Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Леле и јас се мачам со ова. Прв пат на вакцина . Немав поим како да изреагирам. Сестрата вика дигни ја и погали ја,јас здрвена цела дремам уште не ми беше јасно што се случува. Дојдовме дома и се жалам на мајка ми вика ее ко ти викав оставај ја да поплаче ти не ете сега бебето не знае да плаче :?:(facepalm). Сега знае и од ништо никако така да направи ама тука читав за да дувнам и така правам. Пак паника ме фаќа ама не е како првиот пат... Само сакам да знам до кога трае..? Сепак не е сеедно иако сите викаат ништо не е .
     
    На Krofna* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Лелеее првиот пат е хорор јас се тресев после цел ден ;(
    Незнам дали некој би бил рамнодушен во таков момент
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Се смируваат сами.
    Немој ништо да правиш, например немој да го раслекуваш пошто тоа пробува да се "соземе" и со пресоблекување, преместување само ќе се нервира дополнително, а не помага тоа.
    Драматично е ама кај сите деца се дешава и нема никаква штета.
    Само остани смирена, ништо друго.
    Има деца што помодруваат и се онесвестуваат, твое е доколку дојде до таква ситуација да пазиш главата да не си ја удри во паѓање.
    Сите се враќаат, без гајле.
    Само смирена биди, кажувај си дека никаква штета не прави тоа зајдување и нема да се случи ништо покомплицирано и ќе го надмине за пола минута до минута.
     
    На Alishan30, Fatalnata, BabyD0ll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ако знае што е можеби ,јас знам сестра ми правеше ,амаа кај неа некако поинаку беше,она и солзи имаше ...или јас така мислам.
    А бебево ништо ич само отворена ширум устата. Сега понекогаш ја оставам малку да поплаче чисто за да откријам во кои случаи зајдува. Пошто не е баш секогааш
     
    На Krofna* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    4.881
    Пол:
    Женски
    Исто беше моето и по првата и втората доза рота. Баш како што кажуваш по втората пократко траеше малку повеќе од една недела. Освен пробиотик ништо друго не давав. Се среди конечно. Првиот пат дадов и јас еспумисан еднаш иму влоши. Потоа ништо не давав. Едноставно некои се поосетливи со мешињата.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Моево првиотпат на бањање мислам се исплаши од топлата вода зашо за стариве и таа беше ладна :tmi:
     
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Познато ми е тоа со водата ,секој втор ден се карам. Ама мојава не плаче ,и во глобала не е плачка . Туку мрда низ корито и се зацрвенува по малку на одредени места. И одма амааа ќе настане ако е поладна водата :headbang:
    Само на вакцини ,за јадење и ако ја исплаши нешто знае да плаче,или во скок некогаш, затоа демек не сум ја оставала да плаче и сега не знае како. (facepalm)
    Дефинитивно зајдува кога плаче од болка ,и кога се плаши ,ама се случило еднаш два пати и од ништо кога плаче (скок) да зајде.
    Ми е страв само од тоа онесвестувањето што може да се деси. :envy:
     
  8. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Кога почнавте да ги ставате бебињата во колички и хранилки на 45ст?
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Од 4+ месеци.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    1.571
    Колку го држеше првата доза него веќе еве месец дена од кога ја прими и 1 недела после вакцината стана вака?
     
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    4.881
    Пол:
    Женски
    Па незнам точно ама кратко време откако му се смири дојде ред за втора доза вакцина.дали две недели имаше пауза ама тој прими на 2м и 10 дена па потоа 4 ипол месеци беше за втората доза. И ми беше многу страв ама полесно му се смирија побрзо. Почна после два три дена од вакцината и потешко какаше немаше запек ама со плачки какаше. И прднуваше и плачеше страшно беше. Сега вториот пат само навечер се осеќаше повеќе маката дигаше нози па ке закенка ќе прдне го земам продолжува... Сега е подобар има поминато скоро месец од вакцината.
     
