Претпоставувам Антоније така ти рече. Кога бев на контрола за ребрата, му кажав дека спие само на меше и прашав што да правам. Ме праша дали сам се врти на меше и обратно, а се вртеше, па рече да го оставам, да не го вртам на грб бидејќи штом сам се врти, тогаш веќе не е опасно. Не смеам јас да го местам на меше.
И тука пак има ризик некогаш рачето нема да му биде баш наместено за да се сврти од меше на грб и пак е ризик...секоја позиција на спиење си носи свој ризик и на грб може да се задуши од млекце ако му се врати и пак не е безбедно.
Така да, ако сам се врти. Мислам за тоа зборевме. Еве моево само што ќе заспиеше одма се вртеше. И го враќав назад и пишував тука, со доктори се консултирав и тоа е тоа. Не можам јас секоја ноќ да дежурам да го враќам назад, како ќе се грижам утредента за него. Многу ми беше страв ама видов дека може да си извади глава од душек, не повраќаше тогаш и се опуштив. Ете сега и на страна спие, секако освен на грб Јас сум таква. Ова за праисториските совети на сестри и доктори се согласувам, познавам жена што го изгуби млекото зашто педијатар и рече да дои минимум на 3 саати зашто така правеле порано (човекот заборавил дека тоа важи само за ад). Од друга страна, па и не гледам толку црно бело, не осудувам.
Не може да се задуши од млекце. Има видеа на јутуб што објаснуваат како се враќа млекото. Никоја позиција не е побезбедна од спиење на грб. Сидс не зависи само од положбата на спиење, точно, и бебиња што исклучиво на грб спиеле, починале, зависи од многу фактори, некогаш и вон наша контрола како на пример недоволна развиеност на центар за дишење. Ама наше е се да намалиме на минимум, инаку како што викаш ти секоја позиција носи ризик, да, секоја носи, ама која носи најмал ризик е прашањето, а всушност со самото раѓање на дете го ставаме во ризик од милион повреди во животов. Жал ми е што во дискусииве секогаш земате одбранбен став ко да е натпревар за најмајка, а заборавате дека безбедноста на бебето е најважна, не нашите чувства. Пак ќе речам, го отупевме со спиењево пошто искрено имам видено колку може да се случи беља во секунда од немарност. Верувај ми мене ми е битно само за бебето да збориме, а ич немам намера на некоја да и направам да се осеќа лошо. Ова со спиењево на грб за жал не е од оние работи за кои може и вака и вака. Можеш да го ставаш, ама факт е дека е поризично. И мед им ставаат на цуцли, на 9 бебиња ништо нема да им е, на 10тото ќе му биде, ама зошто да ризикуваш кога бенефитите се далеку помали од ризиците што недај боже можат да се случат.
Затоа и ти кажувам дека за се и сешто има ризик што од храна,спиење,развивање и ред други работи, ниеден начин не е 100% сигурен дека ништо не би му се случило на бебе. Не е натпревар за која е најмајка сите имаме различни мислења и сваќања не можат сите да го поддржуваат тоа ти што го кажуваш. Има студии за се и сешто сите доктори немаат исти ставови и секој различно ќе ти каже али на кого ќе се верува треба ние сами да одлучиме
Ведран кјжај мене од 3 4 месец ко почн да се врти сам се спиј н страна сам се врти.. Се што прби само д се остава велат
Мене Антоније без да прашам ми рече преку ден како сака со надзор а навечер исклучиво на грб да го ставам до 1 година.
Види во отпусното писмо од Чаир мислам дека бсг им ставаа пред испис таму, може и белег да иѓа на рачето горе го рамото.
@ni.na Прво давав рекол и искрено не бев задоволна, потоа почнав со био гаја и според мене се поок. Еспумисан Л нас најмногу ни помогна за грчевите. На почетокот му направија запек, но потоа намалив доза и се изрегулира столицата. А воедно и во млекцето ставав колипреф по 4 капки, што се покажаа подобри од колиефот (кој го користев на почетокот).
Па може само од себе се средило зашто Рекол и Био гаја колку што знам се исти по состав. Јас најчесто слушам од Ваја дека се задоволни, а не е ни важно. Важно е да му помага.
Девојки, како издржувате со врискањето на бебчињата? Деновиве не спие по цели вечери, плаче зајдува, душа ме боли, ништо не ја смирува. И ние сме преморени и нервозни. И даваме Recol bimbo пробиотик и еспумисан капки и плус ни рекоа колактаза, ама не сфатив дали да продолжам и со еспумисанот или двете да ги давам? Многу грчеви има, а не сме ни месец дена стари, ако продолжи вака до 4 месеци леле мајко
Majki moite bebinja uste nekoj den ke pravat dva meseca,za grcevi koristime Colief i probiotik Bio Gaja a davam i Waja...dali treba nesto da smenim imat gasovi i placat koga imat gasovi...