1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Cakicka

    Cakicka Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    50
    Мене вчера педијатарот ми рече после вториот месец кога прашав за вежби
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Да така му кркорат на моето и кога ќе се наведнам со ушето на стомакот ги слушам.
    Не плаче многу ама скенка и се буди не може да спие..
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rainbow_bb

    rainbow_bb Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    не ја дојам без престан 2+ часа, сама се трга од града кога сака да подригне, ја исправам, подригнува и веднаш бара да цица повторно. па ќе се испокака сред нареден подој и кога ќе се тргне сама од града, повторно ја подригнувам, менувам пелена и ако ја ставам во креветче, бара повторно да цица и вака во круг може 3 пати, доста ѝ е после 5-ти подој можда. и цел овој циклус дур заспие трае повеќе од два саати. па и да заспие ќе ја фатат гасови во сон и од тоа може да се разбуди и да ми бара уште еден-два подоја. пренапорно ми е, дури и самите гради почнаа да ме болат (не само раздразнетите брадавици) - немам грутки или запушени канали иначе, ми ги празни до степен како што ми биле пред бременост.

    не сака цуцла. како да ја дави. а кога конечно ќе ја прифати и заспие со неа, ја плука во сон за 10 минути и вреска за цицка.
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Веќе сме 3 месеци и една недела од денеска детево почна полека само да се исправа и тоа поприлично доста се исправи, останав некако во не верување, нели е многу мал за сам да почнува да се исправа?
     
    На Teo2020, Осе и BeloMache им се допаѓа ова.
  5. Novemberlily2020

    Novemberlily2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2020
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Ние почнавме кога падна папочето. Прво на меко, на кауч или кревет. Некаде пред втор месец почнавме и на подлога на под. Од тоа што читав, можело на под од почеток, но ми беше шубе дека паѓаше главчето почесто.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Еве сум, првите два месеци мислам на цице го преносив. Кој што правеше тој само висеше на цицка.. Два месеца како залепена за кревет бев заедно со него. Цело време сакаше да цица а кога не цицаше сакаше да си спие на цице и ако го тргнам плачеше, а грчевите дополнително придонесоа бидејки цицето му беше утеха. После вториот месец почна да го интересира и што има околу него освен мама и цицање и тогаш малку ме олабави,иако утре прави 4 месеци и уште знае да се погоди ден каде што бара да цица на секој саат. Така да само трпение, малецко е не знае за ништо друго освен за мама, ке помине брзо.
     
    На BeloMache, PurpleMind и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  7. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    А ви се случува да имаат прљавштинки меѓу прстињата (и раце и нозе), вчера приметив и на дланката
    Јас исто приметив пред 10 дена и кога го бањам гледам убаво да исчистам, но се собира цело време и од самиот памук на облеката што ја носи, вчера приметив и на наборчињата на дланките, провери и таму
    Мене ми кажаа уште пред да направи месец да ставам минимално по мин-две (папочето ни падна на месец дена), мислам дека беше на втората контрола, негде после 2 недела, јас веќе го имав ставано минимално.. педијатар го гледа бебчето, дали има доволна сила, килажа и др.. може и затоа дал совет порано
     
  8. lana2915

    lana2915 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за совет малата ми е месец и пол. Имаше продолжена жолтица па поминавме со сончање. На оваа проверка испаднаа покачени тромбоцитите на 720..
    Пред 2 недели на клиника биле во ред а сега покачени. Во оваа лабораторија кога и да правиме анализа се покачени.Друго се е во ред.
    Докторката вика да провериме повторно. Но навистина не ми се мактретира бебето веке.
    Има ли потреба од грижа се изначитав на нет и се мрднав со памет има ли некој искуство со покачени. Во нормала за доенче биле 650 а нејзе 720
     
  9. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Мајка мн е битно во која лабораторија си правела. Знам дека малтретираш бебе ама повтори. Мене така ми излезе дека е мн анемична а бев уверена дека не е, зашто дете супее беше. Отидов во авицена, од прст земаа и испаднав во право, сосема нормална крвна слика.
     
