До 5м треба да има околу 7кила минимум ова ми е совет од педијатар, зш во нашиот случај почнавме обратно со помала килажа поради запек дури погодивме млеко па комбинирана мсјчино +АД за да сега напредуваме добро еве во 3м 700грама плус ги качи Нека не ти биди до грам мерило зш понатаму помалку ќе качува
Мојот и крупен е роден 3700 ама неккао за еден месец многу ми се виде кило и 200 да качи Додека беше на хипп си качуваше помалку од 200гр неделно сеа се префрливме на аптамил комфорт многу ми качи. Ќе видам во вторник што ќе каже педијатарот
Кај мене за 3 недели од раѓање имаше качено 800 грама и беше само на мајчино нареден месец кило и нешто имаше качено исто само на мајчино. Треба најмалце 600 грама да качува првите три месеци така да не се секирај таман е моето е родено 3600 сега е 4 месец и има 8кг . Не ја гледај само килажата гледај ја и висината ако е издолжен и тоа си придонесува
Првото бебе ми е родено 4.720качуваше потешко од старт 600-800 големите родени качуваат побавно, во случајов вие сте супер Ќе видиш пак на педијатар, ма да не се грижи, важно е да качува
Месецот кога не давав чај си качи 800гр отприлика што е супер не му се секирај чекај да живне да почне да прета да игра повеќе ставај на стомаче деца менуваат гледам си пишала од аптамилоѕ може да е моето е на хип
Првото ми беше на АД и првите 4 месеци ми качуваше од 800-1000гр. Второво ми е на ексклузивно доење првиот месец 1100гр,вториов месец 1500 гр. Јас мислев дека е премногу ама денес бевме на контрола и нема "премногу" ми кажа педијатарот. Со оглед дека оди и во висина над просекот.
@Brpbrp @Classy Flare @Milkiway @Fatalnata што би јас без вас Едвај чекам вторник да дојде да видиме Палчевска што ќе каже тогаш сме на контрола И тоа што викате издолжен и заоблен хахаха веќе личи на детенце
Сеуште нема два месеца за некој ден ќе правиме Не му е дуплирана родилната се надевам ќе почека малце за дуплирање
Машала бравос. Ќерка ми првиот месец качи 1020гр а вториов 500гр, исто само на доење. Баш овој вториов месец ми беше мачен период, плачеше многу, на цице се тегнеше/тргаше а кога седеше будна не застануваше морна нон стоп мрдаше со рачиња и ногичиња. Јас бев загрижена за 500те грама а на лекар ми рекоја дека е океј напредок, во нормала и не гледаат причина за воведување на дохрана.
Фала мајка за пофалбата. Не знам и јас сум изненадена од себеси и од бебушката. Првото бебе не влечеше, јас не бев упорна и одма преминавме на АД. Ама сега ова бебувче и делот од братот плус го пие хехехе се шалам. Опасно цицаче. Со сласт цица од првиот ден, ама и јас ниеднаш не се посомневав во себе и млекото мое. А рацете и кичмата ми паднаа готово.
Верувам. Цицаче е и мојава, ама грчевите многу ја исцрпија мислам јас. Се изнамачи, а овде не препорачуваат капки, сирупчиња или чај за грчевите па ги поминавме така со плачки играчки и гушкање. Ама му се изнаплака. Битно ми е сега што си полни пелени, голта убаво и е весела. Градите полни ми се со млеко, после туширање кога излагам фонтани течам. Наредниов месец ќе видиме како ќе биде
И јас не сум во Мк,и овде ништо не даваат за грчеви,јас морав да пијам бејби чаеви па преку млеково да оди кај бебето.