Да кромид, јас ставав насечен на ситно да фати лекот повеќе , на мала чинија до перниче од бебе, ако е мирно бебе
Потврдувам и јас за кромидот, секоја вечер ставам во негова близина. Имам и јас проблем со затнат нос па ми помага и на мене. Мириса, ама се навикнува човек Дополнително на парното ставам ѓезве со вода, и два пати навечер го пуштам прочистувачот да работи по еден саат. До сега ништо не сум употребила за носето.
Фала мајкиии ке си пресечиме кромид нека мириса колку сака само да може да диши бебе се измачи кутрото
Здраво мајки, убав ден на сите, сакав да ве прашам дали некоја се соочила со истото. Денес два месеци праиме, едното бебче после секое пиење млеко плаче, и со капки и без капки е истата ситуација... Го подигам да ждригне ама после пак плаче... И обавезно после секое пиење го враќа млекото... Денес сме на преглед ќе прашам ама сакав да слушнам и вие што мислите... Ви благодарам однапред
Да не има рефлукс? Држи го исправено пола час после јадење да не е во хоризонтална положба. Така помалку се враќа млекце. Пиши што ќе каже докторот
Здраво мајки, борци! Дојдов да ви се изнажалам. Детево не ми е исто, како друго дете. Громчето од четвртиот скок помина на апликацијата и малиов одпосле почна да биде екстра кенкав и плачлив. Плус со забите почна да е нервозен, плус sleep regression, очна инфекција и како цреша на врвот, му се појави црвенило на газенцето. Обично малку да зацрвени, мине од кремот, сега уште толку се изиритира кожата, жар црвено му е газенцето. Пробав да сменам други пелени и плус земав друга крема од Еуцерин, пишува за "итен случај" на неа. Ако знаете нешто друго, кажете. Утре сме на лекар после месец дена, во која состојба ќе и го однесам детево? Лицето му е цело со гребнатини, додека сум му ги исекла и средила ноктите, пораснале и се изгребал. Навечер.. Што сакаш прави му, кога сакаш легни го да спие, денски има кратки дремки, некогаш еднаш до двапати на ден дремнува, уморен, избањат, измасиран. ЏАБЕ! Он среде ноќ е буден и полн со енергија. Му спискав ноќеска "аман, зошто не спиеш?", од очај. Маж - лут, јас се мразам што го направив тоа... Ќе издржам бе, не е проблем. Него, со вкусови како се почнува? Му купив онакво како цуцла што се полни со храна и што сега?
Нема рефлукс а го држам исправен после секое јадење скоро по 40 минути и пак истото се случува.. Ќе пишам баш.. Фала ти..
Не мора да значи дека поминало може уште го држи громчето. Јас по моето приметив денски кога не ми е наспан ноќе уште помалце спие. Дај се од себе денски бар два пати по 1час да спие. Ставам во количка пуштам бели звуци и се нишкаме пола саат заспива се буди па отпочеток се презаспиваме. А го приметам дење дека се зачешува по лице и веѓите му се вцрвенуваат одма ставам во вреќичка, количка и нишкам. Некогаш сњ буди и скока целиот мислиш наспан а нема везе ќе го земам и кенка и ајде отпочеток презаспивај. По мое искуство дење ако спие ноќе ќе спие. За гребаници исто лом е, сечам нокти ама се гребе и тоа е веќе не се ни потресувам ставам крема. Ноќеска баш во 2 стана и мм упорен го зема вика не му се спие скока пуштил тв да гледаат дури "му се приспие" ја не дозволувам така и многу ме нервира што не ме слуша викам ќе спие макар ја останала будна и нишкала. И презаспа(значи му се спиело) до 6ипол сабајле, стана и си седеше во креветче до 7 дури не го земам за јадење. --Чим бебе се буди весело сабајле не е нервозно да вришти е добар знак дека е наспано--- За црвено газе добро што си сменила пелени ќе ти кажат на лекар крема од таа мачкај ама дебели слоеви и бриши со туфери не со влажни ... друг совет немам се надевам ќе ти помогне пишаново
6 неделно бебе колку треба да е будно преку ден а колку да спие? Вака ноќе ми спие по 9 сати, ама преку ден не сак нешто.
Исто и мојов прави, ми го хајпнува среде ноќ, го зема, му пее, го смее и гејма со него. Еве го сега спие околу пола час. Кога трие очи и има црвени веѓи околу 6-7 навечер, срце ме боли, ама ако заспие тогаш, се буди во 9 и урла до 12 навечер. А што убаво си го истренирав пред скокот да спие преку ноќ... Насабајле ме будеше со гугање и насмевка. Отварам очи, он ме гледа и ми се смешка, убавини! Влажни не користам, строго хартиени марамици натопени со вода. Немал оваков проблем. Гледам на памперс има едни суви до 12 часа, се мислам од тие да земам. Не дека нема да му смениме пелена толку време, ама барем суви да бидат додека е во нив. Пудра користите?
9 саати врзан сон или со едно будење за цицање? вие што доите, кога почнаа бебињата да ви врзуваат сон подолг од 4 часа? скоро еден месец е и рекорд ни се 5 часа од пред некој ден ама од тогаш не се повторило, просекот ѝ е обично 3-4 часа врзан сон.
Не дека моево спие ама чисто совет пошто периодов пали кај него за успивање кога ќе е уморно малку го нишкам и му пуштам бели звуци(кај нас провосмукалка е мајката) и си заспива, кога ми се будел навечер така знаев и со саати да оставам да бучи телефонот на потивко за да спие дури и најбуден кога ми изгледал ќе прета во креветче и си презаспивал. За тоа што си му спискала не се обвинувај и ние сме луѓе ако сме мајки тешко е кога си преморен и даваш максимум од себе а тоа не спие на сите ни се случило, ама мислам период ви е штом си спиело претходно ќе си се стабилизира многу работи учат и неможат да им сварат мозочињата се па тешко им е мирно да спијат
На месец ипол два почна по 6 саати да врзува и тоа траеше две недели. После ем грчевите ем скоковите ем регресија пак се вративме на саат два некогаш 3 будење
Јас пред спиење додавам и ад, моето прво фаќа сон во 11 па станува кај 1 или 2 или 3 зависи кига како и е само на доење, после тоа одма на спиење и се буди кај 5 е тука маки мачам 1 сат да го заспијам после цицање. И станува кај 8 и така после цел ден не спие само дремки фаќа од пола сат.
За За утеха моето имаше само пола час или 20 минути дремки али пред да заспие беа хорори невидени вриштење пиштење гребење како со мачево да се борел по дома.Нервоза има напиј си се две б6 и ќе се смириш јас преку еден ден пиев така ме фаќаше голема нервоза и го пребродев тој период.На соблакање плачки,прст да му покажеш ќе плаче за се плачеше фалеше уште да си ја мава главата од земја.Навечер знаеше да се буди често ама пак презаспиваше.Само психички да си тука и да викнеш тоа е и ти имаш душа маж нека се лути ќе свати и он како е по цел ден некој да ти се дере на уво и шефот негов да му се дере цел ден ќе го отера во пм игнорирај го неговото однесување повеќе нервоза ќе ти направи ќе пројде периодот ново дете ќе имаш
Zdravo mami Od denes pocnuvame 12 nedela. Me interesira da mi kazete od koja nedela e tretiot skok i kolku vreme? Dali da se pripremam psihicki