не верувам дека се мали не изгледа така, и на килажа бебе е скоро 4 кг а пелените се од 3 до 6кг, но сепак вреди да пробам со поголеми ако ни продолжи маката...
Значи го храниш бебето на секој час? Мислам дека за моето тоа е многу? Преска дадов мајчино па ад, и сега после два и пол часа го испи само мајчиното и повеќе уста не отвара...
Моето е 6кг500гр, а користиме пелени бр 4- што е 7-8кг до 12 мислам ако не и повеќе. Никогаш не протекуваат
Па мислам го мачат грчеви пошто крева нозе ќе прдне ќе се смири па пак исто што знам, он имаше страшни грчеви до 2 месеци а со какање никогаш немавме проблем до сега иако може и од регресија и скок се да е собрано што викаш. А твоето до кога правеше така со главчето? Он преку ден не прави ама спие 4 пати по пола саат повеќе никако
Малата ми е 3 ипол месеци,денес некако ми го преспива цел ден,од сабајле како е станата се вкупно околу 5 часа ми е будна.Дали е нормално толку да спие.Се загрижив
Исто значи Исто во сон крева нозе и си прдка ние преку ден 5 мин не спиевме сами едно време, се во раце и наеднаш почна да спие по пола саат па сега по 40-60мин сама на кревет. За една недела правиме 5 месеци а престана така да мавта може пред 2 недели. Навечер спие исто мирно само што сега веројатно ради скокот ми поврзува од 21часот до кај 2 и после на 2 саати бара да цица ама бар мирно спие. Така да мислам и вие набрзо ќе се смирите
Имаат такви денови ког спијат цел ден одмори се и ти со него заедно Моето е 9кг и користиме виолета бр5 од 11кг. Така да може да се мали
Да не ти се мали? Или да не цица многу навечер јас имав еден период кога на 2 саат цицаше навечер и тоа квалитетно и ми пропуштаа па на пола вечер менував пелена за да не се потопи ако ти цица премногу навечер може не му додржуваат многу саати
Mamicki po preporaka na pedijat ni rece da zemame hip ar,no bebushov nikako ne go sakat samo 10ml mi piet za 30 min,kazete nekoe drugo mleko so koe da probame
Исто - на 4 месеци беше 6.500 и тогаш почнавме Кан бебе 4 што е од 7 кг. Иако ни 3ката не пропуштаа, сепак се гледаше дека се мали, иако се до 8 кг мислам. Може и 9. @no name5 мислам да пробаш со поголемо бројче
Исто бевме ,од виолета се нафрла се префрлив на кан бебе. Тие му пуштаа навечер ај мислев до пелените е земав слипи спрема килограми,и тие пропуштија и реков ај едно бројче поголеми ќе земам пак слипи (ми се допадна што немаат гел ) и сега со така тераме иако тогаш беше 5 кг. А тоа бројче е за од 7
Некој да препорача педијатар во понеделник треба да идеме прв пат,и дали да чекам да ми каже педијатар дали да давам пробиотик бидејќи пиеме цефакселин.
Обавезно пробиотик,не мора да чекате педијатар да ви каже,норниа,ваја,рекол било што дадете Драгана емел марковска би ви ја препорачала за педијатар.ептен е стручна,однос кон пациент предобар,јас лично сум презадоволна
Исто во Идадија би ви ја препорачала докторка Звездa Спасовска. До сега све што ми кажала за двете деца така било и доступна телефонски во било кое време..
Немам многу искуство со затнато носе. 3 ден е затнат малиов ставам исомар физиолошки раствор го вртам на меше и дел ке излезе лигаво а дел морам со пумпица ептен суви ми се. Зелени мрсули и подкашлува кога ке му се слеваат. Дали да правам инхалации и со што? Крвна слика добра беше најверојатно паднат имунитет после вакцини а е 4 месеци. Некако да му го олеснам дишењето за ноќе преку ден и се одзатнува колку толку
Тенџере со вода во соба кај што спие или кромид врзи до креветот ќе смрди ама помага за да спие навечер. Лично не сум правела но сестра ми за внук ми ставаше капки не ни користела само со кромид Инхалации мислам мора педијатар да ти одобри некои веќе избегаваат