и за бебето во стомакот.. сега кога ќе ги потрошам црвените само на д3 ќе остане.. а за грчеви мене ми ги препишале coli prev капките по 5 на ден ако има грчеви пред доење.. а за пробиотик biogaia му ги давав кога имаше мака со грчеви исто и викаат дека е добро по 5 капки на ден ама не сакав така да му давам без ништо.. сега има 3 ипол месеци скоро , и му се намалуваат грчевите.. и со доење ќе има помалце грчеви зошто помалку голта воздух а со шише повеќе и имаат поголеми маки и бебето и мајката.. не се откажувај од доење,, и не замараш, ако знаеме нешто ќе кажеме свое искуство, и мене е добредојдена секоја информација
Моете е скоро 3 ипол месеци, почна да гледа чисто мислам ама бојата уште не се познава, можеби до 6 месеци ќе се покаже
Држи топло нема штета. А тоа перничето знаеш, врз нешто памучно немој директно на кожа. Инаку најдобар избор ти е лактаза, бидејќи недостигот е причина за појава на грчеви. Јас за колипрев спомнував, бидејќи кај нас се покажа најдобар. Ама ако не живееш во мк барај било што со состав лактаза. Не давај нешто што има симетикон никако!
Мајки, пишав во други две посоодветни теми, меѓутоа бидејќи гледам дека оваа е поактивна, решив да си прашам и тука, па доколку некоја е поупатена да ми појасни. Дали може бебето откако ќе се роди да нема проширување на пиелонот на бубрежето и после 2-3 месеци да се појави или доколку го имало после неколку месеци да се зголеми? Исто така, ме интетесира која е разликата при снимањето за рефлукс во Плодност во однос на Систина? Многу сум загрижена и би ви била благодарна, доколку некоја знае да ми одговори. Благодарам.
Проширен пиелон може да значи дека е присутна уринарна инфекција. Тоа значи да немало и може да се појави(прошири).Добро е повремено уринокултура( седиментација) да проверувате. Исто доколку бебето расте без присутни инфекции проширувањето може самонда се повлече. Најбитно е ако има температура или било што беба, секогаш да направите испитување на урина прво, па да се почнува со антибиотик, како правилно би можеле да следите состојба. Се подетално ќе прашате детски нефролог
А дали знаете дали може да се зголеми проширувањето, а веќе го има, само од себе, не доколку се работи за уринарна инфекција?
Ако нема уринарна инфекција би требало да се повлече. Како и да е се препорачува 1 месечно уринокултура за да се следи. Во моментов нема инфекција, но можеби била присутна. Секако не се плашете, треба само следење, позитивно е тоа што нема инфекција. Прати диуреза тоа е значајно. За се друго мислам дека е најдобро да си го слушате нефрологот. Што, зошто и како овде може само да нагодуваме...
Може да имало мал рефлукс и затоа не било видено во бременост или по раѓање. Таквите дечиња се склони кон чести инфекции и тоа е прв знак да се провери дали има рефлукс. Зависно од степен на рефлукс се одлучува за терапија (неоперативна, профилактична антибиотска или оперативна). Проширен пиелон може да значи и пиелонефрит но би одел со висока тт и сигурна уринарна инфекција. Плодност колешка беа да прават и се презадоволни, таму и во ремедика е проф. Кузмановска.
Јас уште сега знам на мм ќе има јас има кафени он плави и сигурно нема на кафени да му свртат иако е рано да кажеш
А прати сега ситуација кај нас... Јас и мм имаме зелени, синот има кафени, а бебе темно плави сега за сега. Едно со друго не се поклопуваат. Изгледа од другиве членови во фамилијата децава ми наследуваат боја на очи.