Баш читав за ова и педијатри велат дека доколку сами се ставаат себеси во таа позиција, може да спијат така
Јас исто не спијам по цело време заради ова...мојава плаче додека не се заврти на стомак ,абе со солзи...и ја оставам околу 10 мин па ја вртам ,па пак плачки ..
Да да со глава се крева и се врти на страна, и од меше на грб неколку пати сам си се врти ама од грб на меше ни еднаш. И на меше кога е додека може да стои исправен мирен е а се подумори никако да легне да одмори одма кенка ептен мрази на стомак да е што дете ќе беше
Исто така почна да се крева па да се врти. Он сака да е на стомак ама плаче пак за ја да го свртам го мрзи напор да даде да се сврти. Затоа му оставив играчка и по играчето се сврти. Види нешто да е интересно да свири да има бои Еве јас ваква му дадов слична абе и се утепува радување додека е на стомак ја игра и лупа по неа цело време
Поголемото дете и на 7 месеци не можеше да се заврти од грб на стомак и обратно. Едвај и главата ја држеше исправена. На стомак кога лежеше, главата не можеше да ја подигне. Се прашував што не е во ред, зошто е толку млитаво. До кај годинка беше така, после тоа, мислиш друго дете, жилаво, трчаше, скокаше, се качуваше кај ќе стигне... Второво во старт е пожилаво. Од стомак на грб се врти понекогаш, ама од грб на стомак се нема завртено. 4 месеци има.
Здраво, ние до денес 3 недели. Цела ноќ се мачиме со цицањето, се буди да цица, после 5 мин пушта цицка заспива, не можам да ја разбудам, после пола саат/саат пак исто. Не е гладна а да цица бара, се мизлам може е поради грчевите, се витка, напнува, стенка. И ептен и кркорат цревцата додека цица. Ептен се слуша и осеќа дури ја држам како да се виткаат внатре. Поради грчевите ли е? Или да не ја имам измрзнато?
Да не има и жолтица што е поспана толку може и од тоа да е.А може и грчеви да се сигурно не си ја оставила дома или надвор по кратки а да е ладно .
и мојата има слични такви брунчиња од пред некој ден педијатарот ми рече дека се од лигавење после подој и од лепење на нас за време на подригнување, да ја одмиваме само со вода секогаш кога ќе се исполепи. ако знае/слушнал некој некое друго решение, нека каже, и мене ме интересира. и дали да ја мачкам со некоја кремичка? педијатарот ми рече може со истата со која ѝ мачкам тело ама се сомневам дека така правам полошо... веледа лосион користам за тело.
Ако се ситни од лигавење, нема потреба да се мачкаат, поминуваат и се појавуваат нови. Со чисто влажно туферче само бришев. Не знам колкави ви се бебињата, но ако се тазе родени, од хормоните е, се чистат и ќе помине.
веднаш после раѓање/првите недели имаше само 2-3 белки, а црвени и повеќе на број има од пред некој ден (денес е 1 месец). овие хормонските и отпосле во текот на првиот месец се појавуваат? од сам старт беше чиста/мазна во образите.
Јас пак користам Мустела хидратантен лосион и некако не ми се мачка по лицето... Инаку и ја се посомневав на контакт со моја кожа при доење и од правење лом со млеко кога нема да фати убаво па почнав да се мијам со топла вода пред секој подој (претходно прескокнував еден). Од денеска почнав и нејзини лице да мијам со вода само после секој подој ама си викам да не неправам доволно.
Мали се бебињата, моето 6 недели, на реинбоу нешто помало... За туфери помислив и јас , да не и го шлакам цело лице со вода, вака ми делува понежно ако е со туфер, ќе пробам така. Дали знаеш за чистењево од хормони, колку време трае најчесто?
^ Секое бебенце различно, од 3 недели па се до 3 месеци. Леле кога ќе ми текне какво и беше лиценцето на ќерка ми... Неа и се исчисти кога беше 6 недели.