Мојата и увото си го тегне кога заспива Море најубава работа од скокот ќе да е заспивањето, од 1,2 по полноќ се поместивме на 9,9ипол, мераци Е тоа што спие до мене на спална и не е за пофалба ама се одмори и јас малку, не се издржуваше, а си се галиме плус И кај мене имаше скок во развојот, конечно ми дојде Само некоја да каже дали како за прв пат е нормално толку темна крв и едвај 3 дена.
Zdravo. Sakam da ve prasam na koja vozrast se stavaat obetcinja na bebence i kako se dvizi cenata za zlatni obetcinja za bebence dali znae nekoj?
Јас не би ставала на бебенце обетчиња. Јас би почекала да порасне барем малце, ништо не менуваат обетчиња кај бебе, па тоа плачот ко ќе го слушниш абе срце би ми излегло од градите.
Здраво, јас сум нова мамичка во поноделникот ми се роди ќеркичката. Си се заљубив во неа како сите мајкички Од четврток сме дома, и уште нема какано. И даваме капки за грчеви, според педијатарот можело и на неколки дена да какаат. Ама ме интересира и ваше мислење, искрено ме загрижува зошто се гледа дека ја боли мешето.
Никако топломер ! Ако ти е на доење почекај до понеделник па консултација со педијатар , прави и масажи на меше , вежби со ножињата , ти внесувај нешто супа , сливи и слично.. Ќе смените др капки ќе пробуваш пробиотици има доста ако треба , само без топломери и чуда у дупе пикање
Здраво мајкички Прв пат пишувам на темава, имам синче скоро 2 месеци. Конкретно муабетот за топломерот ме поттикна најмногу да пишам. Кај што се породив јас, во самата болница температура се мереше баш со ставање топломер во газето. Мислам и самите топломери што беа таму беа направени за таква употреба. Имаат метален дел кој што треба да влезе цел и се чека додека почне да титка. Такви и инструкции добивме од акушерките. И таков си купив и јас за дома и случајно баш мерејќи температура предизвикаме бебчето да се искака а исто немаше какано 2 дена мислам. Е сега оваа недела после толку време пак го има истиот проблем и таа финта ни помогна еднаш. Пробавме пак денес ама не успеа. Сакав и да прашам дали некоја користи капки еспумисан? Ги зел маж ми денес од аптека и му рекле 25 капки да стави? Се си мислам да не разбрал нешто погрешно, во странство сме друг јазик е ама он е сигурен дека така му кажале. А мене ми се чини дека се многу, претходените што ги имавме (друга фирма) му давав по 5 капки. За спиењето на меше... Моето бебе може да кажам исклучиво на меше спие. Ретко некогаш на страна. А на грб во предвид не иде. Првите недели спиеше како ќе го ставам така, ама еве подолго време само на стомак. А главата ја дига како желка е, ќе ја издигне и разгледува мака си нема. Ја дига сам уште од кога е роден. Кај мене на гради го држев да спие и како што спиеше само ќе ја дигне главата ќе се истегне и пак ќе се спушти. И сега при спиење сам си ја мести главата те на лево те на десно. За тоа што спие на меше ми беше мене на мисла да не штети нешто на нозете и баш кога бевме на преглед за колковите го прашав ортопедот, рече дека си е сосема во ред и дека и неговите деца на меше спиеле. Друго да прашам, дали пиете магнезиум додека доите?
Многу е мало за да спие на меше, не е безбедно штом не се врти самото од грб на меше и обратно. Инаку, пиев магнезиум додека доев.
Колковите се смешен проблем во споредба со опасноста од синдром на ненадејна смрт кај новороденче, а спиење на меше прилично го зголемува тој ризик. Премало е, не го оставај на меше никако. А од некои доктори ми се плаче, друго немам што да кажам, стара школа и боже пази да прифатат некоја промена.
