Мојот стандард од 2 почнува така ама ние уште де мачиме се грчево така да може да е од мака што неможе да заспие убаво иако мислам не е страшно
Мислам дека си игра Ако не плаче, нема мака. Моево тоа го прави со сета сила. Кога беше помал, на земја ги лупаше, си велев ќе скрши пета. Кога го пресоблекувам, на кревет го прави тоа и ако му правам смешки, се гази од смеење и уште посилно лупа
Здраво мајки дојде ред и овде да пишвам Имам две прашања,дома се грееме на дрва и цел ден собата е со температура од 25до 30 степени,бебка ми е облечена само по боди по крстки и шпихозни на долги кога спие некогаш ја покривам со подебелко кебе некогаш со тетра пелена,дали е ок? Мислам како да знам дека и е ладно? И друго прашање никако не фака да цица и цела вечер ми е на ад млеко и давам кога ке се разбуди на 2-3часа по 40 или 50 мл.,дали и е доволно? Иначе стари сме само 4 дена
Прво цицање после ад што повеќе на цицање максимум 60 смееш да дадеш ад ама гледај да е 30-40 мл и кога ќе побара пак прво цицање. Ако не фаќа никако на голо пробај со силиконска моето не сакаше да фати на голо со силиконската немаше проблем. На 20 степена јас само по долги шпихозни без чорапи и тенко ќебенце го покривам.Не го облакај толку на 30 степен апо боди па и плус шпихозни, од топлото се суши воздухот така да добро би било и навлажнувач да си земеш. И да рацете и нозете им се ладни и не значи ако и облечеш чорапи и ракавички дека нешто ќе смени.Од топлото можеш вруќници да и направишт.е. црвенило и немирно ќе спие и нервозна ќе биде.Ккао што тти е на тебе така и на него или ако ти е шубе и мислиш дека и е ладно уште еден слој облечи и ништо повеќе.
Многу е висока таа температура.22-23 степени за бебе е доволно и така облечено. Или ако е 25 само по боди би го оставила. А за цицањето најдобро на време види со лактациски консултант ако сакап да доиш. Моето не сакаше да фаќа исто како твоето јас се измолзував и му давав ама не издржавме долго зошто беше плачливо бебе и немаше кој да го придржи додека се молзам преку ден. Единствено сеуште се каам што не се консултирав како што ми препорачаа. И тоа да пробав и да знаев дека ете не сака ама тоа е бидна веќе сега е на ад. Си напредува фала богу супер и ништо не му фали ама доењето ми остана непстварена желба.
Прежешко ви е дома, и ние сме во куќа на парно на дрва па температурата никогаш не ни е волку висока за мене најидеално е до кај 23с, во спална јас некогаш го затварам радијаторот за да не биде жешко за спиење ноќе. Со ад млекото немам некое големо искуство син ми на почетокот неколку дена му давав плус ад 30 до 60мл. Максимум, биди упорна ќерка ми 4 дена воопшто не сакаше да фати да цица педијатарот ме советуваше да не давам ад туку да форсирам града, ад да дадам само ако е ептен вознемирена така и правев 6 месеци си беше на ексклузивно доење.
Не знам дали е скок има два дена дете пред спиење ќе си поплаче по малце ќе си поскенка и ќе си заспие. Дали се грчевите или па нешто друго?
И сигурно не траат неколку минути.Баш пишуваше на колипрев страната дека грчевите когга се јавуваат траат повеќе од еден час а не неколку минути.Долготрајното плачење води кон грчеви,а другите плачови може да се да ги болат коски,нервоза од презамореност и ред други работи грчеви не поминуваат од неколку минути барем колку што знам јас зошто пропатевме од нив
Ти си пропатила, но не пропатуваат сите. Моето не вриштеше, а понекогаш слушав дека има грчеви и му крокореа цревата кога ќе му ставев рака на мешето. Креваше нозе, но не вриштеше. Сакам да кажам дека не мора да има вриштење
Точно не мора да вришти. Мојата се собираше цела поцрвенуваше и како да ржеше па ќенкаше и се опушташе. Патронажна баш ја виде дека така прави и рече од грчевите е. @BabyD0ll топло ставај му на меше ,најубаво поминува така
Да така ги крева нозете се вцрвенуца и ќе прдне. Исто бара нонстоп да цица, а сега бљуцна. Ги става рацете во уста и спиеше само 1 сат сега.
Грчеви се ,ставај топло на мешето ,само пази да не е многу жешко. Бара да цица зошто на цице му се смируваат.
@MorskaSirena За спиење препорачлива температура е од 22 до 24 степени и со потенко ќебенце покриена. На почетокот, кога се вративме од болница, сеуште немав млеко, само колострум и по препорака на педијатар дење-ноќе го будев на два часа, му давав да цица, па млеко и фактички доаѓаше ад на три часа да пие. Ме советуваа помалку да го облекувам и пред доење да го расоблечам по боди и чорапчиња и тогаш на града. Кога ќе завршиме со доење, тогаш да го облечам, па ад да му дадам и на спиење пак. За да знаеш дали и е студено или топло, ќе и ја ставиш раката на вратчето позади (ова ми го кажаа и педијатар и ортопед). Не нозе, не дланки, не носе, туку само вратче, бидејќи уште немаат циркулација.
@MorskaSirena Еве нешто што може да ти е од помош чисто за претстава и ориентација колку ти е топло/ладно дома и како треба да е облечено за да му е пријатно. Преку ден: Преку вечер: