можно ли е од инстант чај од анасон (јас го испив дека дојам), бебето да има многу течна столица, во рок од два саати наполни 2 пелени па не знам дали е дијареа или има шанси да е од чајот? бојата на столицата е стандард жолта/сенф.
Кога почнуваат бебињата да ви се вртат на страна? Ќерка ми има точно 3 месеци и неколку дена, кога ја соблакам и кога ќе го тргнам широкиот повој ги носи нозете во страна и го врти телото како да сака да се сврти..И тоа само на една страна, накај нејзино десно. Нормално ли е, не е ли рано?
Моето така почна од 2ипол месеца, прво на страна цело со се ноџиња и за некои две недели почна да се врти на стомак.
Нормално си е, некое дете прави нешто порано друго дете нешто друго. Конкретно за ова малата на 2ипол почна да пробува да се сврти на лево, од 3месеци веќе се вртеше на стомак ама самп на лево. После некое време кога си се увежба почна и на десно да се превртува. Самите си покажуваат што можат, и чим сака ти можеш да и помогнеш да се сврти да види што направила. И ќе си вежба така и кога ќе си е спремна ќе си се врти. За споредба синот за месец дена покасно се вртеше на стомак и грб, порано почна да лази. Секое дете приказна за себе
Мајки кој спреј може да се користи за затнато носе кај бебе од еден месец? Имам исомар за бебе,ама пишува од 6 месеци, не знам дали може да и прснам,или од ампулите физиолошки?
Бебето почнува со вртењето од грб на страна/стомак штом му зајакне доволно стомачната мускулатура. Затоа може некое да успеа порано, некое подоцна. Во просек околку 4 месеци успева, но може и порано да биде и покасно. До 6 месеци би требало да го совлада тоа. Доколку е прерано родено може да го постигне ова бебето малку подоцна од врсниците, што е нормално.
Недоволно информации има на интернет за несаканите ефекти од овој чај кај бремени и доилки, па затоа некаде пишува и дека не се препорачува тие да го пијат. Но, постои информација дека во комбинација со други билки го користат чајот како лек за запек... Како и да е, ако си приметила дека му смета на бебето, не го пиј па следи дали ќе има подобрување. Секое дете може да реагира различно на тоа што јаде мајка му.
Вришти цел ден, не сака да цица веќе 4 часа, рацете не ги извади од уста, нервозна, хрчи. Можно е заб да искача? Утре 5 правиме
Капки се овие Можно е бидејќи им се лачи повеќе секрет затоа хрчат и нервозата е од тоа не знаат што со себе
Ампулите се океј, но со нив е проблем што после 24 часа не треба да се користат. Спрејот мислам дека месец дена може. Има и од Бекутан спреј за бебиња.