Пробај рачно да ги растераш како памук да делиш со прстите, колку се намести толку јас исто така моја јакна упропастив тоа не се враќа како што било со ништо
Ко јас да сум пишала. Потполно исто, вечерта кај 9.30 заспива, се буди еднаш да цица и продолжува, убаво си спие. Ама денски, ич. Ќе го држам саат време в раце, спие, не мрднува. Само што ќе го легнам, ко да го боцка креветот, веднаш се буди. Уште 1 недела ни останува од 4 скок, се надевам ќе смени. Се случува некогаш да преспие 2-3 саати денски, ама се таму да сум, да го нишкам
Да. Изумив да ти кажам, прашав на лекар, без доза сомнеж ми рече дека е сосема нормално. Вие што мора да ги држите на раце за дљ спијат... Кенгур(она за носење) не е опција? Ем не ви паѓаат рацете, мобилни сте, а и детето си спие на вас.
За такви јакнички најубаво е машина за сушење, ама ако немаш пробај кога ќе е испрана одма да ги наместиш пердувите колку можеш и остави ја легната да се суши, тие со текот на носење ќе се поднаместат.
Кога почнаа бебушките да ви се вртат од грб на меше? Ние сме скоро 4 не се има ни еднаш свртено, нон стоп го ставам на меше но не му е нешто омилено неколку пати се врти од меше на грб кога ќе се измори да стои исправен пошто нејќе да лежи така ама од грб на меше никогаш, следната недела сме на ортопед ќе прашам ама чисто ме интересира дали касниме или има и некои подоцна што се вртат?
Моето со помош од 3м а сам неколку дена пред 4 полни се сврте па праеше пауза неколку дена не се вртеше ич и потоа како почна нема шанси на грб да го оставиш и така да седи во секундата де врти на стомак. Еве сега за некој ден полни 6 месеци почна од меше на грб да се врти. Секое се развива различно така да не се секирај кога ќе му дојде врмее кога ќе е спремно ќе се сврти мада имаш вежбички на youtube за тие developmental milestones можеш да ги погледнеш и да ги правиш.
Некој ден пред 5 полни прв пат се сврти ,јас се изненадив ,ич не сакаше на стомак претходно одма пискаше. Вежби и правев од типот кога ќе се подзаврти на страна ја бутка малку кај колкчињата да се доза врти на стомак. Два дена така третиот се сврти а за обратно пред некој ден почна ,односно неколку дена пред 6 месец. Е сега побрзо и полесно се врти на десно отколку на лево ,не знам дали е нормално или не ...?
Би требало да е нормално ,јас за ова не прашав скроз заборавив со педијатар за дохраната бев по сконцентрирана. Ама мислам дека е,зошто сепак се врти по некогаш. За главчето исто па повеќето на лево и беше кога почна сама да го врти Видоевски го прашав рече тоа бебе што има проблем со одредена страна нема воопшто да се врти на другата. Веројатно и за ова важи истото...
Да да , мислам се имаат извежбано на десно па за лево потешко им оди. Јас сега со играчи и др работи му ги ставам од лево да се врти на таа страна да вежба ама немаат никаков проблем, сега на 6 ќе го носам на ортопед па ќе видиме што ќе каже
Од 2 ипол пробуваше а усоврши од 3 месеци, и ја некако се изненадив ама ортопед вика нормално е некое порано некое подоцна, инаку од пред три дена почна у спиење да се врти на стомак и сака да спие така, што во никој случај не дозволувам а ако дозволам тоа значи дека треба да не спијам и да го пазам. Арно ама вчера во спиење се завртел сам на стомак без да го приметам, случајно се разбудив и се потресов ептен зашто ми е страв да спие така и останав скоро без спиење до сабајле проверувајки го како спие, а инаку спие со мене на спална. Вечер како ке биде не знам, инаку кога ке се сврти на стомак спие толку мирно изгледа му е убаво ама не и безбедно, барем не сеуште.
2 недели пред да напрАви 5 месеци и тоа преку ноќ. Ама се врти само на една страна, а од пред некој ден и склекови прави и пробува да лази.
Еве син ми пред точно 2 дена сам се сврте. Ама му остајв до него играчка нова една што свири и по неа одма се сврте. Е сега он па ептен сака да е на стомак од тогаш цело време се врти, а назад на грб се враќа случајно само кога ќе изгуби рамнотежа. Дава ли знаци? Он прво се поткреваше глава и нозе па после тоа се сврте