Само мајчино млеко, капни во окцето една-две капки и масажа на крајот кај окото, тој дел што е поврзан со носето.
Вчера ми се плачеше од умор, ама и тежок е не е лесен, да менуваш позиции напорно е. Ете сега во транспортерот го заспав, од 8 часот утро по 30минути спие и се буди, абе го искапив го нацицав, памперс чист, ништо не помага.
Нека помине скокот и учи го во креветче, најди начин (јас најдов да кажувам што никогаш не најдов начин ама од мака те советувам). Јас си го научив во раце заради грчевите и еве го 9кг, уште заспива само во раце или количка. Да си признаам, пред пола саат плачев од умор. Добро е што со тек на време кичмата се навикнува на килажата
Јас прашував тука дали е поубаво да се учи во скок кога е или одпосле не добив одговор. Еве во 4ов скок пресудно беше што ми се измоча вечерта на мојот кревет и морав кичма да скршам на гарнитура и од нареден ден одма го ставив среќа моја си го прифати уште одма и птодужи да си спие. Почнав со дневните дремки два три дена унапред само таму да спие и од кога се измоча нареден ден и вечерта го ставив. Е сега моево прифати одма сите бебиња се различни така да може и другите би прифатиле али треба да се проба, јас мислев ради скокот дека ќе вришти али сосема спротивно е, да напоменам дека маста ми ја извади во овој дкок среќа уште три дена имаме и завршува
За мојов проблем јас сум повеќе крива. Тој почна да си спие во креветче на 2-3 месеци ама дека од мал ми се буди пречесто за цицање, се будев многу уморна и за да си 'олеснам' си го ставав до мене и кога се буди само ја спуштам маицата. Сега детето си е навикнато и си бара близина. Да не спомнувам дека сама го чувам и е премногу приврзан, мислам нормално секое дете си е приврзано за мајката ама моево кога доаѓа време за спиење не сака никој да види освен мене. Може и ќе спие во креветче ама не знае сам да заспие и пак мора во раце.
Ние сме сега во 3 скок и дневните дремки му станаа пократки за разлика од претходно, се мачи да заспие, кенка, се тегне, по нервозен е, и сега само во релаксатор сака да спие преку ден, ама среќа ноќе сеуште убаво си спие и во креветче. Не го успивај во раце, така ќе се научи после цело време така ќе сака да заспива.
За рацете стандард реткост е и кај нас да заспие сам. Али штом сте на доење ти си таа што мора да му дадеш за јадење да е на ад е подруго знаеш колку ќе испие и си презаспива. Мојов заспива во 9 станува во 5-6 сабајле за јадење и продолжува до 9 . За близина да ама саат време некогаш да хо нишкаш кичма страда ептен кога ќе треба да почнат да одат ќе нема да можеме да се наведнеме . Маж ти не може денски кога е дома дда го заспие барем за дневни дремки или викенд зависи како му е работно време? Излудувачки е еден само да го чува детето само особено кога нема опција за надвор да се прошета
Јас сега имам нова техника два дена хаха седнувам на среде спална потпрена на потпирачот назад ,свиткани колената бебе на нозете и си се нишаме ,ем таа нанишана ем јас седната,заспива некогаш за 1 час некогаш за 15 мин ама битно не шетаме низ соба ко шљаки
Ааа јас го шетам и сега надвор, само ептен да не дува. И на - 5 го шетав. Маж ми не може зашто или не е дома или од дома работи. Од едната баба вришти, со другата заспиваше како помал, сега нема шанси. Се навикнав веќе, бидна туку некогаш ми доаѓа премногу, ќе се исплачам и како нова сум
Исти сме и ние само што до скокот има уште две недели така да не знам што ќе биде тек тогаш, иако сега му е време за скок доколку би се рачунало од дата на раѓање така да не знам веќе што да кажам ама живи ненаспани сме
Не е баш зацртано дека е според термин ,или барем кај мене не е според термин туку според дата на раѓање. Значи ќе си приметиш по понашање.
Леле а мојов 3 месеци е мене кичма ме убива, за секоја дремка и навечер да го нишам во раце низ соба а се надевав да порасне малку ке се одучи сега се разочарав да си купам космодис ќе треба значи
И јас да се надоврзам. Мене од бебе ми спие во креветче, понекогаш го ставам меѓу нас кога примаше вакцина или кога не беше добар. Ама сум приметила меѓу нас подолго сврзува. Во креветче на 2 саати точно се буди за цицање, а ако сум го успала во количка (транспортер) или кога ќе стане во 6 да цица го земам до мене, знае да отспие и до 9. Еве ноќеска додека цицал сум задремала и го оставив спиеше од 3 до 8 на кревет со нас, што сам не му се случува... Зошто крива, па ние сите на некој начин сакаме да "учествуваме" во заспивањето бар тоа последното ноќно. Мене и сам ми заспиваше во креветче па пак го зимав сакав јас да го заспијам. Не мора се по книга, тоа е близина, љубов голема...јас во 4тиов скок ноќното заспивање што го викам последно, го научив легнат поред мене док цица, му пуштам музика му пеам па кога ќе заспие го префрлам во креветче. И најубаво ми е
Мајки во каката бебушот имаше како конче и мала капка крв... Три месеци и 21 ден сме, веќе две недели исфрлив све млечно од исхрана по препорака од педијатар, ни се смирија грчевите (имавме страшни грчеви) и еве сега ова ни се деси. Инаку кака по 4-5 пати на ден. Се преплашив што може да значи, чекаам одговор од матичната ама ако имате совет и искуство кажувајте, ептен се насекирав.
Тогаш не е тоа докторката рече макс 2 недели од рота има реакција. Прашав бидејќи од ротата истово се случи
Не паничи. Ако е малку можеби од напор при какање да е пукнало некое капиларче. Ако боја мирис конзистенција се ок не се плаши ништо страшно. Сепак следи види дали пак ќе има и консултација со педијатар.