Зголеми пробиотик (ако сакаш слушни се со педијатар за дозата ама препорачуваат сите да се дуплира 2х5капки), вода пробај со шприц или мене ми успеваше да натопам стерилна газа во вода и да ја цица, можеш да свариш некое овошје и со лажиче да даваш од водата.
Детево често ми има очна инфекција, де на едното, де на другото око. Лечам како што ми е кажано на лекар, со чисто памукче, натопено со вода, неколку пати на ден. Прашањето ми е: зошто добива очна инфекција толку често? Читав дека е нормална појава кај бебиња, ама нон стоп? Да ги дигнам на клоци да го испитаат?
Па на 2 саати инаку, а последниве 2 недели почна на саат и пол некогаш на 40мин можеби не цица само се мази немам друго објаснување. Рве и сабајле сува а до завчера полни тешки пелени
Не скокав капки, на секоја недела или 10 дена тргав по една капка. Масирај го внатрешниот дел на окото кај тоа како топченце што е. Притисни, ќе излегува секрет и солзи, ќе се чисти каналчето. Мене само тоа ме спаси, а и антибиотски капки и што не правев 6 месеци. Кога редовно и упорно го масирав, исчезна секретот. Не се сеќавам дали доиш, на секое цицање го масирав.
Ама нема да му пикаш прст или нокт во око, тоа надворешно ќе го правиш со благ притисок, со горниот страничен дел од прстот, со месото што ти е околу ноктот. Кружни движења, благ притисок и ќе излегува секрет.
Можно е да се гали, да не цица. Ај види 2 дена како ќе биде, ако е исто а цица навечер, во понеделник на педијатар евентуално.
Така да, и јас откако се зацрвени скоро секој пат го измива, и максимум до 2 пати во едно деноноќие го бришам. Шанси нема веќе со влажните
Што користите за пеленска регија? Газето и е жар, дури и малечки брунчиња и искочиле.. Жал ми е да ја гледам Павловичева, веледа судокрем јекодерм бекутан се ова ми е пробано не помага. Сменив и памперс.. Како др да и помогнам?
Направи си и брис ако сакаш. Јас трипати го носев во различни лаборатории и чисти беа брисевите Само што ќе поднамалеше од капките, после некој ден пак секрет. Пукнав, ептен ме нервираше тоа, па и долго траеше кај моево
Како што кажа еднаш @Kaetana цуцлата е измислена за да замени града, никако не може градата да е замена за цуцла. Сепак не е само хранење, може има повеќе потреба од близина, тој период.
Си ѕирнала на нет некои истражувања бремена си така? Мислам ти пишав за моја блиска што првото и беше бебе доенче кога остана трудна знам дека го имаше префрлено на ад после баш околу тоа зборевме но не ја распрашав многу само спомна и се намалило млекото...е сега дали е индивидуално дали ради бременоста не знам. Прочачкај по нет што пишува и види со гинекологот-педијатарот да не треба чаеви за доилки да пиеш и некои овесни снегулки да појачаш повеќе на млеко
Добра идеа, не се сетив на тоа! Градите ги осеќам полни и некогаш кога ќе се тргне гледам дека ми тече млеко. Можно е да е намалено ама како да знам? Единствено да појачам со исхрана?! Бевме сега на педијатар супер напредува не спомна ништо. А пошто прдијатарот не ми е баш муабетчија некако немав простор да кажам дека сум бремена
Чим супер напредува тогаш може и се е како што треба може период му било скок или нешто слично... Инаку ја за млеко бистар сок од јаболка сум пиела, овесни снегулки чај за доилки... сега не дојам па еве девојкиве што дојат нека дополнат листа на храна. Ама провери за сигурно дали е тоа може се регулирало штом велиш тече и да било ете така некој период