Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    119.683
    Пол:
    Женски
    Бебето нема да "пукне", сепак е на доење, течна храна внесува која неможе да направи толку голем проблем за разлика од тврдата столица кога ќе се почне со дохрана.
    Можеби е една од најлесните варијанти за какањето чепче или топломер, но јас не се согласувам да биде прва на избор.
    Топли купки, масажи, вежби со ноџињата, се' тоа да се направи.
    Да се стави да леже на меше.
    Може да се даде чајче.
    И ако е над 7 дена или има цврсто меше тогаш може овие методи.
    Се друго не е за брзање за 2 дена.
    Ќерка ми на почеток знаеше и на 5 дена да се искака, никогаш не сум ставила ниту чепче ниту топломер.
    Не брзај, требало да ти објаснат таму дека дечињата кои се на доење знаат и не е страшно и до 7 дена ако не се искакани.
     
    Последна измена: 31 јануари 2021
    На Ava.84, Leksikon, Fatalnata и 8 други им се допаѓа ова.
  2. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Мајки од колку месеци почнавте со вкусови? Ние сме на доење само, ке се консултирам со педијатар ама ете и вас да ве прашам. Со првото почнав од 5 полни месеци, со второво не знам како ке биде дека уште некако не му е смирено стомачето и цревцата. Уште му кркорат и понекогаш пак знае да се свитка како да има грчеви.инаку 3 месеци и 26 дена сме
     
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    119.683
    Пол:
    Женски
    Планирам од полни 5 месеци да почнам со вкусови, доручек оброк со полни 6 ипол месеци.
     
    На 0ли, MilaSs12, Baby kengurce mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање, малиов е премногу нервозен, со раце во уста, све сака да пикне во уста, се буди на саат време преку ноќ, мислам дека се заби во прашање и пред малку видов горе кецовите како две плочки му се, надуени како да ке излегуваат, еве слика колку можев да сликнам зашто 2 секунди не застанува цело време прета. Мислите дека му се спремни за пробивање?
     

    Прикачени фајлови:

  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.451
    Ги знам и јас можните ризици за спиење во секоја положба не пишав поради неинформираност туку околу фактот што не сака да спие поинаку. На страна некогаш ама и тогаш знае да се преврти.
    Надзор си е потребен во секој случај.
    На грб и цврсто заспан кога е штом го свртам за неколку мин се буди се витка и и толку од спиењето. А кога бил на грб друго се случува да поврати или млеко да му се врати па ми е страв и од тоа. Иако ќе ждригне се случува сепак понекогаш. Од тоа што наброја имам пробано се и масажи и топло облоги... Капки. Еспумисан сега прв пат зимаме имавме претходно едни други. Ми препорачаа и саб симплекс дека биле најдобри па ќе пробаме и со тие.
    Инаку со топломерот пробуваме зошто го гледам дека се мачи и само си пртка на крај.
    Сабајлево се искака убаво ќе видам деновиве како ќе биде. Наскоро сме на контрола кај педијатар па ќе му кажам за тоа и ќе прашам за пробиотик.
     
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Не би да се мепам ипак е твоја одлука само си малку контрадикторна велиш дека ги знаеш сите ризици.
    Како тогаш не си информирана дека бебе на грб не може да се задуши при бљуцкање а доколку е свртенп на страна може да бљуцне и преку нос да ја вдиши повраќаницата?
    Инаку се става под душек перница при рефлукс да биде исправено и во тој случај спие пак на грб.
    Но секако слушај си доктор и ортопед сепак тие се оние кои стојат зад своите ставови
     
    На Brpbrp, 0ли и Осе им се допаѓа ова.
  7. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Јас и дојам и додавам АД, сепак ќе се консултирам со докторот на 3ти и имаме термин со бебче.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    474
    На мојата и се такви и педијатарот ми рече за 2,3 месеци да очекувам заби
     
    На honeyboney му/ѝ се допаѓа ова.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.451
    Треба ли да се оправдам за секој збор? Ај смири живци и настапувај умерено да не сте неколку души на форумот ќе останеме сите за никаде.
    Тоа со бљуцкањето од болница ми остана како страв од задушување оти му одеше во нос па трчаа таму акушерки да го тресат.и не да ја вдише ама ако му стои во дишни патишта како ќе дише? И од друг пример од познаничка кај што помодрело додека откријат што му е.
    Вистина и ти и уште некои други со ваквите истапи, намалете малце не сте само вие мајки. Истите совети кои не ги побарав ги има слушано и од мајка и и свекрва и мн други што имале бебе пред мене.
    Последна си ти шо треба да ми кажува што знам а што не знам, па да ме анализираш дали сум контрадикторна. Чисто споделив што се случува кај мене, бог да чува.
    А советот за перница под душек или што и да е, е на место за мојата проблематика, други мудрувања се сувишни.
     
