Па така се искака и моето како сенф густо и тоа премногу се искака, што значи го мачеше и не можеше само. И јас секое менување пелена сум во очекување да видам кака, ама нема. Може е од мајчиното млеко, а може е и до Beba pre? Не сакам по трети пат да му менувам млеко или може? Може од хипп полесно ќе се кака.
Пијам од тоа чајот од хипп за доилки секој ден, има тоа анасон. Мешам со ад чај од анасон за бебчиња ама пак е густо не е чај.
Како што кажаа повеќето, не какање неколку дена не е проблем. Какви чепчиња користиш? На што делуваат? Бебињата на почеток какаат многу но посебно после 6 недели се регулираат и си влегуваат во нивен ритам што може да е неколку пати на ден или еднаш на неколку дена.
Свари чај од ким неколку зрна ким во водичка и направи го адаптираното со таа вода. Мене тоа ми помогна и за столицата и за грчњвите кај бебе. Исто од холе и хип немаше проблем со столицата а од новалак имаше. Слободно смени млеко не се плаши и јас така се плашев ама немало потреба.
Па ке си рачунаш 9ти твоето ептен на време мојов еден ден порано и рачунам според термин на апликација
Не, не значи дека не можело само да искака. Да си го оставела, само ќе искакало ако не тој ден, друг ден. Моево не е дека не можело да искака, сам искака, тогаш му дошло време. Ниту еднаш не сум предизвикала со чепче, не ми ни предложи некој, а не ми ни текна да му ставам чепче кога само треба да си регулира празнење. Те советувам да не му предизвикуваш ти на секое, не е во ред. Остави самото ја вари храната, само треба да кака. Едит. За менување млеко не знам што да кажам, јас кога се роди кратко време користев Хип хипоалергено и се префрлив на Аптамил и уште пие Аптамил, не сум го сменала.
@BabyD0ll има адаптирани млека за запек и грчеви кај бебеиња.Немам искуство ама прашај си педијатар.Толку често стимулирање на бебе не би препорачала. Еве пример за млеко Спојлер: АД
По трет пат во ред е да се менува млеко? И до кој месец може тоа млеко да го пие? Се осеќам мизерно ко да не можам да се снајдам како мајка..
Глупости. Млеката се со бројки. Број 1 се пие до 6 месеци, па број 2 е до година, а има 3 за над година. Мислам дека сум читала, менуваат и трипати, но ќе одговори некоја друга кога ќе види. Ама ако смениш, ќе оставиш време мешето да навикне на новото млеко.
Исто се чуствував(м) и јас. Вчера доктор од детска клиника ми кажа дека некои и по 10 млека менуваат дур да погодат за бебето. До сега четврто млеко му сменив. Мислам некој ти пиша за ким во водата со која се прави АД. Така правев и јас, после 2-3 часа се какаше. Вежби, топло на меше прави.
Здраво мајки. Му купив на малиот јакничка со пердуви и ја исправ во машина на 30, но пердувите се стуткаа и иако е сува, колку и да ја тресам, купчињата пердуви не се распоредуваат насекаде. Совет?
Јас што знам за адаптирано, што ми кажал педијатар е дека треба дда поминат две недели за да се види дали на бебе му одговара некое млеко.
На пердувите им треба повеќе време додека убаво да се исушат и да се распоредат. За некој ден ќе се среди само закачи ја некаде на провев
Може бебето уште има грчеви одвреме навреме па затоа да се нервира и стега. Пробај со масажа на затоплено меше, значи во правец на стрелките на часовникот, ќе движиш по должината на дебелото црево без испрекинување. Не знам колку ад додаваш ама до 3 дена не е проблем. Моето имаше период и по 5 дена не какаше ама само со доење. Претпоставувам Carum Carvi користиш тие се на база на ким и го стимулираат дебелото црево. Но, верувам масажи би имале ефект
Е па има две недели откако го променивме млекото. Да видам уште три дена ако не се искака и ќе го сменам во хипп мислам и одново после истите маки? Ќе кака или треба да се навикне ?
Мајки јас имам колипрев капки што се до 4ти месец 2021, ѓи купув после нова сакав да ги сменам колиеф ама докторката ме искара и ги оставив Едно неотворено и едно отворено само двапати ставив од нив Ако и требаат на некоја мајка ги подарувам, пишете ми
Јас искуство со адаптирано имам со постарата керка. Од старт беше на Аптамил и неколку пати се случило да не кака по два дена и баш тогаш добив совет дека треба да поминат две недели за да видиме дали е до млекото. Никогаш не го сменив и понатаму немавме проблем. Дури на 17 медеци сменив на Baby love.