Купка со калиум перманганат направи. Значи тоа се како зрнца, се раствораат во вода така што бојата на водата треба да биде светло розе накај прозирна.
Да пробаш само по шпихозни или боди по долги и тренерчиња? И кај нас е 23 кога му облакам боди и шпихозни одозгора се дере и нема да се смири додека не му го соблечам. Предпоставувам за машко се работи они се склетџии
Боди на кратки под било што ако му ставам одма е препотен и жешко му е мешето исто дома ми е 23-24 Само панталони без чорапи и боди тенко на долги пробај како ќе му биде
Да ,пред една недела транспортерот од количката го заменив со другиот дел што е за седење,но не е на 90 степени ,туку позиција како онаа на релаксаторот (ваљда е 60 степени тоа).Хранилка уште не сум купилаво потрага сум по добра хранилка,но дека прво дете и ств не знам на што да обрнам внимание .Те читав тебе пред некое време за хранилка но немам време да се навраќам на постари постови,каква имате вие?Би сакала некоја стабилна затоа што малата ептен е активна и послужавникот да се вади
ја имам облекувано во боди на долги и панталончиња ама кај вратот беше ладничка па почнав вака уште пред месец дена ако не и повеќе и не ги е имала овие брунчиња. Ништо ќе пробам со купката и пак ќе кажам на педијатар ако не помине
Да се исправува,приметувам на релаксаторот ако и падне играчка се навалува посегнува по неа и си се враќа на позиција.Исто така на перници кога ја потпирам се навалува и се спушта со главата си ги фаќа нозете и ги става во устаНа ортопед тек на 17 март сме затоа тука сакав да слушнам искуства.
На 22-23 тенко боди на рамки му носам, тенко боди со долги и тенки тренерчиња. Бос обавезно за да се лади. Понекогаш ако се качи над 23, по боди со куси ракави е горе. Колку повеќе растат, толку поактивни се и потопло им е. На 90 не ни треба ти да го ставаш никогаш. На 40 степени во количка и во хранилка, а кога ќе јаде каша, тогаш на 60 додека јаде. На 90 не треба да го поставуваш, само ќе се исправува во таа положба, а треба на пониско да му е наместено за да може и да си одмори ако се измори од 90 степени. Од 4 месеци може по малку да се става на 40. Хранилка баш зборувавме и во таа тема, гледај тоа што е пластичното меѓу нозе да не е статично на столчето, туку да е на послужавникот кој ќе може да се поместува во 2-3 позиции. И гледај наслонот да може да се постави на 40, 60 и 90 степени. Да биде комотна. Еве оваа последнава страна читни ја. Има разни модели.
Нормален процес наречен орална фаза кај бебињата кој обично почнува околу третиот месец, кога почнуваат да го осознаваат светот на тој начин бутајќи нешта во устата, на сите бебињата ни го правеа/прават ова
Мајкии, бебушко ми е 5 и пол месеци. На ад е, овие 2-3 дена не сака баш да пие млеко, денес е кулминацијата. Само шо ќе му го доближан шишето плаче, се мршти. Вака си е весел ништо не му е. Дали е некој период или?
Може се уфрлам во темава, но како се смета 40 степени? Зошто од 4 месеци? Седиштето во кола и релаксаторот ни се на ‘седење’ (реално легнато е) на околу 45 степени уште од новороденче. Мислам дека и тоа е стандардот за седишта во кола. Може па вие разговарате за нешто друго.
Таа е поинаква положба во транспортер и во релаксатор, не е исто како седење. На 40 да се наместат имаат самите хранилки и колички, нема потреба да мериме ние Од 4 месеци препорачуваат ортопеди ако е сè во ред.
мамички да ве прашам , ние зме 2 месеци бебето главчето ми го чува како навалено на една страна секогаш кога ке го земам во раце и не ја врти многу на лево само на десно го ставам да спие и на лево , незнам може така треба сеуште е мало јас паничарка , па секој одговор е добредојден
Моето е 6 недели, цело време на лево врти глава, и да и ја свртам десно во спиење она ќе сврти на лево после некое време. Ортопед ми кажа тоа и има останато од матка како навика.. не е страшно се додека преку ден гледам да има некој баланс...
и моите на почеток главчињата ги вртеа на едната страна сега сме не полни 3 месеци ги вртат и на двете страни. Мести го повеќе на другата страна...
Бебче цел ден си е ок и ноќе исто, а доаѓа 6 сатот попладне си плаче си плаче и ја дуплира мерата на млеко. Гризе со нервоза пие со нервоза. Не сака ни да спие ни ништо. 7 недели утре.
Исто и кај мене ја врти на десна страна, тоа им е омилена позиција така ми кажа патронажната. И во креветче да ја легнувам еднаш од десна, еднаш од лева страна, ама со фацата кај што се наоѓам јас затоа што се вртат најмногу кај што има луѓе или прозор. Ми рече да не се грижам за тоа се си е во ред.
Штом е во исто време грчеви се сигурно тие се по тајминг. Исто а дојдеше 4-5 сабајле почнуваа и од 19ч дп кај 22ч