^Лицето ми е хаос и скалпот на главата. Косата страшно ми опадна. Се пробав и не поминува, седам и чекам да се стабилизираат хормоните @Осе и @ni.na @Lovebug01 мн ни се слични дечињата
Не знам дали е од доење или ид што трчам за бебче, ама јас исто доста сум ослабната за еден месец. На пораѓај со 81 дома кога дојдов 73кг, а денес се мерив, 64кг. Јадам премногу благо и не се пазам, само првите две недели бев во депресија поради пораѓајот (сеуште сум по малце) и тогаш не јадев ништо некогаш гладна си легнував.
За косата не спомнувај ,не да паѓа се плашам на сабајле. Исто кожата на цело тело ми е мноогу сува ,дури ме чеша од сува ,а кремовите не ги впива се утепав од триење ,некој да има совет за ова ?
Леле пак дете се нацица и кома готово Што му е денес Него да бегам и јас да спијам ќе треба да се дигнам за три сати
Се ни е исто, на лице почнав од неговата крема атопик да мачкам од што ми е суво косата до сега се фалев дека е супер сега влакна насекаде а собрана ми е цело време
Исто, и мустела од нејзината пробав, не бре, скалпот ми е хаос, црвенило па перутење па чешање, се масти нонстоп а врвови суви.. Закажав шишање кратко и третман, да ми ја подсредат малку. Нонстоп собрана, глава ме боли од шнолите
А за шишање не да сум мислам на човек не личам. За мустелата не ми помогна ни мене сега му купив риластил и се среди и он а полека и моево лице инаку носот и челото ем црвени ем се лупеа целите на ништо не личев, а и кај него гледам се подобри ептен се надевам ќе остане така ете ако некоја мајка има мака препорачувам и деца и возрасни е истата крема
Хахах иста сум, еми ние сакам сѐ перфектно кога да стане,да не плаче, да спие кога ние ќе сакаме (а не тоа). Маж ми пред еден ден му зборуваше на бебче. Мајка ти полуде, се сака по систем ама не може така.
Кажи ја финтата, уф како се нервирам. Бебе има 2.5 месеци а јас ни грам не сум ослабнала од кога се вратив од болница! Тоа што изгубив на пораѓај, тоа беше тоа, дома стагнирам веќе 2 месеци. Бебушка моја добро напредува, многу е жилава, веќе држи глава, кога е во релаксатор се крева како да сака да седне. Почнува кога лежи да ги носи нозете на страна за да се преврти но уште не може. На меше кога ќе ја ставам се крева со главчето и со нозете и по малку се придржува за рацете. Многу гуга и се смее. Почнува да држи тропалки во рака ако и ги давам, но не е свесна дека има нешто во рацете, ги фаќа и ги пушта. Ја пика раката во уста, ги лижи прстите и го цица палецот. Во вториот скок со цицањето исто како @Alishan30 ми правеше, се тргаше од града, плачеше, па чекав да се смири и така и давав. Сега пак има некоја таква фаза, а измеѓу втор и трет скок сме, ама најверојатно така ми прави пошо добив менструација. Последниве неколку вечери заспива околу 11 навечер и се буди на 5 саати- ама денски цица почесто. Важно полни пелени, мислам дека и убаво си напредува со килажа. Минатата недела бевме на ехо на мозоче и невролошки преглед во Систина. Иако невролошки е се во ред, толку лоши работи и прогнози ми изнакажаа што можеле да се случат во иднина, што не спиев 4 вечери. Наводно, при раѓање снемала кислород и тоа можело да предизвика оштетување на мозокот и триста компликации во развојот. Дека имав тежок пораѓај, тоа да, дека беба не заплака одма и тоа да, малку и кислород и дадоа веднаш кога се роди, ама па од кога врисна не престана.Апгарите и беа 5/8/9. Кризата траеше помалку од минута (за мене цела вечност). И без никакви терапии помина. Наводно на ехото имало последици некакви од таквото раѓање, можеле да се санираат сами од себе ама таа докторката што не ми изнакажа, во стилот бидете спремни дека детето ќе има проблеми. И као, да правиме контроли на секои 2 месеци. Се мрднав. Консултирав и друг невролог, му ги пуштив снимките и наодот-ми рече дека не гледа нешто што е за загрижување и дека со таков наод, не ни мора да правам контроли ако детето нема проблем. Па се смирив малку, ама да признаам не ми е сеедно. Добив впечаток дека докторката од Систина сака да не врзи да одиме таму на секои 2 месеци, бидејќи цело време зборуваше 'Ќе правиме допрва вакви-такви-онакви испитувања'. Доволно страв ми внесе, многу лоши работи ми израскажа. А ја гледам бебка си е супер засега, фала му на Бога, се надевам ќе си остане така. Се решив сепак да ги одложувам вакцините додека можам. Следната недела ќе одам кај матичниот па ќе разговарам за ова.
@Lovebug01 @Alishan30 Расте девојчето Кога те читам вака, си викам како вчера да беше, а минатата година во ова време се радувавме за позитивниот тест. Ги читав пораките, на 22 јануари ми кажа. А сега сме тука. Ах... Инаку, лицето и скалпот и мене катастрофа ми беа и уште ми се. Лицето ми се лупи, црвенило, почетокот кај косата ми е ужас. Особено кога се породив ме унакази тоа. Очајно ми фалат третманите на лице, штета што и ситуацијава не ми го дозволува тоа. Е среќа косата не ми испопаѓа, ми остана згусната од бременоста. Дали бидејќи пиев витамини, не знам. Со лицево мака мачам и ме нервира, косата не можам да си ја поднесам и само врзана ми е. Што се вели уште малку ќе треба да се селам во друг подфорум, а јас од темава не можам да се откачам
@0ли многу брзо ми минува времето, цела година да, од позитивниот тест Деновиве ја гледам и си помислувам, зар е можно толку мала а толку да ми е влезена во срцево и неможам да дишам без неадуши ни се дечињава, нека се сите здрави и живи и нека си растат само. За витамини и јас пијам, ама проблемите си стојат, се пробувам и за жал потешко одиај ќе помине за некој месец
О душа Јас би те советувала настрана да си стоиш од лоши мисли. Редовни контроли и што помалце читање и споредување со други деца. Нека си го следи доктор што си имаш доверба,не секогаш скапо платените прегледи имаат најточни резултати. Си ја гледаш дека напредува како сите за нејзина возраст. Првото го родив пред термин,не заплака навреме и тоа бев царски па што се не ми кажуваа да очекувам. Тоа како последици но фала богу си напредна и сега е се во ред дури и душа ми вади. Незнам Софијанов стариот дали уште работи можеш една консултација и со него колку да си смириш нервоза. Само гушкање и вежби
Ги будите ли бебенцата од подолги денски дремки? Еве веќе 2 часа спие, прв пат вака ми прави. Ја зедов да цица, се накрка и продужи да си спие.
Едно време го будев додека ред да створиме после тоа не го оставав коа му се спиеше не го будев затоа пак наредната дремка му беше многу кратка сам се будеше. И да има константо време за легнување со варијации од +- 30 мин.
Не будам ни јас, секако наредните дремки се покуси. Како што кажа членката над мене, бебушка ја будев на почетокот додека воспоставивме лактација како што треба. Ама ретко се случува денски толку да спие.
На нет читав за спиењето денски дремки повеќе од 2 часа да се буди да не се остава е сега не знам за колкаво бебе станува збор