Да така. Епа пробај тогаш настрана и со перниче потпри и го грбчето. Ама ова само на денски дремки, да го гледаш пошо не е баш безбедно таква положба за спиење на бебе
Кога почнуваат солзички да се формираат? Малата е денес 4 недели точно, сега додека плачеше за цице ја приметив дека и се насолзени очите малце. Нели е рано?
Моето доста пати пред да заспие така се буди, некогаш без да скокне со раце само ги отвара очите, поради ова понекогаш од 5 ќе се разбуди па ќе заспие во 7.. Жива не наспиена сум..
Мајки што користите за затнато носе му ставам капки исомар и му чистев но ништо пак му крчи носе да не е прелада? Нема други симптоми
Да не вади заби и од тоа крчи нос,баш мојов го носев на педијатар зошто и на уста дише одговор беше ради процесот на забите повеќе секрет се лачи во тој дел. Едино да пробаш на бејбитол со лепенки од еукалиптус и уште нешто само не знам од колку месеци е или кога го бањаш сол морска да ставиш во водата и да дише од пареата
Бекутан спреј 3 пати дневно и Низита спреј пред спиење И вадам мрсоли со пумпица или нз како се вика тоа што усисува мрсоли
Нормално е да се потат дланки и стапала на бебе? 2 и пол месеци сме. Некогаш кога се напнува за какање или е нешто нервозна, ги држи рацете во тупаници и многу и се потат.
Не сум сигурна. Овака прави додека спие, никогаш кога е буден, неќна првпат.. Лежи и ја врти главата лево-десно.
Ехее на моево ем ладни му се мраз ем кога ќе го фатиш во секунда му се потат некогаш и чорапите му се влажни
Како да читав некаде дека не е ништо страшно ама не можам да се сетам каде. Мислам пишуваше дека можно е од заби или така да се заспиваат сами.