  10. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Здраво, ви се случило сабајле пелената да е малку само наполнета? Како да не мокрел, а цела ноќ цица дури почна и на саат и пол. Не знам што значи тоа обично сабајле е фул и тешка. Не му менувам преку ноќ
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    4.328
    Пол:
    Женски
    Леле сега ќе пишував за тоа... и кај моето е исто.. првата пелена сабајле не сува, ама како еднаш малку да мочкал и толку.. следната му е преполна обично, ама можно ли е ноќе да не мочка? Како да трпи, па после одеднаш се да исфрла.. Спие 8-9-10 саати..
     
    На Bicka77 и lemon8ejt им се допаѓа ова.
  12. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Да од 22ч до 08ч спие...го доиш? Многу чудно....
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Се случувало и кај моето. Да не се поти ноќе или може повеќе ја држи градата отколку што влече.
     
    На Bicka77 и Leksikon им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Синоќа го бањав бебуш, водата некако не беше баш најнајтопла, ама успеав набрзинка колку да ја одмијам убаво ..
    Ама во сон кенкаше,ја осеќав немирно спие, сабајлево мешето тврдо а цревата и кркорат, се напињаше и се искака.
    Кива и онака секој ден ден, ама од сабајлево се си мислам ја преладив со тоа бањање со секое кивање :sweat:
    Се дави кога пие од шише па чај се плашам да дадам да го смири стомачето..
    И некако ко да не ја облекувам многу, само боди и шпикозни,чорапи не, и дека спие со мене покриена е само со тенко ќебенце..
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    И јас тоа помислив, дека само малце ќе цицне и заспива. Затоа ја прашав членката дали и она дои.
    Фала
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    202
    Здраво мајки. По препорака на педијатар поради црвенило, после секое какање, син ми го одмивам со вода. Но, има исклучоци по еднаш до два пати дневно кога не сум во можност, па го бришам со туфери за вадење шминка натопени во млака вода. Потоа нанесувам крема со цинк. Дали и вие правите исто? Ми забранија со влажни, па малку со туфериве не е практично и економично. Идеја некоја со што да бришам? Инаку син ми е 2.5 недели.
     
  17. BeloMache

    BeloMache Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    202
    Зависи која температура ти е дома. Ние со клима сме уште во недоумица. Почнавме со 27, 28, пекол беше дома за сите, мене ладно. Потоа намаливме на 26, сега на 24 држиме. Така ќе остане, не е здраво да е повисока температурата дома. Во тој случај, го облекувам во долни тенки со чорапчиња од самите плус уште еден пар чорапи, боди по долги и тенка блуза по долги. Нозете покриени со пелена средна дебелина да не е без ич. Можеби и јас грешам. Ама кива често, па ми е страв да го оставам само со едно долни и две многу тенки горни.
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Тетра пелена исечи ја на парчиња и таман ќе можеш да ги переш.
     
    На BeloMache и Leksikon им се допаѓа ова.
  19. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 15м еднаш не сум ја избришала со влажни, немој да ме разбереш погрешно ама подобро ке давам пари него ли детето да ми е со црвено газе.
     
    На KiviOdMaldivi и BeloMache им се допаѓа ова.
  20. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    Кога не сум во можност да ја одмијам, земам гомцата и ги забришувам со белите виолета влажни 99% вода, и после со туферче потопено во вода и убаво исцедено ја поминувам пак и кога е сува и мачкам помада. Ако има црвенило тогаш мачкам крема со цинк(судокрем или на фризидерм) ако не само мрсна крема.
    Инаку земам од то то туферите, или од тие на ДМ (околу 100тина ден се и едните и другите, 60 парчиња). И доста се поголеми и позгодни за оваа раб отколку туферите за шминка.
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.