Кога почнуваат да се исправаат во креветче? И кога почнуваат да лазат? Кога е на меше почнува да си го крева газето и наназад се бутка некако. Му ставам играчки пред него, сака да ги фати да ги стигне и одеднаш оп, ќе се врати наназад.. А за кревањето во креветче ми е за да знам кога да го спуштам душекот долу.. претпоставувам после 6тиот месец, ама да се осигурам... Ова претпоставувам ортопед го кажува, ама на контрола сме тек кога малиот ќе биде 8 месеци, па во меѓувреме да си прашам тука
Ние прскавме спрејче денес во носето, и после некое време ја ставив на меше и ми поврати. Мислам дека мрсолчињата ги исфрли на тој начин, тоа е, или да си појдам утре на лекар?
И јас го користам неколку дена за нос, за очи отворам ново. Се препорачува да се искористи за 1 ден бидејќи нема конзерванси.
Дали им го чистите јазичето со газа на вашите бебиња? Никој не ми спомнал вакво нешто, ни педијатар, ни сестрите во болница, ни патронажната. Вчера прв пат слушнав од пријателка.
Е и моето се така беше на една страна само од десната моето му се сплесна главчето на таа страна, колку и да покушував на другата страна не сакаше и ја однесов на ортопед ми рече дека најверојатно на таа страна е навикната уште во стомакот и сега одиме на вежби да ја навикни и другата страна и колку шо можи на стомаче нека лежи многу е битно моето ич не сакаше ама бев упорна и гледам со секој ден се повеќе трпи да е на стомаче.
На мене ми рече педијатарот, а и мајка ми, дека ако фати бело на јазичето треба да се исчисти. Кандида дека е, нема да може да јаде, освен на јазичето и од страните на устичката може да има. Јас баш денес планирам да и го исчистам јазичето, малку и е бело и си ручка, ама ќе пробам. А како ќе го изведам тоа, како што ми е страв да не ја повредам ич не знам.
Не сум приметила да и е побелено јазичето до сега... А со што се чисти? Што се става на газата? Превриена вода или?
Мене ми рече со провриена вода и малку сода бикарбона, а има во аптеките некоја течност, нешто како капки, ќе ни објаснат поискусните.
мене педијатар ми кажа штом е бело само на јазичето, нормално е и не треба да се чисти, знак на инфекција било кога бели наслаги има на непцата и/или внатрешноста на обравчињата.
Мамички дали им давате чај на вашите бебиња? Ми рекоа до 6ти месец не смеело, значи дури да почне со храна. Бебчево ми е 3 месеци
Ние во четвртокот ги примивме првите вакцини но бебко ми е неккао скиснат, не гуга како порано и е плачлив, сака самово раце Дали е нормална реакцијава?
Ај ве молам кажете како да успеам бебуш да ми спие повеќе преку ден дали му се собира 3 до 4 саати денско спиење заспива и за пола саат е буден ај што не спие кенкав е плаче па и во петокот прими вакцини рота и шестовалентна и овие дена ни се води ни се тера плаче пишти Нокното спиење ни е супер заспива околу 8(со мака и со плачење додека да заспие) и после станува за цицање само и без проблем сам си презаспива во креветче ни нано ни нуни кома е за 5 секунди и од сабајле најмогу што спие е до 8 едвај и после се мачиме Инаку сме 2 ипол месеци HELPPP!!!
И ние сме 2ипол месеци и ти спие топ бебушот треба да спие по 14-16 часа дневно, твоето спие 12 часа ноќно и таман се дневните дремки А за вакцините само што пишав погоре и ние ги примивме во четвртокот и ете и денес е терсене, веројатно е нормално
Кога е првата вакцина , јас уште немам термин , рано ни е нас сигурно , ама да си знам боцкање е или дават за пиење ..
Првата е од 11-13 недела значи да не наполни 3 месеци Јави се на педијатар да се договорите за да ти закаже
Моето бебче до утре 4 полни недели, и исто спие така. Преку ноќ 2/3 станува,околу 22/23ч ја успивам, а сабајле од 6, 7, 8 на саат станува и после нема спиење, напорно е малце да, ама барем ноќе не ми прави така. А преку ден на цицка, носење низ соба, пеење, заспие, ја ставам во креветче и се буди. По 10 мин, пола саат, максимум саат ми спие. Дури ја успијам дошло време за јадење, пак цица, па ќе поврати, па ќе почне да ика и се така . Јас дури и ви купатило несвесно одам и нан нан си муцам .
Е сега ме утеши јас мислев малку спие затоа е ваков кенкав (си кенкаше и пред вакцините само сега е по плачлив) сега што може да му е според апликацијата го поминавме громчето од 2 скок имаме уште некој ден до крај ама јас не гледам подобрување само влошување ај ке го препишам на вакцините Уштенод сега ми е страв за 4 скок како што гледам сите се жалат
Искрено и ние сме ептен осетливи во деновите од скок! Само што заврши истиот ден се вакциниравме, кенкањето никако да заврши. Јас очекувам од утре да е порасположен ме плаши ваквото однесување