A majki sto doite kako ste so kilaza vie ? Malku nadvor od tema mi e prasanjevo... Nie sme samo na doenje ... i slon sum .... od bolnica izlegov top so kilaza pred bremenost... sega katastrofa
@Izzy_0504 Сега баш проверив, на денот кога направи 5 месеци, си ги дофати стапалата, а на 5 и пол месеци палецот си го стави во уста.
Јас пошто додавам и ад, кога треба чај, правам 60мл чај и две лажички аптамил така ми пие иначе не сака само чај. И тука ме даваат никакви капки за грчеви само чајче.
Бато недела пред 5м почна да си ги чепка поинтензивно, на 5м првпат си ги донесе до уста. Дада му сега гледам слики, околу 4м ги фаќала, првпат ги лапна на 4+
Од болница излегов со 3 кг повеќе од таа што ја имав пред бременоста. А сега сум уште плус 5кг. Првите 2-3 недели после породувањето со сила јадев, а сега нема сила што ќе ме спречи да не јадам Се помирив со килажата, чекам да наполни бебето 6 месеци, па малку да почнам со диета. Многу благо ми се јадеше првиот месец, станував во 2-3ч ноќе и цела чоколада таманев. Сега веќе не ме тера на благо толку, а килажата стои, не оди нагоре. Ама ни надолу
@Izzy_0504 И моево сега си ги фаќа цел се кифли за да ги фати само не може да ги лапне и ржи мевот му смета и се му текнува само што ќе јаде да си ги чепка нозете иначе 4+ сме ние
4+ е и мојата ќерка. Мојата ги крева нозете, но не ги става во уста. На стомак ја ставам неколку пати во денот, се оттурнува со газ надолу да лази наопачки, и нејќе да е на стомак повеќе од 3 минути. Она изгледа е единствено бебе кое нејќе да лежи на стомак, ни јас нејќум да лежам Се си донесува до уста околу неа, и рацете и цуцлата си ја вади па наопачки си ја става во уста, не ја цуца веќе само си игра и ја плука. Сака да се шетаме во раце, свртена со грб ми е и се напнува да оди нанапред.Се притиска на тој начин на мешето па бљуцнува. Додека цица бидејќи сме во скок знае да врисне на града, и да одбива, па откако ќе ја смирам за 10тина минути, да продолжи да цица. Знае да цица па да ме погледне, препознае и да се тргне и да ми се смее гласно и толку од цицањето, се друго и е поинтересно во тој момент. Го оддложуваме цицањето, во тој случај. Ако и дадам раце за нејзините веднаш се исправа да седе, јас ја враќам назад и плаче веднаш зошто сака да седе. Нејќе на стомак да лежи, а сака да седи Погласно рже, гуга и во секунда се смее, плаче, крева веѓи, па заспива, и се буди и пак така во круг. размислувам за пробување на вкусови кога ќе наполни 5 месеци, и се ми е каша попара во главата. За килажа сум исто како кога останав бремена, 4 месеци не сум покачила ни кг. Но многу јадам, брзо трошам и природно не сум слаба, така да нек иде живот. Ми треба енергија, и нема да се изгладнувам моментално.
Да, се ќе биде, здравје само. И со првото се поправив после породување и сега еве пак. @forumce, како бе така ослабна? Ова ми иде некако ко она, кога се луѓе нервозни, не јадат и слабеат. Јас на нервна база и фрижидерот со се замрзнувач можам да го изедам
Мојов помалечко уживаше на меше и одма заспиваше. Реално никакви вежби не правеше пошто а го ставев на меше, он како мрза легнуваше и задремуваше.. ама јас упорна по некое време почна да кенка и плаче и не сакаше повеќе од 1-2 минути да е на меше.. е сега почна да се врти сам и се гази од смеење кога ќе се сврти као да се фали и гордее со тоа што го направил па го крева газето, па ротира, па се врти пак и пресреќен си е За ноџињата - почна да си ги фаќа кога го пресоблакам, ама мислам дека не е свесен дека се негови ноџиња и уште не му се интересни... ама затоа на пресоблакање се одбива со нозете и го крева газето и едвај му ставам пелена.. мене смешно ми е и дека се смеам, он уште толку прета Кога цица се нешто ме закача, ми ја тегне маицата, ме штипе и а ни се сретнат погледите, се смее и прекинува да цица Најсовршен на свет е Вкусови педијатарот денес на контрола ни кажа од 5ти месец да видиме како е, па тогаш би вовеле.. ама јас би сакала од 6 да почнам.. многу ми е мал некако.. не можам да замислам да јаде.. ама ајде ќе видиме.. За килажата.. уф.. слаба точка ми е.. на месец дена, 40 дена така нешто бев со килажа како пред да останам бремена. Од тогаш до сега не сум мрдната ни едно кило.. ај си викам кога ќе почне да лази и оди, тогаш ќе ослабам трчајќи по него Го почнав постов прееска, во меѓувреме го бањавме бебе, правевме масажа и не знам кој повеќе уживаше - он или јас Сега си нуни, а јас и маж гледаме тв и се гушкаме Љубов ми се двајцата
Не е било на нервна база, едноставно обврски со бебето, немав апетит многу, само бев жедна, а и плус она што цицаше мислам и мене ме исцица целата
Не ни мислев дека е на нервна база, само направив споредба со луѓе што се нервозни, неврзано со доењето, губат апетит. Јас тогаш апетит добивам.
Од болница излегов со 3 кг помалку од трудничката килажа ама како бебето отиде на интензивна ,ни ми се јадеше ни ми се пиеше ,чекав само саатот да дојде да се јавам таму. И си ослебев се вратив на тежината пред бременост. После тоа кога си дојде ,си јадев нормално. Сега јадам ноќе обавезно. Ама сум + 3 кг и не ми е страшно Јас на нервна база не јадам ништо. Ако не ме тера некој хахаха. @Alishan30 мојава беше иста како што ја опишуваш. Сега сама знае да се сврти на стомак и кога се врти сама си седи гајле нема. Исто така не сакаше на стомак. Исто така сакаше да седи кога се шета и уште така прави. И исто се понашаше во тој скокот
Јас и во бременоста изгубив 4кг првите 3,4 месеци, после ги вратив и додадов +8. Сега сум 38недела и сум +13кг. А воопшто не ми се познаваат килограмите, во првата бременост подебела изгледав, поради отоците од жешкото на лице, прсти, нозе. Дури и се чудам сега кај ми се тие 13 килограми
Јас не ослабев со доење и не ми е јасно како е возможно тоа кога дехидрираш и прегладнуваш секој ден. Пиев премногу течности и телото ми бараше калорична храна, како првите месеци што јадев благо во живот немам изедено. Сега како намалува со цицање и јас намалувам со јадење и почнав и да слабеам откако почна да се исправа и да лази. Он не застанува и јас цел ден на нога сум со него, да прооди има манекенка да се направам. Од болница се вратив - 8, дома ослабнав уште 5кг и еве неколку месеци како сум вратена на предтрудничката. И пак изгледам подебело од што бев зашто стомакот ми е подуен, многу ми е чудна градбата сега, сменето ми е телото многу.
Што стори дете спиење денес, ама секој ден ми е различен... Од 1 до 3 само за цицање стана после до 6 спиеше, и сега од 7 до 10. Страв ми е вечерва да не може са заспие лесно и да си дежураме ноќна, или нема врска? До вчера не можеше преку ден да спие, ова бебињава чудна работа.