Па ете има и такви де. Во глобала повејќето се смируваат во кола но како ке ни биде интересно ако сите се исти. Може и поарно ке си заспива сам
Тие знаат. Лимфоцитите не е страшно да се малку повисоки, тоа е доказ дека бебе е во контакт со надворешна средина. И кај нас беа, па беше вакцинирана ќерка ми
Денес беше патронажната, бебе напредува 5210кг има сега. Супер си е се, ми објасни дека ќе влезе во прв скок наскоро. Мене лепенката ми ја извади, раната е супер рече, ама јас видов конци и ќе умрев толку ми беше гадно. Уште па една во раце ми отана Ајде битно се е во ред.
Од сабајлево има жолт секрет во едното око. Ја чистам со газа натопена со вода но цело време и се појавува пак. Од што може да и е? Со што да и чистам? 4 дена сме
Инфекција, затнато каналче, треба да се провери. Најдобро да се консултирате со педијатар. Во меѓувреме може да чистиш со стерилна газа и чај од камилица, или офталмолошки физиолошки раствор.
Да се замешам за камилицата. По нови истражувања, не е баш небезбедна. По состав е поблага и доколку се работи за бактериска инфекција може да служи како храна за инфекцијата. Физиолошки раствор може и стерилна газа, и евентуално педијатар за да закажат за брис од очи, од нос и уста. @mssuniquee
Мора да кажам дека прв пат слушам. Камилицата е на далеку прочуена поради својот анти-инфламаторен состав, зборуваме за чист чај од камилица, не со додатоци. Каде читаше за ова?
Мене и во аптека ми рекоа камилица никако на очи, нешто ми спомнаа и алергиска реакција може да се појави. И тоа за мм се работеше, па претпоставувам дека за бебе па ич не се препорачува. Пробај упорно масажа прави на внатрешниот дел кај окото додека го доиш, кај тоа како топченце што е, ќе се одзатнуваат каналчињата. На моево само тоа му помогна.
Моето појави алергија на чај од камилица.... Не би ризикувала на бебе понатаму,еве и јас не знаев среќа само со кожна реакција помина.
Исто моето имаше бактерија и јас и камилица и мајчино млеко што сум читала му ставав и бетер му стана. На офтамолог ми кажаа само физиолишки раствор чистење од внатре према надвор никако со триење во двата правци. Се друго е благо како и камилицата и повејќе бактерии се лепеле. Од тогаш само физиолошки раствор на газа