И јас од тоа што најдов на гугл, си прават да заспијат полесно... Ама ме јаде црвот. Зошто си прави да спие полесно? Нели го опуштам доволно? Да не е под стрес? Дома одам на прсти кога спие, ш'шкам и не му давам на мојов ни да зборува. Ноќеска го снимав додека правеше така, ќе го пуштам на педијатарот. Изгледа јас не сум нормална.
Многу ли е 7кг за 3 ++? 3550 е родено мислев до 6м треба да дуплираат килажа он на 3. За 2 недели сме на контрола па да знам дали ќе ме караатСамо на доење сме инаку
Син ми нон стоп прави така во спиење кога го мачат грчевите, ај баш кажи што ќе ти кажат да не се мислам и јас
Луѓе во право бевте за топломерот, денес бев на педијатар и ми рече нормално е до 3 дена да не кака и дека не смеам да манипулирам со топломер може дете да се навикне само така да кака, мора само да кака. Ми даде чепчиња ама да ги користам после 3 дена. Иначе се друго е во ред и со мене и со него.
@Brpbrp спомна во друга тема дека Антоније беше гостин во Телма амбуланта сабајле, ја изгледав емисијата и сакав да ви кажам седнете и слушнете го. Јас сето тоа сум го слушала кај него на преглед ама најмногу ја пуштив за да слушнам и препратам на тие околу мене што ме дават за кравјо млеко и калциум. Многу убаво објаснува за дозирањето на Д витамин и калциум. Тука скоро зборевме за дозата ама не се осеќав адекватна да објаснувам за важноста во кое подрачје се наоѓаме. Не е исто да живееш во Мајами и во Норвешка затоа моја препорака да ја слушнете емисијата верувам ќе ви се разјаснат некои дилеми.
Ма какво карање на доење си е да е жив и здрав па ке се должи па ке си расте Моево на 2 месеци и 10 дена беше 7кг рамно роден 3960. Но на ад е
Сабајле Ќе искочи за скоро сигурно на YouTube на Телма каналот. Има и други емисии со него ама мислам нема објаснето претходно за поврзаноста на Д со калциум.
Зависи од педијатарот за карањето има забегани па караат .(ако те кара не го слушај ) Инаку не е многу . И мојата ја дуплираше на 3 па после намали со килажа качување ,почна повеќе да се издолжува.
Можеби ја читал дискусијата овде, па тоа го поттикнало да кажува за тоа @BabyD0ll Некако и чепчиња не би давала на три дена ако нема мака и ако е и на доење. Има бебиња и повеќе дена не какаат, па немаат никакви проблеми. Важно е и каката каква е, дали е жолта и каква густина има, не само бројот на денови колку не е искакано.
Јас еве да споделам што највеќе ми остави впечаток : Се јавува свекрва и вика Снашката ми е трудна 16 недела и колку Д вит да пие за фетусот и овој мртов ладен: Тоа не можам јас да кажам гинеколог ќе и каже Абеее сегде ги има свекрвиве нема бегање
Слатко си ме насмеала за ова да не е под стрес И моето така ја врти главата навечер. Се штрека цел, дига рачињата. Ама се смирува брзо и си спие. Навикнат е веќе, 19ч станува немирен и го носам во спална. Менувам пелена, масирам, пижами и си лежи смирен. Му давам да цица и си мирува. За на крај да си заспие така.
Ќерка ми кога прими вакцина на 2 и пол месеци имаше 6 кг и ми рекоа предадена е, да не претеруваме со млеко, иначе на ад сме. Јас и маж ми сме високи големи и не знам докторката што очекува од нас, стандардно бебе да имаме И давав чај за грчеви демек да ја залажуваме ама жал ми е кога плаче за млеко и си реков не слушам доктори, битно да ми е здраво детето. И кога го прочитав коментарот се потсмирив дека има и др случаи како нашиот.
И мене ме нервираа само дрндаа па после испадна се извиши повеќе дојде во ред килажата, сега го раниме како штп ни кажа педикатар збуцкан е ич не се замарам гледам по него сакал на 3 на 4ч на 5ч само ми е битно да не надминам 6 оброка од 150мл за да не дое на 1л да пие во 24ч. 4мес е сега инаку
Нормално е. Моето се поти кога јаде ако му е малку потопло млекото па после со фен го дувам да не е воден во косата,си и ма косичка густа и лесно се поти. Сакав да прашам јекодерм дали користите превентивно после капење да не се исуши кожата. Јас засега само јекодерм ставам, сме немале проблеми со кожата. За 1 недела 3 месеци ќе сме.
Пред 6 години родив дете на 15 јули у сред лето. За среќа не се потеше нешто многу, ама па и јас не го облекував многу. Од раѓање до речиси една година го бањав со бебешко сапунче и го мачкав со јекодерм. Патронажната ме убедуваше дека порите се затворале или не знам што, но не ја послушав. Никаков проблем немавме со кожата - ниту газе, пеленска регија, ниту внатрешна страна на лакти, вратче, бутови ... Мислам дека е многу поприродно и подобро како целосна заштита на бебешката кожа него брендовите кои ги има по аптеките ....
Па како што знаеш и на доење и на 60мл ад сме. Мислам дека не би требало да чекам повеќе од три дена поради ад.
Знам, знаеш дека и јас бев и на ад и со доење, 9 месеци истуркавме комбинирано. Муабетот ми е, ти зборам од искуство Мислам дека и претходно ти пишав дека на 6-7 дена какаше еден период, си се апсорбираше и немаше што да кака. Во ниеден момент не ставив чепче, не давав чај или што и да е. Следи ја каката и сè додека нема тврдо меше, додека е жолта како сенф и не е тврда, нема потреба од тоа да предизвикуваш какање со што и да е.