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Форум е ова секој може да си даде мислење за тоа што другите го пишуваат. Моите живци се напротив смирени...ако нешто што си пишала е спротивно од некој друг доктор или ортопед мое е да пишам а понатака секој си одлучува. затоа сме и тука
     
    На LucyLu, azelea и Bicka77 им се допаѓа ова.
  11. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.451
    Го очекував одговорот дека е форум кај што секој има право на мислење. И точно, никој не ви го одзема тоа право само што ретко кој пристапува кон проблематиката на тоа што е напишано. Јас пишав дека моето дете одбива да спие поинаку освен на меше а добив мудрости дека тоа е опасно. Зошто мислиш дека не го знам веќе тоа? Ако знаеш финта како да го натерам да спие поинаку, пиши. На пример како предлогот за перница под душек иако сум пробала нешто слично ама едноставно и бебето не сака. Се буди и плаче.Не е тоа моја одлука како ќе спие туку на еден начин проблем, затоа и го пишав. Советите треба да се конструктивни и насочени кај што треба а не само колку да се пише нешто, топла вода измислување, па анализа на членката, па ваква си таква си....
     
  12. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Женски
    Немам совет, ќе ти споделам само мое искуство. :)
    Можеби спиењето на меше му е само период? Кај мене ќерка ми првите две недели заспиваше на меше легната кај мене на гради, па потоа ја префрлав во креветче ако е навечер, а денски се гушкавме. Го имав истиот страв ради колкчињата но и јас го добив истиот одговор од лекар, дека нема никаков проблем, дека е фаза и ќе пројде. И пројде еве, два месеци е и си спие на грб во креветче, на меше кај мене легната гради се нервира, а на кревет ја играме за да ги вежба мускулчињата.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  13. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.451
    Мајка кај мене е обратно. Првите 3 недели заспиваше како и да го оставам. Е сега е 2 месеци веќе и месец дена само на меше сака. На грб значи никако. Сум чекала пример пола саат или помалку да заспие цврсто и да го оставам во друга положба и најмногу 15 мин издржува и се буди и плаче додека не го ставам на меше. И пак продолжува да спие. Некогаш успева да остане како полустранично легнат ама не спие мирно, кенка во сон, брмчи....
    Се надевам и јас да е период ама некако долго трае.
     
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Пробиотик даваш?
    Јас давам Биогаја,исто на доење сме и кака неколку пати во денот.
    Мислам пробиотикот си го прави своето.
     
  15. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Ахаа, значи уште два три месеца будење на секој саат навечер
     
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    19.854
    Не знаев дека бараш совет како да спие на грб
    Вежбај денски повеќе на стомак. Спие затоа што му паѓа притисок и заспива полесно и подолго така. Вози го во количка пред спиење. На таа возраст и моето кога сум го вежбала на меше заспивало од што го мрзеше и се изморуваше да се крева но веднаш сум го вртела страв ми билп така да спие. Сите бебиња се различни еве и @..barbie.. ќе ја тагнам да сподели знам дека последно и спиеше на гради на стомак
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Женски
    Да да прочитав дека на почеток спиело на грбче, затоа реков да не можеби само период сега па да го надмине.
    А си разгледала перничево дали ќе врши работа? Не сум го користела, но пријателка моја да, зашто на бебенцето му отапело главчето на тилот па за да му се исправи форсираше спиење/лежење на страна.
    0-f18914.jpeg
     
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Не се безбедни воопшто.
    Има начини за спречување сплескано главче, какви перници, исфрлете од употреба, зарем не сте читале за ризици?
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Никој не те анализираше.
    Недај боже некогаш да ви се даде совет.
    Тоа не се "мудрости" туку е единствен безбеден начин.
    Наместо да се понашаш со членките кои уствари ги пишуваат работиве затоа што сакаат да ти биде безбедно бебето, прифати совет.
    Велиш информирана сум, ама повраќањето во сон нема никаква врска со гушење и не треба да се оставаат бебињата на стомак заради ризик од повраќање.
    Види едно обично видео на јутуб и ќе видиш што се случува кога повраќаат бебињата во сон.
    Некои работи не може да се "твое мислење" туку треба да правиш ко што е правилно.
    Го отупевме со ова спиењево на грб пошто е голем ризик.
    И каков надзор?
    Мислиш кога ќе му се компромитира центар за дишење на бебето, тоа е некако драматично?
    Не, тивко се случува, во спиење и никаков надзор нема да ти помогне.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е рано. На моево горните му се и уште повеќе од ова што гледам на сликава и уште не му се излезени, а набргу ќе направи 9 месеци. Прво долу би требало да излезат, па горе. Иако некогаш има исклучоци. Сепак види ги и долните.
    И јас бев на доење и ад и не какаше секој ден. Еден период повеќе пиеше мајчино и тогаш на 6 дена какаше. Не му беше тврдо мешето, не плачеше, весел беше и каката му беше жолта каква што треба. Воопшто не користев топлометар. Тоа што цица и е на ад не значи дека мора со топлометар да се предизвикува да кака.
     
    На Izzy_0504, Осе, honeyboney и 2 други им се допаѓа ова.