  12. hana@@

    hana@@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2020
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    мајки една консултација Утре правиме 3 мес.ни рекоа бебушот да пие д3 со омега и плус д3 чисто(д3к1 ги прекинуваме)
    Дали вашите малечки ја пиеле оваа комбинација со појачано д3?
    Инаку се е во ред се бебуш
     
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    4.881
    Пол:
    Женски
    Моето пие д3 со омегс и д3 посебно од 2 полни м.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ми е страв, само се молам се да биде ко што треба
     
  15. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    4.330
    Пол:
    Женски
    За постовите за (не)спиење на меше само да кажам денес што ми се случи.. си беше бебе на под на подлога и си играше со тропки и други ствари како и секој ден - ужива на под. Си фаќа играчка, си тропка, се врти, ротира буквално 360 степени - цели кругови прави лежејќи на грб.
    Од скоро почна цело време да се превртува на меше, знае да ја извади раката од под него, се исправа како желче, се смешка, па ќе си легне, па пак се исправа сѐ додека не му здосади (за 5-6 мин)... кога веќе ќе се умори и здосади на меше некогаш се враќа пак на грб, некогаш легнува и задремува. Кога задремува го вртам на грб и си продолжува.
    Епа денес јас седам на маса на компјутер во истата соба, а он на меше доле.. гледам си легнал и ваљда задремува пошто не прета како до тогаш. Станувам да го видам и гледам дека си бљуцнал и едната ноздрва полна со бљуцнато млекце... (facepalm) за 10 секунди! А како што знае и цело лице да го зарине во под, можел да вдише од бљуцнатото.. нејкам ни да помислам? ;(
    Секунди се во прашање и тоа пред очи ми е.. а замисли да спие, да спијам и јас.. не не не..
    Да, закенкува кога го вртам на грб, ама тоа се 5 секунди. Не ги ни отвара очите, веднаш продолжува да спие... на почеток може и ќе се буди, ќе се раскенкува.. ама колку пати? 5 пати? 15 пати? 55 пати? Е добро де, ќе го погушкаш, ќе го понишкаш и ќе го легнеш пак. Никој не кажа дека е лесно и никој не соли памет. Толку фрустрации прочитав за нешто за што НЕМА КОМПРОМИС!
     
    На Alishan30, PurpleMind, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.508
    Дали некој знае колку е кс во Систина?
     
  17. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Но јас и моите брат и сестра сме генерации кога педијатрите ги советувале да спиеле бебињата само на меше. Зошто така незнам. Не верувам дека не биде едуцирани пред 30год педијатрите. Не верувам дека не бљуцкале бебеињата тогаш.
    Многу поделени мислења. Но едно е јасно секој ден се едуцираме.
    Еве второво сака многу на меше,првото никако.
    И денски на меше и ке поврати и ке бљуцне но одма аи ја врти главата има сила. Е тоа брат му не го правеше јас стави го да вежба он ринеше со глава ни лево ни десно.
    А ова ми е скроз друг муабет:).
    А па само кога ке се врти секако на меше ке си спие.
     
    На azelea и Осе им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Не биле едуцирани.
    Зошто да не веруваш, зарем малце работи се сменати пред 30 години.
    Така знаеле и така правеле.
    Ќе се случело некое да умре ама не им препишувале на овие работи ко денес.
    Затоа луѓе истражувале, сфатиле и препораките се сменале.
    И одкако се сменале, процентот на починати драстично се намалил.
    Поделени се мислењата пошто многумина се стара школа и отпорни на промени, нејќат да се доедуцираат, а некои професии ко во медицина едноставно мораш да си спремен да се менуваш пошто се менуваат работите.
    Патронажни сестри уште даваат совет за грчеви, вода со шеќер.
    Ни шеќер смее да помисли да даде совет ни вода на новороденче ама ќе речеш медицинско лице.
    Ама експерти на овие теми од цел свет се едногласни, спиење на меше не е безбедно за бебе.
    Сакам да кажам нема поделени мислења меѓу нив.
     
    На Alishan30, PurpleMind, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    За до која возраст нема поделени мислења? Зашто ортопед на 4 месеци ми рече да го оставам да спие како што сака, а сакаше само на меше и дење и ноќе.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.404
    Пол:
    Женски
    Реков нема поделени мислења за најбезбедна позиција од познати експерти и организации за бебиња.
    Затоа го дадов примерот за наши медицински сестри како даваат совети за вода и шеќер, нешто што никогаш нема да го сретнеш ко препорака надвор од македонија.
    Препораките се на грб до една година или кога ќе може да се сврти од меше на грб само.
    Повеќе можат од грб на меше, ама обратно не можат.
    Кога ќе можат и обратно, во ред е да го оставаш.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.