Добро разбрал, по 25 капки се даваат. Мене ми препорачаа 2 пати по 25 (и ги давам во лажичка и без проблем си ги јаде), а имам другарки што даваат и 4 пати по 25 (малку поголеми бебчиња, ние сме 24 дена стари сега). Инаку, и јас дојам и пијам магнезиум директ 300 и фемибион. Поздрав и гушки
Зошто не топломер? Во газето не се мери температура? Мене тука во болница така ми рекоа да мерам температура. Јас имам за во уше топломер и кога и кажав, ми рече подобро во газето и кога ми покажуваше како да соблакам и облакам бебче му мери температура со топломер во газето.
Исто и мене ми кажаа така да се мери темп дека бил многу поточен од др топломери, и во болница така му мереа кога се роди а и кога одиме на педијатар исто
Па да и јас мерам така и некогаш кога не е искакано 12 сати од топломерот ќе се искака, мислам дека не е ништо страшно.
И мојата не какаше неколку дена и испадна дека не цица доволно, кога отидов на педијатар и тежина имаше изгубено. Ние сме само на цицање. Е сега кај тебе да не е од капките? Дали стр на цицање или на ад? Да не има жолтица и да ти заспива на цице и да не влече, дали ја слушаш да голта? Разгледај си повеке околности. Поздрав
Веќе ти кажале за спиење на меше, многу е мало да се остава така, особено без надзор. Идеално е да спие на грбче, треба да сте поупорни за ова барем првите месеци. Во странство сте и ортопед ви рекол "и моите деца така спиеја"? Боже, сешто. Јас мислев нашиве доктори се ужас. Не се работи само за колковите, протокот на кислород не е ист и може да дојде до задушување. Еспумисан гледајте наскоро да ги замените со други, постепено исфрлете ги од употреба - не нагло. На повеќето им прават проблеми по долгорочно користење. Зборувам од искуство, кај синко го влошија проблемот со грчевите по месец дена користење, поради тоа што се на база на симетикон се. Најдобар избор ти се било кои капки по состав лактаза за решавање на грчевите. Побарајте Колипрев. Масажи, "точаче" и топло на мешето исто така помага. Инаку за провокации за какање со топломер само во најлош случај, ако очигледно се мачи и доколку е мешето тврдо т.е. има запек, 7-10 дена без какање (ако сте на ексклузивно доење), во ред е да се испровоцира, но со употреба на вазелин или друг лубрикант. Земање ректално температура и провоцирање не е исто. Да не зборувам дека ризикувате да создадете навика да кака само со провокација. Користете пробиотик редовно, тоа ќе допринесе за регулирање на столицата. И она што тебе ти помага да се олесниш, ќе му помогне и на малото, преку твоето млеко.
Не знам за Мк, ама тука даваат чепчиња за во газето ако не е искакано 2 дена. 10 дена се премногу ќе пукне детето, јас не би чекала до толку. До 3 дена би чекала после би преземала мерки.
Мене педијатарот ми кажа прво со масажи и топла купка да пробам, чај од анасон 20-30мл ако не ќе бараме чаре со чепчиња ама ова за ад ако не е какано повеќе од 2 дена За доење не знам
Температура е друго тоа е ептен ретко , сите сме мереле некоаш , што реално и тоа треба да се избегнува има уште мн др места што може да се мере Т и се , а ова да провоцираш за какање е па и на на само 2 дена минати е тотално непотребно и само може пр да се направе кај бебето за следно какање. Немора 10 дена , на доење од 5-7 се чека ете , и ако има мака ептен плачење ќе се праве и порано нешто , ама има мн др методи и пробиотици , чаеви за да се проба прво , па ако не бива ептен чепче или клизма следува во краен случај.
Не се согласувам со употребата на чепче за 2 дена неискакано бебе. Може опасно да ја намали температурата. Тоа би размислувала кога целосно ќе преминеме на цврста исхрана, па доколку не ми е искакан, но сепак, најпрвин би се обидела со се друго - топла купка, масажа на меше, стимулации. Дотогаш избалансираната исхрана (со овошје, житарки полни со влакна за убаво варење на храната) вродува со плод и не би требало да дојде до запек. Па и доколку дојде да мора да се употреби, се става некој поблаг лаксатив, пример половина глицеринска супозиторија, на растителна основа и сл. Ова и за сега важи, додека сте на мајчино млеко. Чепче ми е последна опција. Ама личен избор, нели.