@Jana06 не знам колку е baby love ама имам слушнато дека е поефтино, значи има решение како да му се дава сепак адаптирано, ама многу посегнуваат по кравјо само ради таа причина што за мене воопшто не е ок. Друго жално ми е ко ке прочитам вакви работи дека кравјото е добро за бебе а само еден клик деле од информации. @Katerina94 да како шо кажа Оли за к.млеко е ок. Од свекрви или постари вакви размислувања не ме изненадуваат Или тоа вештачко даваш ко да му даваш нешто лошо на детето
Znaci jas kazuvam deka treba i odniv da se slusnat nekoi soveti a ne se da se primenuva ete toa sakab da kazam, a eve sea primer da ti.kazam soako adaptiranotp mleko predizvika alergiii veruj imam i takov slucaj. Znaci se e do organizmot na bebeto
Иста ептен ситуација сме. До два месеца не знаев што е ден а што ноќ, после малку попуштија примивме вакцина па некои 10 дена беше пак страшно, после пак намалија ама не се исчезнати скроз. Еве секоја вечер околу 11 ке го фатат и се врти се стиска де на една де на друга страна, не се јаки ама доволни се за да не може да спие убаво и така се буди на секој саат а имам приметено два три дена се погодиле да нема воопшто грчеви навечер и се будел во 4 или 5 за цицање. Преку ден многу поретко ги има ама јас мислам дека преку ден дека е активен дека има галама се заигрува и не им обрнува толку внимание а навечер е мир и тишина и ги осеќа. Не знам навистина ова е некоја моја логика а до кога вака не знам ние дури во 5ти месец влеговме уште малце па и со вкусови ке се почнува, како ке биде не знам. Капки престанав да користам после 3тиот месец само на пробиотик сме.
Види ја сликата погоре што ја ставив и прочитај. Затоа адаптираното е адаптирано. Во случај на алергии имаш адаптирано без лактоза.
Има млека кои се наменети за бебиња со алергии ако има од ад значи ќе има од кравјото да бетер алергија Не се дава кравјо на новороденче од иста причина поради која не се дава каша од брашно и вода на 4месечно бебе НО секако на крајот ти си му мајка на тоа дете ти како ќе си одлучиш во консултација со доктор прави. Ние овде нит сме доктори нит медицински лица учиме една од друга и читаме на интернет консултираме педијатри и специјалисти па така споделуваме на крајот секоја за себе
Па еве ти велат не давај, ти велиш ќе давам. Не е лошо да бараш совет, лошо е да пробуваш да разубедуваш некого дека е ок да даваш кравјо млеко.
Јас имам и постара керка од 22 месеци која од како се роди беше на Аптамил, кога подпорасна негде 17 или 18 месеци сменивме на Baby love od DM цената е 259 ден што е мноогу поисплатлива вааријанта верувај ми. Еве уште го пие. Имате варијанти различни , кравјото не го гледајте ни како млеко за бебе.
@Roxy1991 ти дај си кравјо ако си решена, сепак на твоето дете ти си му мајка. Само пред да го направиш тоа, информирај се за можни последици. Пример утре железото ако е слабо, да не се чудиш и паничиш како и зашто туку веднаш да ти текне кој е најверојатниот причинител.
Домашното е уште полошо зошто не знаеш каде пасела кравата па можност за добивање тешки бактерии се големи шансите.Сите со своја одговорност али ако нешто се случи на бебе не дај боже родителот ќе си ја чука главата никој друг нема да е виновен
Абе млеко не е ни за возрасни ама ај, да не ширам пропаганда. Единствено нешто што можеш да добиеш е калциум, а него можеш да го внесеш и преку многу други намирници. Пишав пред неколку дена, гледајте го Антоније на Телма амбуланта и ова го имаше опфатено.
Така е, сакав да кажам колку се сменети работите, а ретко кој од постарите прифаќа дека медицината како и секоја друга наука оди напред и се развива, не значи дека ако си правел така пред 50г е правилно и сега кога веќе има подобри опции и докази
Мојата ме тера да давам јајце од 3 ти месец ама си го доби поштено за такви совети! Така правеала за синот! Да пред 37години, господе
И јас му прекинав па пак почнав, и мене ми е страв што ќе се право кога ќе почнеме сл вкусови од млекце е ваков не па од тоа а пазам на исхрана ептен. Незнам тебе кое ти е ама јас уплав имам за второ од овие грчеви
Врти, сучи, пак до свекрвата ќе дојдеш Еден од најважните фактори во раст и развој на детето Шала на страна, вие што доите, навечер освен со цице како на друг начин ги залажувате малите? Знам дека е мала, бара близина, во скок е, сѐ тоа ама има ноќи претерува. Се најадува убаво, заспива и за пола саат се буди, пробав да ја лулам така, плаче. Сака налегната, врти глава, отвара уста и чека цице Вака си спие по цела ноќ, немам проблем со шетање и бидна седење ама не сакам ниту да ме користи како цуцла.
Скроз обратни сме, ни преку ден не цица, а не пак ноќе. Се е со молење И моево не е добро вака, ама па и вашето е боже мили
Ќути, зашаметеана сум цела По цела вечер сум со ц*цки на мегдан така си спијам веќе Препишувам на скокот, прво си сврзуваше и по 6 часа сон. Ќе ја издржам уште малку, после кога нема да биде во скок ќе ја карам