Во последнава недела не ме остава да одам до вц само сака исправен да стои а мал е за седење и во количка се исправа и кенка си ја крева главата како склекови да прави, хелп за како да го смирам да не се нервира кога сака да седи исправен.
Можеш на 45 степени слободно да го ставаш, не по цел ден ама можеш, не е толку мал за тоа ќе видиш како ќе ужива и ќе си ги вежба мускулите.
Значи е подготвен да седи штом сам се исправа Најчесто после 6 месец се ,,дозволува,, бебињата да се наседнуваат, ама некои малце порано други пак малце покасно успеваат сами да се исправаат. Во вашиот случај бебето штом самото дава знаци, односно има сила да се исправува во количката тогаш мислам дека можете да седете. Само не го форсирај, наседнувај го по малце, по кратко време се додека не добиеш ,,зелено светло,, и од ортопед. И ние сме иста приказна а и иста возраст сме како вас. Сама се поткрева и речиси сама доаѓа во положба на седење Почнав по малце да ја оставам седната, ама поретко, ќе сакам прво со ортопед да се советувам иако на претходната контрола самиот доктор ми кажа дека има рано развиени јадри и дека пред 6 месец ќе сака да седа. И така испаѓа. Тоа е Cacuvche , се полошки стануваат, ама наши си се, ќе си ги гледаме.
Мами значи бљуцκањето на бебушκо мој денес и вчеρа ми е чудно,цело вρеме беше бело млечно,овие два дена не нонстоп ама на 3 4 пати сиρенκасто неκаκо му е исκуства имате совети?поздρав убава ноќ мои дами
Кај мене пак цело време повраќаницата е со урда. А имаме 5 месеци некогаш ја нема со недели а некогаш секогаш по цицање дури и снемувам маици од повраќаници чести.
Ама се врти на страна и паѓа ако го ставам на перничиња а кога сака да стане му подавам раце и радосен се смее ама ако го пуштиш паѓа како пудинг.
Рано р, мсл е, има желба ама не е спремен, некаде после 7 месеци скроз сам ќе седи. Мојата е 7 па знае да поседи 10 мин.па паѓа или ќе се залета пи некоја играчка и паѓа.
uste nema ramnoteza, ke se nauci. Malata veke izvesen period sedi sama bez pernici bez pridruzba, ama koga saka da dofati nesto, se navaluva. Ima vreme ke se naucat.
Леле и ние го имаме истиот проблем. Туку ај со тоа некако се справувам, му наоѓам занимација барем за кратко и после менуваме положба. Ама не можам да се справам со одењето негово. Сака да оди, трча... Ваков е од пред месец и повеќе, само сега е неиздржливо. Не можам да го додржам. Жилав е ептен, ќе ми падне од раце. Сега се повеќе разбира и само сака да фаќа нешто и се што му е далеку, пружа раце да го фати и трча натаму. Лом ме прави. А не смее ни да седи, ни на нозе. Како се справувате вие?
вчера бев на педјатар, докторката баш и не беше задоволна со тежината на матеј, за 2 недели само 240 грама поправен (инаку , стари сме 1 месец точно, и моментално тежиме 4100гр), а се поправал и повеќе претходно, секако таа, одма ми кажа која е причината, па уште кога и кажав дека 90мл му давам на оброк, косата и се крена на жената хаха.. Уште откако почнавме со ад. му давав првата недела 60мл, па после 90мл и никако не ми текнуваше да накачам, баш затоа и детево ми плачеше и не спијаше.. И го кажав и тоа дека навечер ко че јади се расонува и не продолжува да спија и цело време плачи кемка место не го фаќа, ми рече да пробам со 110мл.. Па да не сме на подрек, кога се вративме од болница му дадов 110мл спијаше како јагне 4 саати, потоа го капев и пак му дадов 110мл, кај 10 сато, и сабалјево спиеше до 5ч и 15 минути.. Сега откако стана за јадење му дадов пак исто толку го преслеков и пак си заспа како јагне.. Спојлер муабетот ми беше, немора да е стомачето, пробајте зголемете му ја дозата и видете како ќе реагира.. нели некои мајки викаат моето немаше грчеви, па можеби тие му давале млеко кога и да посака и колку и да посака, а не како јас шо велев, аа како не, сега јадеше, то шо дека си бара,јадено е, ама не било така,то си барало повеќе, душичка...
Исто. По цел ден сака да скока, да добива разни играчки, една по една ги 'прегледува' и ги фрла, па менуваме локации, па тв-песнички гледа/слуша и се така.
Грчевите се познаваат од далеку.Бебето ги витка нозете ,се црвенее и може без прекин да плаче и по 4 часа.ние кога имаме јаки грчеви цицање не ни помага нејке ни да ја види тогаш само топло помага.
Мами ние денес бевме на меρење супеρ напρедуваме,4510 гρ.сме немаме ни месец дена сеуште,бидејќи се е во ρед сега почнуваме на месец дена да одиме на педијатаρ,туκу саκав да ве пρашам за оρтопед саκам κај Темелκовсκи да го носам што мислите за него исκуств а?
Нели од педијатар ти одредува кај сакаш и ти дава упат? Ние сме во букурешт сега на 4 ноември по 2 пат, не сум му ставала широк повој од 40 дена кога наполни и сега баш ќе видиме коментар.
Бевме и ние денес на педијатар, од понеделникот има качено 150гр и сега е 3864гр Значи родилната тежина до сега му е зголемена за 450 грама, мислам дека добро напредува Го прегледаа, рекоа дека се е во ред, дека одлично напредува, и да продолжиме со исто темпо со исхраната, по потреба да се додава плус кога ќе покаже дека не му се доволни 90мл. Му ставија и вакцина против туберкулоза, плачеше многу, наводно нема да има одма нус појави, го гледам сега за сега добар е, освен што го боли рачето и малку е поспан и сонлив, нема ништо друго......се надевам така и ќе остане.