А зошто се испитува ова? Какви знаци има кај бебето што укажуваат дека треба вакво испитување? Кога прочитав за рефлукс, мислев дека се работи за проблем со повраќање, ама твоево објаснување ме зачуди..
Овие се мали и го пазам ама и да се удри тоа е не се удира пре јако. Тие плишаните ги лапа ама страв ми е колку често и да ги перам пак не ми се толку чисти некако. Стојат фаќаат прашини. Ова во жешка вода со бебешкиот сјај за миење и му ги давам
За бубрези е испитувањето, на ехо се гледа проширен пиелон. Рефлукс означува враќање назад, може и од мочен меур во бубрези да се враќа урина.
Нема симптоми како болка некоја, ми рекоа дека не го боли ништо. На ехо се гледа, може да се забележи додека е уште во стомак. Или чести уринарни инфекции ако има, па да се прегледаат бубрезите и да се открие.
Ни објасни, ама на другарка малиот во Систина го снимале, не ни им спомнале воопшто за во Плодност, па не ми беше јасно дали за истата постапка се работи или не. Не сум многу упатена, а и искрено, верував дека нема да има потреба воопшто од снимање, ама сепак не било така.
Па тоа зависи кај кого ќе одиш на прегледи, толку и ќе ти објаснат. Нам Кузмановска ни ги кажа опциите, ни кажа каде што се испитува и остави да си одлучиме дали сакаме во Систина со зрачење или во Плодност без. Треба да ги кажуваат овие информации каде и да одиме. Испитувањето е за рефлукс и таму и таму, само што не е ист материјалот со којшто се работи. Засега само во Плодност го има ова испитување без зрачење, на државна не знам колку може да се најде термин, колку би се чекало и дали воопшто им работат апаратите. Ова испитување е најлесно. Знам дека си загрижена, знам дека само таму ти паметот, но ќе помине и не е ништо страшно. И јас бев избезумена, но знам дека мора да се оди за да помине, да се направи, па ги прифаќам сите опции само да е добро бебето.
Н НА почетокот да. После два три месеци навечер не го подигам зошто и онака ретко ждригнуваше или некогаш кога го поместував да го вратам во креветче ќе ждригнеше.
Му ги ладиш ли прво? Јас му давам вакви ама не е многу заинтересиран ама затоа тропки кебиња блуза лигавка се живо става во уста. Сега му купив и цуцла глодарка ама џабе
Каква е таа цуцла исто во аптеки има? Инаку не ги ладам бар не секогаш. Ама некогаш ги сака му ги играм пред него и заинтересиран е. А за друго секако што му дое на дофат пика. Лигавчиња веќе не му ни оставам пошто со рака во фаца си ги пика се тегне моите раце ми ги фаќа да ги стави во уста и се нервира ако му тргнеш нешто
Врска нема глодалкава Мојот и понатаму не е заинтересиран за оваа, не ја користи како што е наменета како цуцла. Може да ја држиш и ти да му ги чешкаш непцата со неа, можеби така ќе сака, пробај. Баш ја најдов деновиве и сакав да пробам дали сега како поголем ќе знае што со неа да прави, но ја грабна и ја тргаше, па ја ставаше во уста, но пак не како цуцла, повеќе пластиката ја гризеше.