ете тоа заборавив да пишам , во кола пред две недели спиеше преубаво , а како почна скокот нема абер од спиење во кола , дури и подолго патуаввме еднаш не заспа , сега и количка ќе кипуме и тоа ќе пробам , баш вакцина ќе примаме задутре ќе го потпрашам педијатарот ... фала многу девојки
Ќе си се врати штом е во скок нека пројде.Кај мене па обратно до 4 месеци не сакаше во количка хоори беше со надвор вриштење и кога не беше во скок па еве го сега се вози и по 2 часа , гледај само да не се премори и од тоа знаат да се нервозни и да не можат после тоа да заспијат
Само кога е какан, му го мијам газето со водичка, го бришам и мачкам или павловичева или судо крема, а кога е мочкан, ако му е мокра пеленската регија со туферче памучно од дм, го тапкам, ако не, не бришам, само доколку е суво, ќе го намачкам и му менувам пеленче. И јас се изгорев со влажните марамици и веќе не ми текнало.
На колку дена ги однесовте бебињата прв пат на педијатар? Ние сме 9 дена и незнам дали да ја однесам неделава или да почекам до понеделник. Немам никаков проблем до сега само чисто ме интересира како и колку напредува. И колку е нормално за 9 дена да качи на килажа?
На мене од болница ми закажаа на 13ти ден, 9 дена откако дојдовме дома. А пред да се породам другарка ми кажа дека нејзиното бебе го однела на 2 недели. Во поглед на тежина педијатарот кажа 20 гр во просек на ден е минимум. Е сега не знам дали ова се однесува на доенчиња или тие што се на АД или и двете.
Мојава е и на доење и на ад ама мајка ми ја мерела сабајле вика дека качила скоро 500 гр што не ми е верно а и премногу ми дојде некако за бебе од 9 дена
Мајки после фамозниот 4ти скок дали спиењето се регулира? Уште неколку дена има до крај ама веќе ми е напорно. Ноќе знае да се буди и на пола саат и сака само да го ставам на града и заспива и така по цела ноќ будење на саат на пола саат дури. Денски исто една дремка пола саат најмногу. Барем три саата да сврзеше навечер..
Не во 4ти скок се научи на саат и пол да се буди и бара да цица и сеуште исто тера....само што мене ми спие и преку ден на 2 саати по пола саат 40мин. Инаку пред 10на дена искочи од 4ти скок.
Да не има грчеви уште? Моево мислев дека е од скокот со будењето на саат ама еве од кога пак му ги почнав капките неколку дена се буди на 4 саати иако скоро 4 месеци е, ти си го знаеш бебето но чисто да имаш во предвид
Има грчеви уште.. Не знам од што точно се буди, скок, грчеви, заби.. Кои капки ги почна? Инаку ние сме 4 месеци и 3 дена и уште се грчи, аман веќе
А па ако сте ја примиле и рота ревакцина...издржи. Два дена е само плачење и грчење и темп до 37.7 Ама вакви грчеви имаше на 15дена ... ми се врати филмот страв ми е да не потрае
Тоа ми е мислата овие денови. Не ја има примено втората доза а време е за примање. Со првата поминавме страшно, и еве уште има грчеви, сега за втора доза коса ми се дига нагоре не сум паметна што да правам, дали да ја избегнам или да ја прими
Не сум паметна но еве на твое место би ја примила кај уште првата сум ја истрпела да не оди курбан зошто со 1 доза џабе е веќе со 2рата е 70-80% заштитен ( овој факт секако провери го околу заштитата со диспанзерот ја вака разбрав) И кога веќе нерви сум изгубила со прва боље ќе догубам со втора доза бар ќе е заштитен и ако го закачи ќе мине со блага форма. Значи во глобала најпаметно ти е утре телефонот сврти во неколку диспанзери што ќе ти кренат и консултирај се види баш нивно мислење ...
Првата без никаква реакција а замисли помалечко баш со грчевите. Дури мислам од денот кога ја прими како да престанаа. Немора да значи дека кај вас ревакцината ке даде повторно. Навивам да престанат со ревакцинава
Не знам колкаво е бебето, јас така имав проблем со моето, сега влезе во 5ти месец до скоро се и беа со дрлчиња и двете сега само едното насабајле... Ставав све и свашта и брис правев негативем беше... Во ремедика ми кажаа масажа на очните каналчиња бидејќи тешко пробиваат и додека ја масирам добро е... Сега гледам од некни по помалку има насабајле белким веќе ќе се среди.
Земи Флого од зегин, со првична ветеринарна употреба е ама се е на природна база и може да се користи и кај бебиња и возрасни, кај моето со две мачкања го среди црвенилото, сега повремено мачкам кога ќе се вцрви малку, вечерта ставам до утре веќе нема ништо.
Ке се консултирам, иако секако верувам дека бенефитот е поголем ако ја прими и втората доза, ама пусти страв од тие грчеви и пропратни вриштења. Ретко се погодува еден ден раат да сме.