Мами за иκање κај мало бебе сте давале нешто?ми κажаа само цицање. Κога иκа бидејќи е мал,κај поголеми бебиња можело и лимон
Никако лимон. Нека цицне, а и онака за брзо време престануваат. Страшно е ако не престанува континуирано неколу сааати ( 3-4) или повеќе.
Леонче се случува 2 3пати во денот да иκа ама да за бρзо пρеκинуваат, не тρаат повеќе од 5мин и лаκомо бебе си е он
И син ми си продолжи со икање Уште во стомак икаше и тоа по неколку пати, сега продолжи исто. Јас не му давам ништо друго освен да цица. Кога бевме кај моите никако не можев да ги убедам дека не му е ладно туку дека си ика секој ден. Мајка ми, тетка ми и баба ми на глава ми се качија дека икал од што му студи. Од она што го читав за икањето освен што му прави мала непријатност, друго воопшто не е штетно.
За ова зборував со др Софијанова.она рече дека првите три месеци икањето и кивањето се нормална појава кај бебињата.
И кај мене икаше по неколку пати уште додека беше во мешето и ништо не се измени откако се роди. По неколку пати на ден и додека не му дадам да цица не престанува. Сега ика релативно поретко, ама забележувам дека најчесто е кога ќе се засркне или од многу "зборување" или кога лежи на грпче.
Дуел сензитив никаде наможам да најдам , а персил е ужас. Остана ариел да го пробам има некој искуство.?
^ Јас користам само Ариел повеќе од 10 години и сум многу задоволна. И нејзините алишта ги перам со ариел од првиот ден ( самоподва пати ги пуштам да се плакнат ) и до 7 месеци чико омекнувач. Сега користам орнел сензитив и за нејзе. Се уште перам посебно.
Јас откако почна да јаде и се да прави лом почнав да и ги перам алиштата со ариел со повеќе плакнења па нема лоша реакција и ќе продолжам. Претходно со течен прашок и ги перев. Омекнувач чико користам и ќе користам се додека и ги перам одделно. До кога вие перете одделно алишта?
Јас почнав да ги ставам нејзините алишта заедно со нашите, некако неможам за цела недела да соберам доволно за да ја наполнам машината. Но уклучувам бебешки програм кој пере два и пол саати. А уште од почетокот ги перам и нашите работи со истиот прашак и омекнувач. Зимам Персил бебешки, а омекнувачот го менувам, Ленор, Дуел бебешки... Незнам зошто Персилот не ви се допаднал на некои, заедно со Ариел се најдобри прашаци. Само што од Ариел нема сензитив варијанта, така што јас не би перела со него за бебето, премногу е јак.
^^ Паметно ти кажале. И јас не користев првите 3 месеци, но бидејќи почнав да перам и наши и нејзини, решив да пробам една тура дали ќе има реакција, но бидејќи помина Ок, продолжив да користам и омекнувач, но исклучиво бебешки.
Мајки, во последно време син ми не ми дозволува да му правам вежби на колкчињата. Таман да му ги свиткам ножињата ги исправува како пушка и газето го поткрева Пробувам на секаков можен начин и ми успева само неподготвен да го фатам, изненадно, па после чекам да се опушти и да заборави и пак... Ама тоа трае... Едно пресоблекување ни е цела вечност Него му е како игра, јас се мачам
Мене не ми успева со ништо ниту да ја покријам, ниту пак во врекичка. Очајна сум веќе, таква е одкако е родена. Додека не истурка се од себе нема шанси да заспие. Ако и го заглавам ќебенцето во креветчето на страните, дава се од себе да се сврти едно 442842334 пати додека не се открие, ако не и успее плаче и не заспива. Навистина не знам како ќе се тера зимово, а и сега е веќе ладно. Ја облекувам во боди на долги, пижамки и чорапи и во спалната пуштам радијатор. Воопшто не е решение, знам ама не знам што да направам.
Имам пишано некаде, се продаваат вреќи за спиење како скафандери, значи цело е облечено а ножиња/рачиња им се слободни, топли и да се открие нема да им биде ладно. Од Скопјанка продавниците јас имам купено околу 1200 мкд ама вреди ама пред неколку години, може уште да ги имаат. Инаку имаат продавници во аеродром и порта влае. Кај се точно продавниците не знам, маж ми го купи од аеродром тогаш.