Мами едно прашање Синомарин капките колку време може да стое отворена тубичката и дали се чуваат во фрижидер откако ќе се отвори.
Океј е хемоглонинот . Сосем нормално за бебе. До 3 дена. Затворени со капачето. Не го фрлај капачето откако ќе ги отвориш, се затвара со него од обратната страна.
I nie sme so recol,2 pati samo go pieme uste na start,ok i bese stolicata Samo ovie denovi e taka,i deneska konecno se iskaka Konsultirajte se,ako moze davajte 3 pati.
Не се нервирај. За доенче е нормален хмг. Јас во фрижидер чувам. Не е грешка и на собна. Само да и убаво затворено. Направено е на принцип убаво да диктува.
Прочитај за нет за анемија ќе видиш дека не е тоа случај За хмг пишував од ремедика лаб ми рекоа дека може да идпадне низок ако не се земе доволно крв . Повтори пак во истата лаб чисто за споредба. Инаку нее воопшто низок кај бебето
Мајки, Совет ако може... Малата утре е 6 месеци, имаме проблем со столица. Утре ќе биде 5 ден како нема какано инаку на доење сме. Веќе еден месец не кака секој ден туку секој 2 3 ден. Почнавме со пробување на зеленчук и овошје. Прашањето ми е што да и дадам да пие или јаде за да и олеснам, бидејќи станува нервозна и мислам дека е од тоа. Дали нешто од суви сливи или компот? Благодарам.
2 недели. На мене педијатарот ми рече за спиење да ја вртам, еднаш лево, после десно. И дека јас љубопитна прво бебе, се барам нешто читам и вчера видов дека не се препорачува ни на страна да спие бебчето, само на грбче, а ние сме 3опол недели дури синоќа прв пат ја ставив да спие на грбче, само малку ми е страв да ја оставам така зошто не ми ждрига секогаш. Како спијат вашите бебенца?
не се плаши да го ставаш на грпче, тоа е најбезбедна позиција на спиење/лежење. а за ждригање пробај да менуваш позиции, види на јутјуб how to burp a newborn, има една како во седечка позиција со раката под врат и го тапкаш бебето исправено, мене вака ми успеваше до кај 2-3 недели ама сега веќе тежи и страв ми е да ја седнувам така. и мојата не подригнува секогаш, пробувам 5-10 минути макс. па ја легнувам и ако има нешто вишок ќе си го подбљуцне вртејќи ја главата на страна или пак, ќе почне да ика, па ајде пак на цице и после тоа може да ни се насмевне среќата и успешно да подригне.
Се вртат на страна ради формата на главата и јас престанав да го вртам, како ми доаѓаше така го легнував ради грчевите не ми паѓаше на памет да го будам а едвај заспиваше. Од 2 недели почнаа кај нас и сеуште траат
Недела дена ми е бебка ,а од вчера малку е немирна , ноџињата ги крева , ги стега па ги пушта и си мислев рано е за грчеви Но , изгледа можно е.
Уште малку во темава на крај да споделам убава вест. На бебе му излезе запче! 5 и пол месеци е, не знам дали е рано ама ете го
Од кога почнавте да ги користите тие капки? Бебчето е 3ипол недели ама ептен и е затнато носето, педијатарот вели ќе излегле сами мрсолчињата со вртење на меше после бањање, ама не приметувам дури позатната е, и се накашлува малку. Бевме завчера на педијатар рече се било во ред, ама во меѓувреме барам и друг педијатар.